Ако читаат некои вработени, ова се однесува скоро на сите салони во Мк.
Луѓе, може ли да не го правите купувањето автомобил да изгледа како нуклеарна физика? Човек сака само да види модел и цена. Толку. Ако сака да купи ке купи. Нема секој време да врти и чека цени и да се натега баталете тоа ако некој решил да решил ене од пехчево ке оди на шкупи улица да дознаее цена на модел 200 километри.😄
Вие објавувате слика од автомобилот, па „кликнете тука“, „одете таму“, „изберете модел“, „отворете ја понудата“... и после 15 минути човекот уште ја бара цената како да решава државна тајна. 😂
Ставете си убаво МОДЕЛ – ОПРЕМА – ЦЕНА и готово. Човек да види, да размисли и ако му одговара — да купи.
За Mercedes веќе се навикнавме. Ценовникот е веројатно најдолгиот проект во историјата — 6 години е „во изработка“ и „наскоро ќе биде прикачен“.