Автор Тема: Fiat Bravo II 1.9 16v  (Прочитано 841 пати)

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Fiat Bravo II 1.9 16v
« на: 16 Јануари 2025, 12:55:12 pm »
Поздрав,

Не сретнав тема за ова возило и мотор па може да се креира за споделување искуство. Доколку е дупликат а не сум видел добро нека се избрише.

Го поседувам ова возило околу 5години и имам прочитано низ разни форуми за проблематичноста на усисната грана односно лептирите(swirl flaps) кои може да се откачат и да направат хаварија во моторот. Ме интересира дали некој направил превентивен зафат и ги извадил и дали после вадењето се чувствува некоја разлика во моќноста или тоа е незабележливо. Дали ако се извадат тие лептири треба да се блокира и ЕГР и дали имате препорака за мајстори кои се упатени во оваа проблематика и би можеле да ги извадат тие лептири.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5929
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #1 на: 16 Јануари 2025, 14:45:15 pm »
Не мора да го блокираш ЕГР-от.
Ако имаш потешкотија (верглање)со прво палење тогаш сигурно веќе се разлетани кој на каде лептирите ако се откачени од полугата шо ги движи 4-те во ист правец.
Се вади граната се вадат лептирите и механички се затвараат.
Има работа,се вади бош пумпа,водна пумпа...зафатот кошта ~200€
Знам 2-3 во Скопје и 1 во Струмица шо можат да го изведат зафатот.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
« Последно менување: 20 Јануари 2025, 19:50:26 pm riki_staff »

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #2 на: 20 Јануари 2025, 12:32:10 pm »
Во ред е палењето, вергла нормално. Превентивно сакав да го направам тој зафат за да не направат потенцијално некој проблем, фала ти ќе те контактирам ако се одлучам и соберам финансии :)

Дали некој имал ваков проблем или знае што може да го предизвикува свирењето кога паѓаат обртаите, 3-4та секунда:
https://drive.google.com/file/d/1lyNohhKhbW-4bREoEHz178121MXJobsa/view?usp=sharing

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #3 на: 20 Јануари 2025, 18:39:59 pm »
Да сум реален, ништо не се слуша од свирење на видеото, така да не си барај проблем што не постои :D
А за клапните, за превентивно да, ако најдеш мајстор не е на одмет да ги извадиш, стравот лозјето го чува.

Башка сигурно и самата грана има гареж, па ќе ти ја очисти мајсторот со самото нејзино вадење.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6032
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #4 на: 20 Јануари 2025, 18:48:16 pm »
Може да се исклучи ЕГР и лептири софтверски. Ако си заинтересиран пиши ми пп да ти дадам контакт од колегата.
Инаку свирењето е од турбина (тешко се заприметува) и е нормално (не е пиштење).

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #5 на: 20 Јануари 2025, 20:39:48 pm »
Можеби треба да се попушти гласот повеќе но се слуша некое "FFFFfffFFF"(посебно во живо) кога паѓаат обртаите. Од она што го читав наоколу се сомневам на пумпање притисок повеќе од што треба во турбото и тој вишок некаде излегува(или нефункционален overboost вентил). Сакам да го извадам ЕГР-от за да се исчисти и евентуално тој overboost вентил кој е малку потешко достапен под држачот на акумулатор но ќе пробам и до него да стигнам.

Само софтверско гасење на лептирите нема да е доволно има можност да се откачат од притисокот во усисната, ќе треба и механички

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #6 на: 25 Јануари 2025, 20:35:12 pm »
Ќе се надоврзам на "проблемот" од погоре, денес ја поврзав колата на дијагностика и следев неколку параметри што ги прочитав низ нет. Доколку некој знае да ги чита овие графици би ми било од помош  :)

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #7 на: 28 Февруари 2025, 15:31:40 pm »
Денес дома ги заменив задните плочки меѓутоа забележувам дека сега кочницата пропаѓа подлабоко. Доколку напумпам неколку пати се држи горе меѓутоа за 10секунди ако притиснам повторно пропаѓа подлабоко. Претпоставувам не е нормално да прави вака, дали можеби додека ги враќав клипчињата назад со специјалниот алат оштетив нешто од системот за рачната(нели треба да освен да се притиска и да се ротира клипот соодветно). Некој со слична ситуација или совет?

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7892
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #8 на: 28 Февруари 2025, 16:58:31 pm »
Можеби имаш воздух, пробај да испуштиш воздух.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #9 на: 28 Февруари 2025, 17:22:16 pm »
Денес дома ги заменив задните плочки меѓутоа забележувам дека сега кочницата пропаѓа подлабоко. Доколку напумпам неколку пати се држи горе меѓутоа за 10секунди ако притиснам повторно пропаѓа подлабоко. Претпоставувам не е нормално да прави вака, дали можеби додека ги враќав клипчињата назад со специјалниот алат оштетив нешто од системот за рачната(нели треба да освен да се притиска и да се ротира клипот соодветно). Некој со слична ситуација или совет?

Дали ти беше отворено капачето од казанчето за глицерин додека ги вракаше назад клипчињата ? Бидејки така се покачува нивото на глицерин кога ги враќаш и треба да е отворено додека ја правиш процедурата.

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #10 на: 28 Февруари 2025, 17:52:01 pm »
Го отворив казанчето кога ги враќав клипчињата но не отворив на испустите за да влезе воздух и затоа ми е чудно зошто веднаш после замената на плочките пропаѓа педалота а пред тоа беше во ред.

Е сега ова ми беше втор обид за промена на задните плочки(успешен). Пред некоја недела пробав да ги сменам но не знаев дека треба и да се ротираат(мислев дека само со притисок ќе се вратат) и во еден момент го одвртив и штрафот за испуштање на воздух без некој да притиска на педалото. Ги вратив старите плочки и се беше во ред. И во меѓувреме купив алат за враќање на клиповите. И денес успешно ги заменив но педалото пропаѓа, евентуално од првиот обид да влегол воздух и сега да го прави проблемот

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3942
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #11 на: 28 Февруари 2025, 18:25:46 pm »
Ако течноста одамна (3+ години) не е сменета оди на целосно менување на глицерин така ќе елиминираш воздух ем ќе ги подобриш перформасните на кочење.

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #12 на: 01 Март 2025, 19:28:38 pm »
Денес испуштив воздух на кочниците на задната осовина и сега се врати во нормала кочењето  :)

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7892
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo II 1.9 16v
« Одговори #13 на: 01 Март 2025, 20:34:00 pm »
Ете, решен проблем.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk