Автор Тема: Робустна и пространа семејна кола  (Прочитано 1942 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 870
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #15 на: 11 Септември 2024, 11:00:20 am »
Време е да ја заменам фиестата од 2010. Помагајте што да изберам.

Колата ќе се вози претежно на долг пат. Статистиката до сега вели дека месечно два пати возиме по околу 150 км, а преку сила два пати неделно по 5 км.

Еве список што ми е важно, по дадениот редослед.

1. Робустност. Сакам кола која ќе ме однесе од точка А до точка Б во друг град, без да ме боли главата. За возврат, јас нема ни еден ден да одложам мал или голем сервис. Еве што значи робустна кола за мене:
    1.1. Кога ќе се расипе, да се најде мајстор  кај нас. 
    1.2. Не ми треба моќна машина за летам 200, максимум 130 возам на автопат.
    1.3. Мислам дека моторот ми е поважен од колата. Ако моторот е докажан, би ми се допаднала и колата. Исто така повеќе би ценел поголем мотор кој нема да биде преоптоварен за време на работата.
    1.4. Едноставноста на моторот исто ми е важна. Не сакам искомплициран склоп за +5% моќност. Ова го сметам за уште еден дел кој ќе може расипе и треба да се поправа. На пример, ако автоматскиот мењач додава на цена и комплексност, можам и со рачен да си возам. Или пак турбото...

2. Да има простор, најмалку 500 литри багажник.

3. Каросерија. Претпочитам седан, а евентуално може и џип, ама поразвлечен, максимум до cross варијатните. Не ми смета и караван, ама жена ми стави вето тука.

4. Опремата не е ми е многу важна. Не ми требаат грејачи по седиштата, масажери, темпомати, и големи мултимедијални екрани. Нека има радио, добри звучници и клима.

5. Дизајн. Ако морам една да издвојам, Мондео.
 
6. Бренд. Само да не е некој див бренд за кој ќе нема делови ни за лек.

За кола имам 10-12к евра да издвојам, а ако вреди можам и до 16к. План ми е да ме служи нарендите 6-8 години, значи наредните 100к км.

Сѐ што ми е важно, напишам. Сѐ што е испуштено, не ми е важно.

Не се брзам, можам дури и цела година да чекам.

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk

Ти опиша октавија  ;D

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3796
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #16 на: 11 Септември 2024, 11:00:49 am »
2021 година, дизел, аутоматик, голем багажник со 100к Км изминати за 16к.

https://autowelt.mk/vehicles/022950-opel-insignia

п.с. Ова да бил некој ГМ дизел со три цилиндри, а не ПСА 1.5 ХДИ   :(
« Последно менување: 11 Септември 2024, 11:06:44 am Skywalker »
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен stefan155

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #17 на: 27 Јануари 2025, 03:14:57 am »
Дојдов да споделам новост и да ја заокружам темата, а не го гледам последниот текст кој го напишав како благодарност до сите кои предложија коли и особено @draganamon за понудата за тест возење. Испаѓам некултурен сељак вака. Изгледа при брзање не се осигурав дека текстот е испратен. Како и да е, благодарам.

Инаку се изначитав доста за коли овие 4 месеци. Прво почнав да гледам Форд Мондео и Пежо 508, па ми стана интересно како механички работат колите и многу време одвоив на тоа. Од тука сфатив дека не сакам прекомплициран дизел, за електрична немам каде да ја полнам, благ хибрид нема фајде за моите потреби, а плин нема да се замарам да ставам. На крајот, највлијателно ми беше ова видео, https://youtu.be/3WE02i3ykQM?si=f5k-G7q4jklIKX-H. На реклама5 барав над 2015, до 15к евра, над 86kw, бензин. Избегнував мала зафатнина на моторот и испадна дека изборот е премногу ограничен. Не се брзав, чекав, па од прво гледање минатата недела пазарив Хјундаи Елантра.

Повеќе за колата: Елантра GLS од 2019 со 1.6 бензиски мотор и премиум ниво на опрема: двозонска клима, камера за назад, цела гума во багажникот, темпомат кој секако нема да го користам и паркинг сензори кои не работат. Сите сервиси во Кореа Аутотрејд и Мида. 127к км поминато. Бела боја. Од овие 150км поминати до сега, навистина сум задоволен. Слики немам. Сега сфаќам дека не ја сликав ниту еден пат. Ќе направам посебна тема во делот за возилата на членовите на форумот, ама прво да ја исперам, полукафена е од калта.

Багажникот не е 500 литри како почетните замисли, што не ми се баш допадна, а и не е петта врата, ама проценивме дека овој би бил сосема доволен за кратки патувања во Македонија и околината. За подолги, најверојатно нема да ни стигне, ама пред месец дена моите земаа Пежо 3008, па ќе комбинираме.

Дај препорачајте сервис во Скопје. Тука на форумот прочитав 3 позитивни пораки за Алси во Аеродром и 1000 лоши за Мида. Последниот е направен на 116к км, па време е за повеќе работи според распоредот за сервиси.

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6144
  • 69
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #18 на: 28 Јануари 2025, 09:18:24 am »
Со здравје да си ја возиш. По она што го бараше во првиот пост, сите критериуми ти ги исполнуваше Тојота Корола, но ти си купил корејска Тојота, можеби си направил и подобар избор.
Што се однесува до сервис, незнам зошто бараш алтернативни сервиси, кога можеш да ја носиш во овластениот, односно беше до скоро, сега е за Хонда. Кореа Аутотрејд, по ново незнам дали се уште се вика така.
Имаат искуство, оригинални делови итн итн.
Мислам дека за ситни пари не вреди да се замараш со ојлевци дојлевци...

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен stefan155

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #19 на: 28 Јануари 2025, 10:35:15 am »
Со здравје да си ја возиш. По она што го бараше во првиот пост, сите критериуми ти ги исполнуваше Тојота Корола, но ти си купил корејска Тојота, можеби си направил и подобар избор.
Што се однесува до сервис, незнам зошто бараш алтернативни сервиси, кога можеш да ја носиш во овластениот, односно беше до скоро, сега е за Хонда. Кореа Аутотрејд, по ново незнам дали се уште се вика така.
Имаат искуство, оригинални делови итн итн.
Мислам дека за ситни пари не вреди да се замараш со ојлевци дојлевци...
Здравје да имаш. И поубава да си купиш.

Во право си. Изгледа погрешно сфатив дека Кореа Аутотрејд не работи веќе со Хјундаи, а тие всушност само не се официјални веќе. Ќе побарам понуда и од нив бидејќи е време за голем сервис, оној на 120к км. Треба и да истражам дали морам овој сервис во Хјундаи официјално за да ми важи гаранцијата за оние 2 години од 5+2. Има уште цела година.

А и Тојота Корола гледав доста време, 1.5 бензин, ама под 15к не се наоѓаше. Оваа испадна доста поефтино.
« Последно менување: 28 Јануари 2025, 10:41:50 am stefan155 »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3019
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #20 на: 28 Јануари 2025, 11:26:22 am »
Со здравје да се вози. Колку ја зеде ако не е тајна? Инаку и авточајка ти се овластени и таму испаѓа околу 100 евра мал сервис

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1751
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #21 на: 28 Јануари 2025, 11:40:37 am »
Со здравје да ја возиш. Супер кола. Имавме ваква во фамилија, немаше апсолутно никаков проблем. Моторот е атмо ама е доста економичен. Околу 6,5л/100км  просечна.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9028
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #22 на: 28 Јануари 2025, 13:25:28 pm »
Super izbor si napravil. Za servis go imash i avtocajka em ovlasten e em ne se skapi

Отсутен Џони

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #23 на: 28 Јануари 2025, 16:09:09 pm »
Препорака за Grand Auto. Само редовни сервиси и 2-3 пати каросериски работи имам средувано кај нив, ама се било како што треба и одличен однос од вработените. Авто Чајка претпоставувам исто се ок, а веројатно поефтини. Дефинитивно би одел на печат во сервисна книшка од овластен сервис.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14041
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #24 на: 28 Јануари 2025, 22:33:49 pm »
Авто Чајка исто имам слушано и јас дека се добри.

Создравје да се вози иначе :)

А зошто не користиш темпомат и паркинг сензори? :D

Отсутен stefan155

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #25 на: 29 Јануари 2025, 14:33:15 pm »
Благодарам за честитките и советите.

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk

Отсутен stefan155

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #26 на: 29 Јануари 2025, 15:25:55 pm »
Со здравје да се вози. Колку ја зеде ако не е тајна? Инаку и авточајка ти се овластени и таму испаѓа околу 100 евра мал сервис
Не е тајна. Се продаваше 2 месеци за 13500, па падна на 12000, па после 2 недели падна 11500, а јас се исценкав за 11000. Имајќи ги предвид сличните возила од срспката polovniautomobili.com и бугарската  auto.bg, најверојатно добро сум прошол, иако нашиот пазар не ја следа народната поговорка од западниот свет "вредноста на нова кола паѓа 50% за 5 години.

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk

Отсутен stefan155

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #27 на: 29 Јануари 2025, 15:29:00 pm »
Авто Чајка исто имам слушано и јас дека се добри.

Создравје да се вози иначе :)

А зошто не користиш темпомат и паркинг сензори? :D
Сакам постојатно да имам активен придонес во брзина на колата и истата да се намали кога ќе ја тргнам ногата од педалата за гас. Темпомат пробав кај брат ми на голфот и ги потврдив моите ставови. А и без темпомат некако сам се натерувам да внимавам повеќе на патот.

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5878
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #28 на: 29 Јануари 2025, 16:05:17 pm »
Со здравје да се вози. Колку ја зеде ако не е тајна? Инаку и авточајка ти се овластени и таму испаѓа околу 100 евра мал сервис
Не е тајна. Се продаваше 2 месеци за 13500, па падна на 12000, па после 2 недели падна 11500, а јас се исценкав за 11000. Имајќи ги предвид сличните возила од срспката polovniautomobili.com и бугарската  auto.bg, најверојатно добро сум прошол, иако нашиот пазар не ја следа народната поговорка од западниот свет "вредноста на нова кола паѓа 50% за 5 години.

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk
Струмичката?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен stefan155

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Робустна и пространа семејна кола
« Одговори #29 на: 29 Јануари 2025, 16:45:32 pm »

Да

Sent from my 23049PCD8G using Tapatalk