Автор Тема: Увоз на возило од Германија  (Прочитано 573 пати)

Отсутен German_guy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Увоз на возило од Германија
« на: 12 Декември 2024, 01:53:23 am »
Здраво дечки,
сакам да увезам возило од Германија. Конкретно BMW E90 330i/300xi N52 мотор со рачен менувач. Планирам да го донесам на камион.
Причината за темава е да добијам информации околу увозот, поконкретно колку би дошло царина, каде да барам човек за да ја качам на камион и се разбира искуства со овој автомобил :)
Фала ви однапред  :)

Отсутен Pecko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #1 на: 25 Декември 2024, 16:58:19 pm »
Има доста луѓе кои носат коли навака од Германија и баш на камион, јас за мене до сега две коли донесов така за препродавање.
Обично зависи од локацијата но земаат околу 800-900 евра транспорт со посредени документи од Германија.
Од кога ќе ти ја донесат си има нормално неколку замарања со превод на документите од германски на македонски па заверување на нотар на истите, па ќе треба да си најдеш шпедитер кој што ќе ти ја царини колата (земаат 50евра шпедитерски услуги) и после тоа си ја носиш на хомологација и регистрирање..

За царина најубаво да си провериш на davackizavozila.mk , 450 денари е и ти даваат солидна калкулација колку може да испадне.. Според мое искуство гледаат по тоа колку издувни гасови испушта возилото (CO2), цената на возилото според нивниот царински каталог, и купопродажниот договор..
Препорака што ми даде еден шпедитер е купопродажниот договор да се направи до 1500eur (демек имало удел во царината да биде малку поефтина)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1093
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #2 на: 25 Декември 2024, 17:47:43 pm »
Има доста луѓе кои носат коли навака од Германија и баш на камион, јас за мене до сега две коли донесов така за препродавање.
Обично зависи од локацијата но земаат околу 800-900 евра транспорт со посредени документи од Германија.
Од кога ќе ти ја донесат си има нормално неколку замарања со превод на документите од германски на македонски па заверување на нотар на истите, па ќе треба да си најдеш шпедитер кој што ќе ти ја царини колата (земаат 50евра шпедитерски услуги) и после тоа си ја носиш на хомологација и регистрирање..

За царина најубаво да си провериш на davackizavozila.mk , 450 денари е и ти даваат солидна калкулација колку може да испадне.. Според мое искуство гледаат по тоа колку издувни гасови испушта возилото (CO2), цената на возилото според нивниот царински каталог, и купопродажниот договор..
Препорака што ми даде еден шпедитер е купопродажниот договор да се направи до 1500eur (демек имало удел во царината да биде малку поефтина)


За царинска основица се зема или каталошката вредност или вредноста во купопродажен, зависи што е поголемо. На давачкизавозила ќе си ја внесеш отприлика колку би била цената на возилото, и тие ќе ти дадат пресметка и по куповната цена како и по каталошка цена. Ако куповната ти е повисока од каталошката, гледај ако можеш во купопродажен да се договориш со продавачот да ставите цена што поблиску до каталошката за да намалиш трошок. Ако ти е каталошката поголема од куповната (не верувам за толку старо возило), тогаш нема бегање, ќе царинат по таа.

Инаку N52 е познат како ептен издржлив мотор, има некои проблеми со системот за ладење (има електрична водна пумпа, што треба да се менува почесто пошто почесто откажува), ама освен тоа други големи проблеми нема. Јас би одел на модел со заден погон, пошто Xdrive transfer case-от од тие генерации знае да е малце нежен, плус ќе можеш да си играш со димензии на тркала како сакаш.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3872
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #3 на: 25 Декември 2024, 20:38:56 pm »
Здраво дечки,
сакам да увезам возило од Германија. Конкретно BMW E90 330i/300xi N52 мотор со рачен менувач. Планирам да го донесам на камион.
Причината за темава е да добијам информации околу увозот, поконкретно колку би дошло царина, каде да барам човек за да ја качам на камион и се разбира искуства со овој автомобил :)
Фала ви однапред  :)

Од кој град си? Доколку си во можност пробај да најдеш бугарска фирма и она да ти ја увезе колата, при увозот преку Бугарија (Германија - Бугарија - Македонија) ќе си доплатиш за Еуро 1 и царината ќе ти биде помала. Сега незнам колку би сменило на ова возило, мора да видиш од пресметката на давачкизавозила.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен German_guy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Увоз на возило од Германија
« Одговори #4 на: 30 Декември 2024, 02:33:11 am »
Од кој град си? Доколку си во можност пробај да најдеш бугарска фирма и она да ти ја увезе колата, при увозот преку Бугарија (Германија - Бугарија - Македонија) ќе си доплатиш за Еуро 1 и царината ќе ти биде помала. Сега незнам колку би сменило на ова возило, мора да видиш од пресметката на давачкизавозила.

Од Битола сум, ама моментално студирам во Скопје.

Иначе еве некои што ми се имаат допаднато:
- https://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=410999750&c=Limousine&c=OtherCar&dam=false&fr=2005%3A&ft=PETROL&isSearchRequest=true&ms=3500%3B15%3B%3B&od=down&p=%3A9000&ref=srp&refId=9ad70206-32bb-2bf0-6da8-0e51bc18a4bc&s=Car&sb=p&searchId=9ad70206-32bb-2bf0-6da8-0e51bc18a4bc&tr=MANUAL_GEAR&vc=Car

- https://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=412717892&c=Limousine&c=OtherCar&dam=false&fr=2005%3A&ft=PETROL&isSearchRequest=true&ms=3500%3B15%3B%3B&od=down&p=%3A9000&ref=srp&refId=9ad70206-32bb-2bf0-6da8-0e51bc18a4bc&s=Car&sb=p&searchId=9ad70206-32bb-2bf0-6da8-0e51bc18a4bc&tr=MANUAL_GEAR&vc=Car

Конкретно според тоа што истражував по интернетот како најдобар N52 мотор е тој од првите генерации со магнезиумска глава, па барам специфично со тој мотор и задна вуча, без XDrive. И исто така да е со рачен менувач.  :)

Планот ми е до на лето да земам кола.
« Последно менување: 30 Декември 2024, 02:52:42 am German_guy »