2 пати одев до Киа, еднаш кога го ставија Ceed-от на понуда Black пакет, и Јануари годинава, ден пред да го купам Мондеото.
Првиот пат кога бев не ми обратија многу внимание, само ме прашаа дали ке треба тест возење, и спомнаа дека имаа многу докумендација која треба да ја завршат. Секако и мене ми беше прво влегување па скоро и не разговаравме.
Второто влегување директно отидов кај продавачот, и направивме добар муабет (40 мин одприлика, околку празници беше, надвор ладно време и немаше гужва).
Во принцип дечкиве имаат групни порачки и конкретни понуди. Тие не сакаат да излегуваат од нивоата на опрема кој се нудат бидејки така они добиваат попуст, и тој попуст после им е пресметан во понудата која ја нудат на наш пазар. И сакаат да си останат на тоа. Самиот продавач го кажа ова.
Тоа е одлука на компанијата, и гледаме дека продажбата им оди супер, така да не верувам дека ке отстапат од неа.
Мислам и ретко кој може да се пофали дека добил попуст на акциска цена кај нив. Не знам зошто народот толку се пали на преговарање/ценкање, продавачот си има оформена цена, ако не ти се бендиса слободно оди на друго место.
Во врска со дополнителна опрема при порачка, после првичниот негативен одговор, го прашав продавачот зошто е одбивен кон самата идеа и ми кажа вака.
Секое одстапување од новоата на опрема и додавање нешто дополнително од основното кое тие го нудат, а е под највисокото ново на опрема за нив нема смисла, бидејки разликата помеѓу новоата на опрема им е мала, и знаат дека купувачот ке сака да се ценка, затоа не си го ни губат времето со тоа.
Според мене сосема исправно, разликата во цена е 2-3.000 евра.