Автор Тема: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад  (Прочитано 679 пати)

Отсутен Seker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« на: 23 Септември 2024, 23:10:53 pm »
Здраво на сите, би сакал да ви го споделам мојот проблем и да побарам помош, ако некој имал сличен проблем или може да помогне. Се работи за пасат 1.9 тди авб 74 kw. Имам проблем само при прво палење од сабајле, со задржување на клучот 4-5 секунди вергла и пали на прва, за нормално палење треба да се проба 10-15 пати па да запали. После секое вакво ладно палење следува многу бел чад се дури загрее моторот ако е во лер, или дури почне да се вози. Освен првото палење после тоа нема никаков проблем си пали 100 пари од прва и не чади,ова се дешава ако колата постои повеќе од 4-5 сати. На дијагностика не покажува никаков проблем. Дизните се супер,сменети се гумици на дизни, направем голем сервис ( каиш,уље сите филтри), пробано е со друга коммонраил пумпа и пумпа во резервоар. Колата нема никаков проблем од кога ќе запали и ќе почне да се вози, супер економична не троши уље, антифриз, влече одлично, единствено само првото палењето е премногу лошо.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #1 на: 24 Септември 2024, 01:27:48 am »
Бел чад е несогорено гориво. Прво греачи да се видат.

Отсутен Seker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #2 на: 24 Септември 2024, 11:16:30 am »
Заборавив да напишам дека греачите се проверени,сите се супер.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #3 на: 24 Септември 2024, 12:26:41 pm »
Дали е правилно наштелуван? Да се види да не е прерипан заб, да не е на ""касније" доведен?
Носи во друг сервис, да стават реперите.
Исчисти го и егр вентилот, и тој може да прави проблем.

Бел чад не беше антифриз или вода во цилиндар?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #4 на: 24 Септември 2024, 12:48:46 pm »
Ја би ја проверил и турбината.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #5 на: 24 Септември 2024, 13:10:54 pm »
Kako mirisa cadot?

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Seker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #6 на: 24 Септември 2024, 13:26:40 pm »
Мајсторот беше супер и се ангажира и околу каишот со поместување во секоја позиција. 5 дена само каишот го штеловаше напред - назад, ќе запали и после 5 сати пак истото.

Турбината работи перфектно и според компјутер. Не знам како поинаку би се проверила.

Чадот како да смрди на нафта, пече во очи.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #7 на: 24 Септември 2024, 14:02:25 pm »
Да не прима воздух некаде во цревата за гориво, затоа тешко пали и чади бело? Дали ти е сменет филтерот за нафта и тогаш да започна сето ова?

Отсутен Seker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #8 на: 24 Септември 2024, 16:34:59 pm »
Сменет е, ама истата ситуација е и пред промената и сега.
Чистен е и егр вентилот.

Отсутен PetarPano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #9 на: 25 Септември 2024, 14:06:48 pm »
Провери ги дизните на друго место. Ова го прави ако некоја дизна наместо на прска нафта во прашина, таа тече. Кај мене, во мојот случај беше така. 

Отсутен Seker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #10 на: 25 Септември 2024, 14:10:30 pm »
Исти случај имаше, тешко палење, бело-сив чад и без никаков проблем после кратко возење ?

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #11 на: 25 Септември 2024, 14:22:03 pm »
jovce ti si?

Отсутен Seker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Проблем при прво (ладно) палење и бел чад
« Одговори #12 на: 25 Септември 2024, 14:25:10 pm »
Јас не сум Јовче