Мерцедесите годинава со АИ возеа - зошто возачите се зафркаваа, болидот беше нехумано добар реално. Сам возеше - колку сирот може сам да извози машински - возеше. Да беше Макс, Леклер, Хамилтон, во Мерцедес годинава мислам дека ќе имаа 1-2 на сите трки до една.
Лосон и Јуки треба да се избркаат на клоци и да им се упалат клаузули за неспособност, и да им се скрати плата за 90% за годинава. Буквално ја уништија цела сезона. На натпревар за неспособни ќе освоеја второ место. Од што се неспособни.
Башка чекај малце, зошто болидот на Цунода не гребеше по земја на последнава трка? На Лосон исто? Макар да го дисквалификуваат на крај? Ама да добиеше секунда по круг? Жалосно. Убаво вика Тото - тој тимот со еден возач, ни зема поени.
Пиастри беше солиден возач годинава, мислам дека има шанса ако пак има убедливо најбрз болид во годината да има и титула некогаш.
Да се надеваме дека еден ден ќе ги видиме Леклер и Макс во Мерцедес заедно, и да може малку да има убави тркања.