Другар мој има Сеат Кордоба, 5 години стара 100 000 и кусур поминато без никакво мазење пазење и можам да кажам дека се работи за доста квалитетна внатрешност, нема никакви звуци, има одлична возачка позиција, се седи доста ниско што мене ми прави кејф. Е сега кога можеле Кордоба од 2006 да ја направат на тоа ниво воопште не се сомневам за Леонот. За парите моментално нема подобра понуда. Кој си сака ново возило, со перфектен дизајн, кој не застарува, Леончето е одличен избор. Ново аутце, натовари фамилија и цепај.