Постапката за купување билет е едноставна, истите се продаваат на официјалната страна
https://www.monzanet.it/.
Цените варираат мислам од 300 - 750€ за блок карта 3 дена.
Јас ја платив картата 516€ за трибина Alta Velocitá 6a, брзината на болидите тука е од 350+ до 60кмч и мислам дека е најинтересна позиција, стартот е драма тука, во Ф2 се испочукаа.
За превозот се мислевме да одиме со кола зошто планот ни беше Ф1, Маранело и Монако да ги видиме, ама се решивме за авион плус рент а кар што на крај финансиски му доаѓа исто.
Ако се оди само за тркачки викенд, лет има WizzAir во четврток вечер за Милано и повратен во недела вечер. Истиот чинеше 150еур повратна карта со дополнителен кабински куфер.
Сместувањето го букирав на периферија на Милано, некои си 20-30мин возење до стазата, во зависност од гужва, и истото за 3 ноќи чинеше 476еур, најефтиното што го најдов во Фебруари, цените во Монца беа во тој период од 800еур па нагоре, месец дена пред трка немаше ништо под 1500еур. Не ми беше толку битна локацијата на сместувањето зошто секако бевме со кола.
Паркирањето во Монца е бесплатно на јавни обележани површини, најдовме местенце за паркинг некои си 25мин пешачење до влез на автодромот, што е одлично, сите се буткаа и бараа паркинг во гужвата што поблиску до стаза, а реално нема потреба.
Цените за јадење и пиење се повеќе од реални и пристојни, дури и за време на тркачкиот викенд, на стазата тие што се, јадењето е од 6 до 20еур, во зависност што ќе одбереш, вода мала 1.5еур, пивото е 7еур. Рестораните околу стаза па и во Милано се нормални за местото, пица 10еур, тестенитни 10-15еур, пиво 4-6еур, итн. Не дека е ефтино, ама сметам дека е нормално, намести си го мозокот само да не претвара евра во денари и многу е полесно

Возило изнајмивме од locauto, брат ми веќе 5-6 пати е во Италија и секогаш изнајмува од нив, па така и сега, од причина што немаш никакви ограничувања во возење и флексибилни се доста, а и цените им се скроз ок, ми се чини дека цената беше 290еур за 5 дена.
Сума сумарум, викендот по човек не чинеше: 516еур карта + 160еур сместување + 150еур авион + 100еур возило + 300еур јадење, гориво, сувенири итн. = 1226еур
ЕДИТ: Заборавив да напоменам, цца 1300еур се смешни пари за тоа што се случува во Монца тие 3 дена, Тифосите се лудаци, небитно победил Ферари или не, тоа таму е вредно да се доживее и сигурен сум дека најмалце уште 1-2 пати во текот на животот ќе одам да гледам таму Ф1.