Автор Тема: Увоз на половно возило од Словенија  (Прочитано 2523 пати)

Отсутен Elijah

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #15 на: 21 Јануари 2025, 02:53:36 am »
Здраво дечки :)

Месеци, месеци ве читам сите, не можев повеќе, си направив конечно профил :D И јас да кажам некој збор а и да побарам мислење.

Неколку месеци разгледувам на интернет, огласи, видеа, рецензии... пошто многу јас не се разбирам во возила, ама маката ме натера.

Е арно ама, овде кај нас... значи ми се повраќа од понудиве. Некои имаат VIN во огласите, а на некои по странската регистрација успевам да им го најдам VIN-от и многу од нив ги наоѓам на carsbat. УЖАС! Еве вечерва само случајно видов нов оглас (не е битно од кој трговец) за Renault Captur II, шо го продаваат за 17k. Истиот го најдов на Carsbat, продаден за 8500 евра, со статус damage :-X И најмала грепка е сликана од на аукциите кога ги продаваат. Предниот браник напукнат и истружен, а овде на сликиве гланц бе! Не се познава! Разбирам заработка од 1-2000, па и 3000 евра на таа кола... ама 5000 заработка?!

По препорака на еден другар, почнав да ги следам цените на avtonet во Словенија. Тие шо се со еден сопственик и Словенски, обично се поскапи. Ама и таму некои шо се увезувани, поевтини се, шо можи да се сумливи.
Случајно ми излезе некој оглас од Порше преставништво. Абе еден куп коли имале таму. Како шо прочитав од некој на форумов, Европјани Словенците, извози го 2-3-4 години и замени го за ново. Во секој случај, ми се свиѓа што има и видео снимки од подвозјето, со мерење на пневматици.

Најдов едно количе... ги контактирав по е-маил на англиски. Значи немам збор! 3-4 пати му пишав. Се' си изнапрашав ;D
Ми пратија сервисна историја, дополнителни слики од гребаници што не се познаваа на сликите. Мерења за (појма немам шо апаратче е то) бојата на колата дека е оригинал. И сеа идат дупчанките :D Хахаха.

Конкретно за ова возило, немаат поврат на данок, пошто сеуште било на физичко лице. А има на доста возила што има поврат (на официјалниот сајт не пишува, ама ако го најдите возилото на avtonet, пишува). То е прв минус.
Прашав за цените. Фиксно е бате ми вели. Ма да, по еден месец, ги намалуваат за 500 евра (од то шо видов во последниов месец, конкретно и на возилото шо го гледав).
Друга заебанција е шо, поќе од 5000 евра кеш не примаат. Цела сума на невидено, не ја давам :D А да чекаш 2-3 дена да легнат парите од овде (со полномошник нормално, му јаувам, уплаќај), ќе дојди телето поскапо од кравата.
Трета заебанција, не давале ЕУР1 документ / сертификат... шо и да е. Требало да се оди и на технички и на експорт канцеларија... таму да сум прашал дали давале. Малку сјебано ми е ова. Тие не знаат? Ма да се понуди, пошто едното било на 8км, да ме однеси со нивно службено возило.
Имаш полн резервоар од мене ми вика + течност за бришачи цел резервоар. И уште една проверка на возилото од наша страна, за да се увериме дека се' е перфектно за на пат.

Значи луѓе... начин на комуникација, да ти излези во пресрет... немам збор.

Е сеа, математиката некако не ми излегува, после сите муабети шо ги читам овде. Па ако можи мала помош. Знам некој ќе ми предложи на davackizavozila, и секако дека ќе ги искористам, ама кога ќе бидам 100% решен за одредено возило. Лично ме интересира математиката (груба нормално) за ориентација.

Возилото е 12 500. Калкулаторот за CO2 вели (во случајнов го земам БЕЗ ЕУР1) 409 евра. Па сеа, имаме :

(12 500 + 409) x 1.18 = 15 232 eura... Шо искрено иако ми го надминуваат буџетот, би ги дал за Seat возило старо 4 години со реални 40 000 км... иако со основна опрема.

НО... колкави се останатите трошкови?
Трошковите во Словенија дали знае некој? Колку се плаќа во тоа техничкиот и канцеларијата за извоз?
После при влез во Македонија, наместо Скопје, да би ја царинел Битола. Дали знае некој подетално да ми објасни? Хомологација и тив, кога се плаќаат? Колку чинат тие?

Башка, како што читам, едно е ти по која цена си ја купил, друго е како се расположени на царина да ти швркнат цена.

Лет, едно ноќевање (сигурно), патарини, гориво... сето тоа е плус. Ќе стигниме до 17 000 евра. Си велам поарно можда е MG ZS за таа пара, барем има 7 години гаранција ;D Или па Fiat Linea или Citroen C-Elysée :D

Фала на разбирање дечки. Секоја сугестија, совет е добредојдена.
Ако случајно се најди некој паталец во истава ситуација, уште поубаво :D

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2555
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #16 на: 21 Јануари 2025, 05:48:59 am »
Друже купи кинезот и мирна ти глава,еве тие МG по Скопје во такси душата им ја извадија.Купи кинезот и не се замарај.И да не само од Словенија еве цела Паланка е преплавена со возила од аукции од италија  или како велат старо за ново оставена лизинг оно прекршено од возење😅

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #17 на: 21 Јануари 2025, 08:06:07 am »
Одбери 2:

- Ефтино
- Мала километража
- Опрема

Математиката е таа, да увезуваш нешто специјално некој модел со таква и таква опрема и до толку км, па да се замараш,
ама пак за возило со основна опрема и мала километража, ене ги впродавница таквите коли, нови.

Или спушти ги критериумите на 1-2 години плус и некој километар повеќе и купи си од кај нас, излегуваат од време на време возила од први газди,
со под 100к км, до пред некој месец имаше Каптур 2 од познаник од работа, прв газда за ~15К, црвен.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7460
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #18 на: 21 Јануари 2025, 13:38:55 pm »
Е сеа, математиката некако не ми излегува, после сите муабети шо ги читам овде. Па ако можи мала помош. Знам некој ќе ми предложи на davackizavozila, и секако дека ќе ги искористам, ама кога ќе бидам 100% решен за одредено возило. Лично ме интересира математиката (груба нормално) за ориентација.

Возилото е 12 500. Калкулаторот за CO2 вели (во случајнов го земам БЕЗ ЕУР1) 409 евра. Па сеа, имаме :

(12 500 + 409) x 1.18 = 15 232 eura... Шо искрено иако ми го надминуваат буџетот, би ги дал за Seat возило старо 4 години со реални 40 000 км... иако со основна опрема.

НО... колкави се останатите трошкови?

Најгруба пресметка со вклучени сите трошоци +- која е колку-толку точна и општоприфатена тука на форумов, на цената на возилото што ќе го платиш во Сливенија пример, 12.500€ + 40% (најмалку) = 17.500€ на МК таблички.

Значи најмалку 17.500€ (=-500€) на мк табли.

Отсутен Elijah

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #19 на: 27 Февруари 2025, 12:51:22 pm »
Дечки,

Колку би коштало од прилика ова да се донеси овде :

https://www.avto.net/Ads/details.asp?id=20671960&display=Chevrolet%20Aveo

Би надминало 3000 евра?

Калкулаторот вели 688 евра царина на CO2. (1500 + 688) x 1.18 = 2600.
Плус 200 евра таблици со винета од Словенија, 150 Хомологација, 150 регистрација, максимум 3100?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1368
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #20 на: 27 Февруари 2025, 13:03:05 pm »
Дечки,

Колку би коштало од прилика ова да се донеси овде :

https://www.avto.net/Ads/details.asp?id=20671960&display=Chevrolet%20Aveo

Би надминало 3000 евра?

Калкулаторот вели 688 евра царина на CO2. (1500 + 688) x 1.18 = 2600.
Плус 200 евра таблици со винета од Словенија, 150 Хомологација, 150 регистрација, максимум 3100?

Во цената за пресметка на ДДВ ќе ти вклучат и цена за транспорт, 300-500 евра ако немаш фактура за транспорт со точна вредност.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2510
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #21 на: 27 Февруари 2025, 14:24:54 pm »
@Elijah Ова ти се проверени трошоци? За (цол) таблици + винета не сум сигурен, ама хомологација беше 100 евра едно време, а регистрација сметај 200 евра (над 66 кв/90 кс е). Сметај и транспортни трошоци, да отидеш до таму (пример 60 е автобус + локал до дестинација), ноќевање (ако не идеш на гости), за назад гориво и патарини (околу 100 евра + околу 50 евра патарини), а во Србија на влез ќе ти бараат транзитна декларација (прво ќе ти бараат 90-100 евра, па треба да се ценкаш до кај 30-40 евра).

Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #22 на: 27 Февруари 2025, 15:09:24 pm »
Со кого се ценкаш ?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2510
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #23 на: 28 Февруари 2025, 07:50:10 am »
@bramovsk Со нивните шпедитери. Ако познаваш некој добро од нашите шпедиции што соработуваат со српските, може да ти „ургираат“ за понормална цена. Знам за примери каде уште пред да тргнеш од Германија/Словенија/или друга земја, праќаш слики од документација од колата до договорената шпедиција, да ти ги средат документите уште пред да стигнеш на граничниот премин, за да не губиш време.

Конкретно мој братучед ми кажа како функционира отприлика (без конекции помеѓу МК и СРБ шпедиции). На гтраница, влегуваш во првата шпедиција и ти бараат околу 100 евра, се заблагодаруваш и им викаш минатиот пат платив 40 евра, ќе одам во друга шпедиција (иам таму неколку шпедиции како кај нас на граница) и тука почнува ценкањето, зависи и кој како ќе ти се погоди. на него последно му земаа 35 евра за тоа. Прашував за мене инфо за сите трошоци кога планирав да одам до Словенија по кола.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #24 на: 28 Февруари 2025, 10:33:56 am »
Ок, има смисла. Очекував ова да е некако иста цена утврдена во некој тарифник ама ете, си имало и тука пазарче. Фала ти уште еднаш за деталното појаснување.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7419
Одг: Увоз на половно возило од Словенија
« Одговори #25 на: 28 Февруари 2025, 14:30:10 pm »
@bramovsk Со нивните шпедитери. Ако познаваш некој добро од нашите шпедиции што соработуваат со српските, може да ти „ургираат“ за понормална цена. Знам за примери каде уште пред да тргнеш од Германија/Словенија/или друга земја, праќаш слики од документација од колата до договорената шпедиција, да ти ги средат документите уште пред да стигнеш на граничниот премин, за да не губиш време.

Конкретно мој братучед ми кажа како функционира отприлика (без конекции помеѓу МК и СРБ шпедиции). На гтраница, влегуваш во првата шпедиција и ти бараат околу 100 евра, се заблагодаруваш и им викаш минатиот пат платив 40 евра, ќе одам во друга шпедиција (иам таму неколку шпедиции како кај нас на граница) и тука почнува ценкањето, зависи и кој како ќе ти се погоди. на него последно му земаа 35 евра за тоа. Прашував за мене инфо за сите трошоци кога планирав да одам до Словенија по кола.

Ова им е нов момент изгледа за пари правење. Претходните 2 коли што ги донесов од Германија, никој ништо не бараше за транзит низ Србија.