Јас сепак мислам дека Толедово е одлична понуда. Не се сите тркачи, ова до душа спаѓа во категорија желки ама друг муабет е тоа.
1. Се добива пространо возило, со солиден гепек. И едното и другото за мене се многу битни, едно затоа што сум два метра а друго затоа што сега посебно ми треба голем гепек, караван би било идеално, но и ова ке брка работа исто како и Вектрата.
2. Моторот е претерано слаб, тоа го знам, ама за дрнкање дома работа и обратно, каде 3 км ги возам 20-30 минути, ќе брка работа, а и нема да троши, неможе некој да ме убеди дека ќе троши повеќе од 8 или еве 9 литра. Муабетите дека поголем мотор помалку ќе троши во таа кола не палат кај мене, ги имам дома и едната и другата, и гледма која колку троши.
3. За два три пати годишно до Грција до краците или на две три години еднаш до подалеку ќе заврши работа, секако не сум возач кој вози брзо, на брзини од 110 до 130 би требало да се однесува нормално, колку што може да е нормален 1,2 моторот.
Ова се мои видувања на понудата, и да знам дека појак мотор би бил подобар и за мене, иако неговите можности би ги користел не повеќе од 10-20 км во тие две три одења до Грција во годината и тоа не дека нешто горам од желба, туку ај возам 1,8 или пак турбо мотор па да стиснам малку, и толку, после пак се враќаме на нормално и +10 возење од знаците, можам да преживеам и ако не возам 200 тие 10-20 км.
Ова е мое видивање на понудата, и затоа сметам дека за мене и сличните на мене е одлична.