Честитки и од мене Влатче.
За дпф ич не се секирај, и онака не можеш да му наложиш кога да направи регенерација, односно нема потреба да излегуваш на обиколница и да ја малтретираш колата на високи вртежи.
Во понизок степен и на повисоки вртежи ќе го полниш побрзо дпф и може да се случи да активира регенерација токму кога ќе паркираш дома на враќање од обиколницата.
И да знаеш дека регенерацијата може да ја заврши и во градска вожња, односно и на паркинг.
Со уље за мотор нема компромис поради дпф-от. Ако штедиш таму, ќе дадеш ваму

Со адитиви не претерувај.
На меганот ставав превентивно, на i30 одлучив да не ставам, ем џебот пополн, ем психата помирна.
Побитна е редовна промена на филтер за гориво против H2O.