Автор Тема: Предлог за нова кола/сув  (Прочитано 876 пати)

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1501
Предлог за нова кола/сув
« на: 12 Декември 2024, 13:56:50 pm »
Предлог за нова кола/SUV (буџет мах 40k) 

Се продаде Passat-от, и сега барам ново возило. Имам дилема: дали да биде **ново ново** или **половно од увоз** (производство 2020+). Буџетот е до **40k** максимум. 

Лимузини (половни, разгледани онлајн): 
1. **VW Arteon** 
   - Одличен дизајн, спортска линија, дизел :)   
2. **Skoda Superb** 
   - Простран, со подобри перформанси , и подобар однос цена/квалитет, дизел :)

### Нови SUV (возени во салони)  бензинци :) 
1. **KIA Sportage (Anniversary 30 опрема)** 
   - Го пробав – доста добро чувство при возење, соодветна опрема и цена. 
2. **Peugeot 3008** 
   - Има супер дизајн и одлична внатрешност, но моторот **1.2** ми е слаб. 
3. **Hyundai Tucson** 
   - Новата внатрешност ми се допаѓа, плус би го зел со опција за 4x4, но цената е на граница. 
4. **Mazda CX-5** 
   - Сè уште не сум ја пробал, но ми ја фалат многу – најстар модел во споредба со другите, но би сакал да и дадам шанса.  Цената е на граница.

**Дилемата е дали лимузина или SUV** – лимузините ме влечат повеќе, но гледав само половни. Од друга страна, кај новиот SUV изборот е солиден, но повеќето модели со подобра опрема се блиску до горната граница на буџетот. 

Отворен сум и за **тест возила**, доколку се со добра цена. 

Предлози, Совети и искуства ќе Ве молам
Тенк ју !

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #1 на: 12 Декември 2024, 14:14:33 pm »
Toyota Camry.

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 691
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #2 на: 12 Декември 2024, 14:25:26 pm »
Здраво,
Мене ми се допаѓа новата Форд Куга.
Имаат според мене супер понуда моментално, 29.000 е со бензински мотор и 182кс или така нешто.
Според мене вреди за се доплати еден пакет дополнителна опрема, и на крај излегува 32.100 евра.
Се што донесоа и имаа на лагер се продаде за 2 недели.
Ако порачаш денес, би ти стигнала за 3 месеци.
Јас направив тест возење пред 2 недели, и ептен ми се допадна колата, би ти препорачал да одиш да ја видиш, да седнеш внатре, да си најдеш позиција и да ги осетиш материјалите околу тебе на допир.
https://ford.mk/kuga-mca-2

Ако си лимитиран на 4те кој ги спомна, гласам за Мазда CX-5.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #3 на: 12 Декември 2024, 14:39:45 pm »
Јас би разгледал и Cupra Formentor...

За до 40.000 се наоѓа и:
- 1.5 e-HYBRID 204HP
- VZ 2.0 TSI DSG 265HP

Официјален ценовник - https://www.cupraofficial.mk/ponudi/ponudi/cupra-cenovnici-i-katalozi - сигурно има попусти на ова...

Тест од CarClub - https://www.carclub.mk/2024/12/03/test-cupra-formentor-1-5-etsi-mhev-150-dsg/
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #4 на: 12 Декември 2024, 15:05:48 pm »
Здраво,
Мене ми се допаѓа новата Форд Куга.
Имаат според мене супер понуда моментално, 29.000 е со бензински мотор и 182кс или така нешто.
Според мене вреди за се доплати еден пакет дополнителна опрема, и на крај излегува 32.100 евра.
Се што донесоа и имаа на лагер се продаде за 2 недели.
Ако порачаш денес, би ти стигнала за 3 месеци.
Јас направив тест возење пред 2 недели, и ептен ми се допадна колата, би ти препорачал да одиш да ја видиш, да седнеш внатре, да си најдеш позиција и да ги осетиш материјалите околу тебе на допир.
https://ford.mk/kuga-mca-2

Ако си лимитиран на 4те кој ги спомна, гласам за Мазда CX-5.

Би се согласил и јас за Кугата, затоа што вози како лимузина. Јас лани се двоумев меѓу Кuga ST line X и Octavia, одбрав Octavia зошто не сум фан на СУВ, ама сега кога ќе размислам кај се ја имам потерано Octavia-та годинава пологичен избор ќе беше Kuga-та.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #5 на: 12 Декември 2024, 17:59:21 pm »
Многу е добра Кугата, ако мора СУВ. Дури и дизел што имаше, не знам сега.

Во моментов би рекол да земеш лимузина дизел затоа што ги снемува. Па да си извозиш салам кола дур уште постојат. Или Камри хибрид.

Сув и бензин не ни бега за 10тина години. Нема да постои друго веројатно. Едноставно премногу профит имаат и од колата и од горивото после. И тоа е тоа.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #6 на: 12 Декември 2024, 19:44:28 pm »
Zemi si Rav4. Tolku neznam shto bi baral druga opcija za 40k eur

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #7 на: 12 Декември 2024, 20:06:52 pm »
Здраво,
Мене ми се допаѓа новата Форд Куга.
Имаат според мене супер понуда моментално, 29.000 е со бензински мотор и 182кс или така нешто.
Според мене вреди за се доплати еден пакет дополнителна опрема, и на крај излегува 32.100 евра.
Се што донесоа и имаа на лагер се продаде за 2 недели.
Ако порачаш денес, би ти стигнала за 3 месеци.
Јас направив тест возење пред 2 недели, и ептен ми се допадна колата, би ти препорачал да одиш да ја видиш, да седнеш внатре, да си најдеш позиција и да ги осетиш материјалите околу тебе на допир.
https://ford.mk/kuga-mca-2

Ако си лимитиран на 4те кој ги спомна, гласам за Мазда CX-5.

Би се согласил и јас за Кугата, затоа што вози како лимузина. Јас лани се двоумев меѓу Кuga ST line X и Octavia, одбрав Octavia зошто не сум фан на СУВ, ама сега кога ќе размислам кај се ја имам потерано Octavia-та годинава пологичен избор ќе беше Kuga-та.

Моторот е три-цилиндраш. Мислам дека 30+к за тој мотор се многу пари.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 691
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #8 на: 12 Декември 2024, 20:09:43 pm »

Ако не е проблем да прашам, кој мотор деновиве вреди за парите според тебе ?

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #9 на: 12 Декември 2024, 20:13:11 pm »
За 40к Тојота РАВ4 хибрид, ЦХ5,  или некое возило со 1.5ТСИ и 2.0 тси на ВАГ

П.с. Форментор 2.0 ТСИ 265кс по ценовниот од погоре е 41к, со некој попуст ќе дојди 39к. Тоа е тоа мислам
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #10 на: 12 Декември 2024, 21:46:05 pm »
Многу е добра Кугата, ако мора СУВ. Дури и дизел што имаше, не знам сега.

Во моментов би рекол да земеш лимузина дизел затоа што ги снемува. Па да си извозиш салам кола дур уште постојат. Или Камри хибрид.

Сув и бензин не ни бега за 10тина години. Нема да постои друго веројатно. Едноставно премногу профит имаат и од колата и од горивото после. И тоа е тоа.

Ептен јако! Години наназад низ темите многу пати било зборувано како дизелите/тракторите се за в нива, бензин е права ствар (секако и јас ја застапувам таа страна, па го сменав тракторо за бензинец).
Колку што се сеќавам многу поќе е плукано на дизел отколку шо е плукано на мануелен мењач (мешање ајвар) :)
Јас сум поќе загрижен дека ги снемува лимузините, општо.

А од горенаведените примери за нови возила, СУВ (ако мора), мене Мазда некако најмногу ми се допаѓа. Кога купував лани кола, да ги имаше промотивните цени што ги има сега на Мазда 3 седан, таква најверојатно ќе си купев. 

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #11 на: 12 Декември 2024, 22:48:54 pm »
Здраво,
Мене ми се допаѓа новата Форд Куга.
Имаат според мене супер понуда моментално, 29.000 е со бензински мотор и 182кс или така нешто.
Според мене вреди за се доплати еден пакет дополнителна опрема, и на крај излегува 32.100 евра.
Се што донесоа и имаа на лагер се продаде за 2 недели.
Ако порачаш денес, би ти стигнала за 3 месеци.
Јас направив тест возење пред 2 недели, и ептен ми се допадна колата, би ти препорачал да одиш да ја видиш, да седнеш внатре, да си најдеш позиција и да ги осетиш материјалите околу тебе на допир.
https://ford.mk/kuga-mca-2

Ако си лимитиран на 4те кој ги спомна, гласам за Мазда CX-5.

Би се согласил и јас за Кугата, затоа што вози како лимузина. Јас лани се двоумев меѓу Кuga ST line X и Octavia, одбрав Octavia зошто не сум фан на СУВ, ама сега кога ќе размислам кај се ја имам потерано Octavia-та годинава пологичен избор ќе беше Kuga-та.

Моторот е три-цилиндраш. Мислам дека 30+к за тој мотор се многу пари.
Јас претходниот модел тестирав 2.0TDCI.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #12 на: 13 Декември 2024, 06:39:11 am »
@koce1102  ѕирни го новиот тигуан, доста е поголем од претходниот.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #13 на: 13 Декември 2024, 08:07:19 am »
Предлог за нова кола/SUV (буџет мах 40k) 

Се продаде Passat-от, и сега барам ново возило. Имам дилема: дали да биде **ново ново** или **половно од увоз** (производство 2020+). Буџетот е до **40k** максимум. 

Лимузини (половни, разгледани онлајн): 
1. **VW Arteon** 
   - Одличен дизајн, спортска линија, дизел :)   
2. **Skoda Superb** 
   - Простран, со подобри перформанси , и подобар однос цена/квалитет, дизел :)

### Нови SUV (возени во салони)  бензинци :) 
1. **KIA Sportage (Anniversary 30 опрема)** 
   - Го пробав – доста добро чувство при возење, соодветна опрема и цена. 
2. **Peugeot 3008** 
   - Има супер дизајн и одлична внатрешност, но моторот **1.2** ми е слаб. 
3. **Hyundai Tucson** 
   - Новата внатрешност ми се допаѓа, плус би го зел со опција за 4x4, но цената е на граница. 
4. **Mazda CX-5** 
   - Сè уште не сум ја пробал, но ми ја фалат многу – најстар модел во споредба со другите, но би сакал да и дадам шанса.  Цената е на граница.

**Дилемата е дали лимузина или SUV** – лимузините ме влечат повеќе, но гледав само половни. Од друга страна, кај новиот SUV изборот е солиден, но повеќето модели со подобра опрема се блиску до горната граница на буџетот. 

Отворен сум и за **тест возила**, доколку се со добра цена. 

Предлози, Совети и искуства ќе Ве молам
Тенк ју !

Еве и јас ке ти споделам неколку искуства во однос на старо или ново возило.
Предноста доколку купуваш старо возило е тоа што за помалку пари можеш да добиеш поголема класа на возило.
Јас лично, доколку не му го знам потеклото на возилото и поминатите километри, не би го купил искрен да бидам. Сакам да кажам би купил од познат човек со поминато мал број на километри. Со тој момент би можел да живеам.
Кола колку сака нека е најбоља и најсупа донесена од некаде, без позната историја, не би можел да ја прифатам.
Што се однесува лично пак ќе кажам до мене, во согласност со можностите би купил ново возило.
Зошто:
Зошто последниве 15 години како што купувам нови коли, освен да дотурам вода за брисачи, не сум кренал хауба.
Тоа што е ново возилото ми дава сигурност при патување. Ми дава сигурност во однос на дефекти, можни проблеми итн итн да не набројувам.
И еднаш кога ќе ги осетиш благодетите на ново возило, мислам дека повеќе нема да сакаш да се вратиш назад во историјата и да бараташ со стари...

Што се однесува до изборот на возила, највисока класа од сите СУВ-ови кои ги наброја, ти е Мазда ЦХ5.
Мислам дека и имаат возила кои ги нудат по некои акциски цени. Со Маздата конкретно имам поминато некои си 3500 км, што на отворен пат, то во град. Возилото прекрасно вози. Не се чувствува никаков замор и после поминати 1000 км во еден здив. Тивко е, удобно, широко, едноставно е топ возило, поготово ако се размислува и за семејството се разбира.
Потрошуавчката е релативна работа и зависи од стилот на возење. Градска е околу 10л, на отворено кога се вози по пропис, потрошувачката е во просек околу 6,5 до 7л на поминати 100 км. Возилото кое што го возев е 2.0 со атмо бензиски мотор и автоматик.
Што се однесува до останатите возила би го спомнал и 3008, најновиот модел. Претходниот го имам возено и се имам возено. Удобно, големо и пространо возило, односно СУВ. Меѓутоа беше дизел, а не бензин.
Бензинот го имам во 2008-цата и воопшто не е слаб мотор за таа каросерија со 130 кс.
Новиот 3008 изгледа фантастично и кога седнуваш во него имаш чувство како да седиш во премиум сегмент, иако Пежо спаѓа во семи премиум.
Не сум го возел, но мислам дека во Еуроимпекс имаат тест возило и вреди да се проба. Мислам дека после нова година треба да стават 1.6 мотор, бензин се разбира, па ке видиме дали стварно ке биде така. Ако да, вреди да се почека и да се земе во некој добар пакет. Кај нас најчесто се нуди Алур опрема, што е сосема доволно опремено возило, но јас кога би го купувал секако би одел на ГТ верзијата.

Останатите две опции, КИА и Хјундаи, се класа под ЦХ5-ката а можам да речам и за малку под 3008-цата.
Но затоа можеш за буџетот да ги земеш во пакет со многу опрема. Во однос на доверливост, можам слободно да кажам дека го достигнаа нивото на јапонските возила, па ако не и подоверливи од нив. Плус имаш опција да бираш дизел/бензин, се разбира во однос на потребите. АКо возиш 80% град, нема логика да купиш дизел и да се соочиш со така наречените проблеми со ДПФ. итн итн итн...

Форд и Шкода не ми ги сака душата.
Артеонот е преубаво и прекрасно возило, но се враќам на почетокот околу изборот на ново/половно/ половно од познат продавач...

:)
Одлуката е твоја.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Предлог за нова кола/сув
« Одговори #14 на: 13 Декември 2024, 09:01:47 am »
Ne kupuvaj Euro 6 dizel. Vo MK i da vozis na otvoreno ke se cesas koa ke pocne te advlue, te dizna adblue te pumpa adblue.... mada koa ke razmislam i dorect injection benzicive se katastrofa so gluposti. A realno tesko e da gi zaobikolis u denesno.vreme

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk