Здраво, имам Алфа 147 1.6 2001, пред некој ден отворањето на багажот со притискање на копчето престана да функционира и рикверц светлото не работеше. Го отворив багажот, неколку пати притиснав 10-15 пати на копчето и се среди и багажот и рикверцот. Багажот работеше неколку дена и толку, значи притискаш на копчето одвнатре и ништо не се случува, не ни прави beep, а и релето не се слуша. Пробав со друг модул со копчиња што е за багаж и четирите, но истиот проблем е. Проверив осигурувач, во ред е. Релето што е долу го менав, но проблемот останува. До што може да е?