Во Петокот бев во Шкода-Порше и прашував цени за нова Октавија.
1.4 TSI со DSG и во средно ниво на опрема, со плус бандажи и адаптивен темпомат и ксенонски светла. Ми ја понудија за 18.000 евра.
Е сега, кога ги прашав колку би ме чинела Октавија RS 2.0 TSI, без ценкање ми фукнаа цена од 23,000 евра. TSI, со мануелен мењач во RS ниво на опрема. Сигурен сум со добро преговарање и натегање ќе иде и под тоа, што е фантастична цена за Октавија RS.