Автор Тема: Робустна и пространа семејна кола  (Прочитано 1944 пати)

Отсутен stefan155

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Робустна и пространа семејна кола
« на: 10 Септември 2024, 00:12:35 am »
Време е да ја заменам фиестата од 2010. Помагајте што да изберам.

Колата ќе се вози претежно на долг пат. Статистиката до сега вели дека месечно два пати возиме по околу 150 км, а преку сила два пати неделно по 5 км.

Еве список што ми е важно, по дадениот редослед.

1. Робустност. Сакам кола која ќе ме однесе од точка А до точка Б во друг град, без да ме боли главата. За возврат, јас нема ни еден ден да одложам мал или голем сервис. Еве што значи робустна кола за мене:
    1.1. Кога ќе се расипе, да се најде мајстор  кај нас. 
    1.2. Не ми треба моќна машина за летам 200, максимум 130 возам на автопат.
    1.3. Мислам дека моторот ми е поважен од колата. Ако моторот е докажан, би ми се допаднала и колата. Исто така повеќе би ценел поголем мотор кој нема да биде преоптоварен за време на работата.
    1.4. Едноставноста на моторот исто ми е важна. Не сакам искомплициран склоп за +5% моќност. Ова го сметам за уште еден дел кој ќе може расипе и треба да се поправа. На пример, ако автоматскиот мењач додава на цена и комплексност, можам и со рачен да си возам. Или пак турбото...

2. Да има простор, најмалку 500 литри багажник.

3. Каросерија. Претпочитам седан, а евентуално може и џип, ама поразвлечен, максимум до cross варијатните. Не ми смета и караван, ама жена ми стави вето тука.

4. Опремата не е ми е многу важна. Не ми требаат грејачи по седиштата, масажери, темпомати, и големи мултимедијални екрани. Нека има радио, добри звучници и клима.

5. Дизајн. Ако морам една да издвојам, Мондео.
 
6. Бренд. Само да не е некој див бренд за кој ќе нема делови ни за лек.

За кола имам 10-12к евра да издвојам, а ако вреди можам и до 16к. План ми е да ме служи нарендите 6-8 години, значи наредните 100к км.

Сѐ што ми е важно, напишам. Сѐ што е испуштено, не ми е важно.

Не се брзам, можам дури и цела година да чекам.

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk


Отсутен ivanduk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #1 на: 10 Септември 2024, 00:48:34 am »
суперб/октавија?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #2 на: 10 Септември 2024, 07:51:10 am »
Логичен избор си направил уште во првиот пост. Нема што повеќе да се мислиш.


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5055
  • The Spartan General
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #4 на: 10 Септември 2024, 08:34:49 am »
Iskreno ne znam zosto vo Makedonija ima mnogu averzija kon karavanite. Jas imam sedan so ogromen bagazen prostor pa pak mi se mota karavan vo glava/eventualno nekoj SUV.

Seuste sum zakoraven fan na klasicna limuzina, ama karavan e mnogu mnogu poprakticno.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14041
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #5 на: 10 Септември 2024, 09:48:22 am »
Бидејќи имаш мерак на Форд

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4827471


Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1658
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #6 на: 10 Септември 2024, 10:01:18 am »
Бидејќи имаш мерак на Форд

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4827471
После ова може да се затвори темата.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Отсутен stefan155

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #7 на: 10 Септември 2024, 10:26:31 am »
Бидејќи имаш мерак на Форд

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4827471
Благодарам за предлогот, ама нмам ништо посебно за форд. Фиестата не ја бирав јас, а кај Мондео изгледот ми се допаѓа. Не барам стриктно Форд.

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk
« Последно менување: 10 Септември 2024, 10:33:20 am stefan155 »

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 701
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #8 на: 10 Септември 2024, 10:48:28 am »
Здраво,
Ако си од Скопје, и слободен наутро во работни денови, помини, погледни го моето Мондео, па ке ти биде полесно да знаеш што да бараш.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1658
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #9 на: 10 Септември 2024, 11:51:29 am »
Бидејќи имаш мерак на Форд

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4827471
Благодарам за предлогот, ама нмам ништо посебно за форд. Фиестата не ја бирав јас, а кај Мондео изгледот ми се допаѓа. Не барам стриктно Форд.

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk
Пријател продава Инсигниа 2016 аутоматик, 1.6 дизел 136кс, прв сопственик е, има нешто ситно над 100.000км. Огласена му е 11.500 ако не се лажам, ама ќе си се договарате. Ти ги исполнува сите барања.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1432
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #10 на: 10 Септември 2024, 19:11:56 pm »
суперб/октавија?

Суперб за 10-12к само ако му го продаде @Jimny

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #11 на: 10 Септември 2024, 19:59:32 pm »
Имаше една сузуки витара за 13-14 илјади евра со 30илјади поминато ако не е продадена топ ке ти легне од прв сопственик ако некој го има линкот нека го постави нека види човекот јас неможам да го најдам. @miksi јапанче није на продају 🍻

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4233
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #12 на: 10 Септември 2024, 22:36:47 pm »
Имаше една сузуки витара за 13-14 илјади евра со 30илјади поминато ако не е продадена топ ке ти легне од прв сопственик ако некој го има линкот нека го постави нека види човекот јас неможам да го најдам. @miksi јапанче није на продају 🍻
Далеку од пространа семејна кола е Витарата, освен ако не си 1.5 метри и имаш 45 кг со се облека :)
Мислам дека Октавија/Суперб би биле добар избор, верувам дека за твојот буџет би се нашло нешто добро сочувано и со умерена километража.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #13 на: 11 Септември 2024, 05:31:58 am »
Имаше една сузуки витара за 13-14 илјади евра со 30илјади поминато ако не е продадена топ ке ти легне од прв сопственик ако некој го има линкот нека го постави нека види човекот јас неможам да го најдам. @miksi јапанче није на продају 🍻
Далеку од пространа семејна кола е Витарата, освен ако не си 1.5 метри и имаш 45 кг со се облека :)
Мислам дека Октавија/Суперб би биле добар избор, верувам дека за твојот буџет би се нашло нешто добро сочувано и со умерена километража.
😂😂 што знам јас со 180 и нешто чим во џимни функционирам мада не сум троцифрен на вага се уште😆,по мене супер е буџет на човекот и треба нешто одлично да земе од прв сопственик и да биде без грижа тоа прво ми падна на памет сепак 30илјади не е многу км сега кој што си сака сепак изборот на  аутомобил е на долги стази.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 280
  • Macedonia
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #14 на: 11 Септември 2024, 10:55:18 am »
Мал багажник има витарата, на фамилијарен човек може да не му врши работа и да нема простор за складирање

https://www.carsized.com/en/cars/compare/suzuki-vitara-2015-5-door-suv-vs-ford-mondeo-2007-fastback/

Другар, еве една страна можеш кола до кола да споредуваш на неа како би изгледале во димензии една наспроти друга и да имаш поголема претстава кога ќе си споредуваш