Автор Тема: Мислење за CBS сервис за клими на Илинденска  (Прочитано 209 пати)

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Мислење за CBS сервис за клими на Илинденска
« на: 24 Октомври 2024, 20:31:54 pm »
Здраво,

Бидејќи не можам ништо да најдам како информација за ЦВС сервис за авто клими на Илинденска во Карпош 4, кај тој Ренаулт сервисот, денес ја оставив колата.

Човекот се вика Бранко и сервисот е оригинал од Свети Николе.
Ми го спомна на девојката татко и, нема искуство со него.

Имав проблем со климата (не грее), термостатот не отвара, антифризот оди на многу висок притисок и прска над анортизерот на совозачка страна, па затоа и имав изненадни два прста помалку антифриз.

Луѓево ми рекоа донеси одма, застанав онака да прашам, сакав сам да пробам ама ајде викам да научам и вака.

Искочи истото што успеав да го сфатам од Јутјуб според симптомите: запушено казанче, термостат не отвара.
Антифризот внатре смрди на изгорено, проѕирен полн со кафеав талог.


Колата беше долго време неупотребувана поради утнатс репарација на турбина во Ужице која од 5ти пат успеаа под гаранција да ја направат тип топ да спие.


Има ли некој искуство со овој сервис ЦБС?

Ако не, тогаш кога ќе ја завршат работата ќе пишам јас тука искуство.

Сега за сега најавени трошоци се:
1. Термостат - 1800 личи на ОК цена
2. Казанче за клима - 8000 исто личи на ОК цена
+комплетно испирање на систем за ладење и промена на антифриз.

Ја однесов тука зошто ссмо овде не добив “еј во гужва сум месецов, јави се за 3 недели”.

Ако некој знае нешто за овие би било супер да сподели информација. Тој Бранко е повозрасен човек со бела коса.

https://m.facebook.com/61558599783800/

Има повеќе сервиси тука, практично на крај на Илинденска кај што се стеснува, има перална, Ренаулт и уште некој сервис.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Мислење за CBS сервис за клими на Илинденска
« Одговори #1 на: 24 Октомври 2024, 20:40:51 pm »
Не беше ова сервисот со лоши искуства?

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Мислење за CBS сервис за клими на Илинденска
« Одговори #2 на: 24 Октомври 2024, 20:58:08 pm »
Не беше ова сервисот со лоши искуства?

До него е тој некој преварант за Рено што собирал катализатори и наводно продава сомнителни оригинални делови, да не мислиш на тој?
“Поправква” е лесна и итно ми треба. Се надевам не се зезнав што ја оставив.  :(

Ништо друго нема да чепка, се надевам нема што друго да цврцне од колата. Јас немам услови на сред паркинг сам да го направам ова за беља.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Мислење за CBS сервис за клими на Илинденска
« Одговори #3 на: 24 Октомври 2024, 21:21:10 pm »
Аха така. Знам се пишуваше па затоа прашав, да се разбереме.
На сервис кола се носи кај проверен човек, барем јас така практикувам, што ќе биде сега и како ќе биде, ќе видиме на крај. Не мисли на лошо, се надевам дека ќе се среди.

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Мислење за CBS сервис за клими на Илинденска
« Одговори #4 на: 24 Октомври 2024, 21:32:39 pm »
Аха така. Знам се пишуваше па затоа прашав, да се разбереме.
На сервис кола се носи кај проверен човек, барем јас така практикувам, што ќе биде сега и како ќе биде, ќе видиме на крај. Не мисли на лошо, се надевам дека ќе се среди.
Се надевам и јас. Нема зијан од поправкава.

Кај тие што се проверени се утепав од досаѓање и ме откачуваат. Си вртат повеќе пари на страна од поголеми поправки, што е нормално.
 ;D ;D ;D
А итно ми е, времево веќе не е за без греење во кола.

Иначе за иднина планирам кај Спасе во Чаир според добри искуства споделени тука за Мицубиши. Ама човекот е тежок.

Се навреди што репарацијата на турбина сум ја правел во Ужице ми се напна на телефон кога го барав викам дипли ќе ти платам - не можев термини за демонтирање да најдам. Многу тежок човек.

Сега се надевам нема да памти ќе се правам наудрен да не се увреди пак и да ме откачи… ;D ;D

И сега седнав сам да учам, има топ канали по Јутјуб за некои работи да не се бркам со мајсториве.

А доаѓам од Хонда Акорд 96та одржавана во Хонда сервис тип топ. И немам искуства со мајстори ниту па изграден однос со некој. Едино АМСМ поради ужице ама мислам дека јас од Јутјуб научив повеќе од нив.

Ако некому го интересира, типов е ѕвер
https://youtube.com/@davesautocentercenterville?si=q-p6S6Du_fSXnK1T

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мислење за CBS сервис за клими на Илинденска
« Одговори #5 на: 24 Октомври 2024, 21:36:11 pm »
Добар канал следиш  ;)