Автор Тема: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra  (Прочитано 1338 пати)

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 277
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #15 на: 20 Август 2024, 14:46:01 pm »
Не мора да се согласиме. :)

Од Дачиа ти дадоа интериер што е подобар во секој аспект на дизајн и изглед, објективно. Ти можеш до задутре да не се согласуваш. Единствено добро кај возилово е што апологисти ќе прават дебати по форуми и редити како ова е добро, не го разбирате вие дизајнот бла бла.

Прошло поред Тесла ова како прво, а како второ Тесла не се продава заради минимализам, туку заради илјада дополнителни софтверски опции (мод за куче, играње со волан итн итн) со кои ги фасцинира клиентите. Сигурно не шлапнале Андроид на таблет и рекле „еве ова е таман“.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34073
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #16 на: 20 Август 2024, 16:33:16 pm »
Не можам да ги разберам ЗОШТО напукале 450 коња во малечко СУВ-че наместо да намалат на тежина, да зголемат на ефикасност и други технички решенија во рамки на буџетот? Некако не одговара воопшто на имиџот. 200 електрични коњи би биле и повеќе од доволно за да биде пристојно возило.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #17 на: 20 Август 2024, 16:49:26 pm »
Јас би рекол - зошто да не? Нека има. :)

Има три погонски конфигурации. Основното е single motor, 272 коња и 51 kWh батерија. Одлични 5.7 до 100 и 344 км WLTP рејнџ. После иде истиот мотор, ама поголемата, 69 kWh батерија, 5.3 до 100, 480 км WLTP рејнџ. На самиот врв е оваа dual motor конфигурација која оди само со поголемата батерија.

Јас наааајверојатно би ја избрал средната конфигурација. Сосем доволно брзо, најголем рејнџ. Би го елиминирал сончевиот кров и би избрал скроз платнени седишта (без кожниот долен дел ако има опција). Би ги задржал големите тркала.

Не мора да се согласиме. :)

Од Дачиа ти дадоа интериер што е подобар во секој аспект на дизајн и изглед, објективно. Ти можеш до задутре да не се согласуваш. Единствено добро кај возилово е што апологисти ќе прават дебати по форуми и редити како ова е добро, не го разбирате вие дизајнот бла бла.

Прошло поред Тесла ова како прво, а како второ Тесла не се продава заради минимализам, туку заради илјада дополнителни софтверски опции (мод за куче, играње со волан итн итн) со кои ги фасцинира клиентите. Сигурно не шлапнале Андроид на таблет и рекле „еве ова е таман“.

Ама океј е тебе да не ти се допаѓа, субјективно. Искрено, ни мене не ми се допаѓа баш, ама ми е прифатливо. И јас сакам инструменти пред мене, а не да гледам на екран. Сакам и физички контроли за клима, не да буричкам по екран. Сакам многу работи, ама ете - трендовите се такви. На ова се навикнав прилично брзо, и најверојатно би се навикнал уште повеќе да го користам подолго време. Има работи кои ЦЕЛО време би ми оделе на нерви, ама па такви работи има на многу коли, вклучувајќи ја и мојата.

Од друга страна, мене па ич не ми се интересни Тесла Пувеж моментите. Али општо, не го сакам ни брендот, ни човекот позади него, ни трендовите кои ги наметнуваат. Ама тоа е скроз друга дискусија и не ме спречува да ги пофалам работите кои ги прават добро. Новата Модел 3 изгледа одлично.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 277
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #18 на: 20 Август 2024, 17:06:57 pm »

Интересен ми е твојот train of thought со алтернативи и оправдувања, не дека нешто ќе се разберам со тебе, со тоа одамна раскрстив:

„Има нешто што не ми се свиѓа“

Верзија 1 > Па голема работа, прифатливо е во 3 дена кога ја возам колава, голема работа
Верзија 2 > Па добро и други коли имаат фалинки
Верзија 3 > Па тоа се трендовите get with the times old man

Факинг Дачиа ти постираа црно на бело да видиш како изгледа, Реј Чарлс може да види дека е подобро - ама не ајде да дебатираме трендови, други автомобили и снег во Јануари.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #19 на: 20 Август 2024, 17:32:40 pm »
Ама јас не реков дека не е подобро. Не реков ни дека е подобро. За некого ова е подобро, за некој друг, ентериерот на Дачиата е подобар.

Тоа што не успевам да ти го објаснам е дека ултимативно, би требало и се обидувам да бидам објективен. Да, конфигурацијата на ентериерот мене субјективно не ми се допаѓа. Сакам инструменти пред мене. Дали тоа значи дека објективно изведбата во EX30 е лоша? Не. Поинаква е, секако. Нема да биде по сечиј ќеф, во голем дел не е ни по мој - ама не е лоша. Бара малку повеќе навикнување, ама после ден-два се навикнува човек и тоа е тоа. Ете, има луѓе и во темава на кои им се допаѓа, и луѓе на кои не им се допаѓа.

---

Едит:

Неповрзано со оваа дискусија, се заинтересирав да видам колку се продава уствари EX30. Во првата половина од 2024 продале скоро 50к примероци на EX30, а дури 33к се во периодот од Април до Јуни. Најдов интересни бројки директно од Европска Комисија - во Април со 8700 продадени возила EX30 е второ најпродавано ЕВ во Европа после Tesla Model Y со 9500 продадени возила.
« Последно менување: 20 Август 2024, 17:51:12 pm zeroSignal »

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2708
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #20 на: 20 Август 2024, 17:48:55 pm »
Мене ме интересира дали навистина се надеваат дека ќе имаат успешна продажба во Македонија на моделов?
Досега не сум видел на карклуб пресек на продадени возила по произведувачи и модели. А би било доста интересно да се види. Не само да се каже ете меганот се продава за 60к или пежо 408 со 1.2 мотор се продава за 45к. Да тој се продава но дали реално имаат продадено барем 5 бројки па да се релевантни.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #21 на: 20 Август 2024, 17:53:58 pm »
За жал, немаме официјални бројки. Комората на Импортери како организација со години не функционира, а порано имаа статистики. Се појавуваат бројки на странски сајтови, ама при барање конфирмација од импортерите дали тие бројки се реални или не, секогаш сум добивал негативен одговор.

До сега се продадени два примерока од EX30. Tаргетот до крајот на годината е 5. Свесни се дека нема да продадат многу, ама па и кај нај инфраструктурата за електрични возила е... Таква каква што е.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 277
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #22 на: 20 Август 2024, 17:59:34 pm »
Ама јас не реков дека не е подобро. Не реков ни дека е подобро. За некого ова е подобро, за некој друг, ентериерот на Дачиата е подобар.

Дали тоа значи дека објективно изведбата во EX30 е лоша? Не. Поинаква е, секако. Нема да биде по сечиј ќеф, во голем дел не е ни по мој - ама не е лоша. Бара малку повеќе навикнување, ама после ден-два се навикнува човек и тоа е тоа.

Што ќе рецензираме тогаш, сите модели имаат поинакви внатрешности, од тико до Ламборџини Урус ќе се навикнеш внатре. Ако мора да возиш кола од А до Б дестинација, сите внатрешности се прифатливи.
Дај да го затвориме и форумов, сите луѓе имаат различни мислења, за некој е едно нешто подобро, за некој друго место. Нема што да се дискутира повеќе.

Еве чекај вака со дупло поевтина кола од него да го ставиме, ОБЈЕКТИВНО да дискутираме.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1961
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #23 на: 20 Август 2024, 18:50:32 pm »
Ова е платформа каде се разменуваат мислење дали на некого ке му се допаѓа или не тоа спротивното мислење тоа треба тој /соговорник да се запраша Сватете еднаш засекогаш секој човек е различен секој човек си има свое размислување тоа што со некој се поклопува со исто размислување и вкус кон нешто е плус за сите, ако не се согласуваме за избор на железо бренд не значи дека треба мачета в рака да се земе па да се кољиме ко самураи не се сложуваме пример за ова не значи дека неможе пиво да пиеме и да збориме за други теми ослободете се од егото уживајте во тоа што ве прави свои и почит нека има од сите страни бидејки тоа и на крајот останува почит спрема почит меѓувреме тоа што не се поклопува да сме живи и здрави.Некој мисли можеби сум заратил со Микси јас кажав мое мислење за Шкода бренд јас со него и со сите ке седнам да испијам пијачка 🍻 детево CEO-то е паметно вредно воспитано и културано створил нешто и е за почит како што е ова понатаму не навлагам од мене Ина почит за сработеното и креативноста.Што повеќе членови дискутираат тоа е подобро колку повеќе различни ставови уште подобро . Кинезот е страшно поубав внатрешно него Волвото

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 277
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #24 на: 20 Август 2024, 19:05:59 pm »
Ова е платформа каде се разменуваат мислење дали на некого ке му се допаѓа или не тоа спротивното мислење тоа треба тој /соговорник да се запраша

Дискусија се прави кога страните изнесуваат аргументи, а не релативизирања дека се е субјективно, прифатливо итн. Еве пример погледни го воланот на EX30 и запрашај се каде се Cruise Control сетирањата? Бидејќи Volvo се многу паметни, имаш генерално само 9 копчиња, без „џојстик“ команди кои ти нудат 3 во 1 (нагоре, надоле и клик) - пример јас на мојов џип иам 12 копчиња + 4 џојстици, вкупно 20 „копчиња“.

Бидејќи овие се капацитативни, имаш опција да држиш во празно место без физички да осетиш клик. Така продолжување на Cruise Control и зголемување на брзина е едно копче. Дополнително, тоа копче го стискаш за 1км брзина, а го држиш за 10км брзина.

Која е причината за кратење на копчиња и команди на волан, а местење на капацитативни копчиња кои не знаеш каде почнуваат/завршуваат физички за важните команди? Пример гасење на Pilot Assist и зголемување на Cruise брзина се едно до друго. Спореди го со кинезот и види колку копчиња има таму пак?

Значи капацитативни чкарт копчиња + двојно помалце копчиња од нормала + комбинирани команди на 1 капацитативно копче. Абе знаеш ќе се навикнеш, некој вака сака помалце копчиња повеќе да се мачи...

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1304
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #25 на: 21 Август 2024, 00:46:05 am »
Јас имав прилика да ја пробам. Абе не смееш гас да даеш колку е љуто. Напред ми е ужасно грдо, позади дури и ми се допаѓа. Убаво што си е андроид тоа целата мултимедија. Таргет се ваљда некои млади софтверџии. Електричните возила сеуште ги гледам како градско приградски, се дур не напраат некоја со 1К рејнџ.
Ин џенерал утка прават со големи и скапи електрични возила. Таргет треба да се ефтините - градски мали возила.
Со овакви за мене непрактични возила (љуто брзо, скапо, нит големо нит мало) само ја урушуваат иднината на електричните. Силеџискиот настап кон намалувањето на возила со нормален мотор и притисокот на електрификација ради глупоста наречена климатски промени, само ќе се врати како бумеранг.
VW почна со прикажувањето на загубите. Страдаат работниците ради буткање на агенди.