Не сум размислувал за Дачиа. По дифолт сум имал одбивност и некако не ми влезе у игра уште од старт. Ако идам натаму, најсоодветно би ми било Сандеро.
Казан, ја имаш возено/гледано 208-цата? Имам една комшиска, плава боја, и една ја гледам низ град, маслинасто зелена, авион се колите. Мислам дека оваа генерација 208/308/508 се најубави.
Не сум тргнал уште по салони да гледам и да се распрашувам. У пежото сум заљубен, прекрасно ми е у секој поглед. Секое едно ривју или видео по интернетов го имам изгледано и го знам на памет... Да ме прашаше до пред еден месец, немаше друга опција кај мене у глава...
Арно ама, ја загледав у маало шкодата, па се заинтересирав малце повеќе... Некако ми нуди многу за парите. Простор, солидна машина, доста опрема... Ми делува како добра и паметна инвестиција за у наредни 10 години... Ми остави впечаток уште на саем у Белград кога прв пат ја видов ( беше една од трите во кои се сликав

) ама од тогаш како да ја подзабораив, до скоро...
И на крај, неостварен сон ми е да се спакувам за на одмор само у багажник, без торби по седиште, кај нозете и слично...

Sent from my Poco F3