Здраво На сите
Ми се укажува прилика да земам Lexus IS300H.
Имам неколку дилеми
Возилото е 2013 и има околу 250к. македонска е не е од увоз ја имам целата историја
Па да полнеме
1. Возилото стои веќе 3 години незапалено( што се би можело да страда и колку би коштала поправкате се разбира орентационо )?
2. Има проблем со предница( затоа и стои така ми кажаа)?
3. Дали се исплати да се земе за некои 8-9000 еур?
Ако било за правање ќе било направено пред 3 години.
Средување на предница е една од најскапите работи што треба да ги правиш на возило.
Ред други делови кои треба да се променат, почнувајќи од голем и мал сервис, масло во менувач, акумулатор, некои црева кои веќе не се упоребливи, нови гуми, нови плочки и други работи. Плус и 250к не се воопшто малку километри односно треба да планираш и промена
Лично јас би зел во обзир вакво возило, ако имам добар мајстор (фамилија), па да ја работи со делови кои ќе си ги набавиш по некоја реална цена и нема да даваш огромни суми за промени.
Треба убаво да си размислиш.