И двата муабети се половично точни:
1. Возење под мала гас е штетно ако папучата за гас е стисната повеќе или до крај. На пример при 1200 вртежи (кај бензинци) да стиснеш гас до дакса и така да возиш има неколку лоши страни:
- клипот е подолго време под зголемен притисок зошто и му треба подолго време после експлозијата да стигне до најдолната позиција. Ова создава зголемен притисок на сите делови и бара повеќе подмачкување а исто така ги значително побрзо ги јаде и кариките
- моторот се загрева а ладењето му е послабо бидејќи протокот на масло и вода зависи од бројот на вртежите
- побрзо се јадат држачите на моторот и сите лагери и семеринзи во истемот за прнос на кинетичка енергија
2. Возење под голема или максимална гас за издувување на моторот е корисно од време на време но треба да се знае како. Тоа треба дасе прави во втора или трета брзина (за да нема голем ефект на полуосовеините и лагерите и слично порадли она што следува во продолжение) и тоа со одреден шаблон. Прво моторот треба да е добро загреан и подмачкан. Треба и моторот и менувачот да се на нормална работна температура. Кога ќе се качи на 6к вртежи битно е рапидно да се менува режимот на работа на моторот на пример, забртзуваш на 6000 вртежи и треба на папучата за гас да и правиш пстисни до крај-пушти до крај во интервали од по 2 секунди. Ако го возиш константно под 6000 вртежи нема да има многу добар ефект, туку треба пушти-стисни на гаста да се прави. Вака деловите рапидно се опуштаат и оптеретуваат и тоа е тоа што се барља, за да се олободат од наслаги, гареж и слично.