Автор Тема: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...  (Прочитано 600404 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7001
Ваљда не сте сериозни дека нема да има ддв за нова кола тој викенд??!?

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4089
Пошто уште не сум земал ауто, па пратам цени и понуди во Германија, се забележува одредено намалување на цените,те попусти. Има поедини случаи со добри попусти на одреден модел, како на пр. Шкода Карок 1.0 ТСИ на лизинг преку Sixt. Моментално слаба е продажбата ем ради ситуацијава, но и најавата дека можеби ќе има субвенции како во 2008/09, па веројатно повеќето чекаат нешто такво. Секако, и јас сум во тие што чекаат попусти :)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1717
Ваљда не сте сериозни дека нема да има ддв за нова кола тој викенд??!?

Не, пишува за што ќе биде, облека, бела техника, книги, со други зборови  евтина роба.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Луѓе шо зборите бе? Во Европа март и април има забележено пад на продажба преку 40%, тоа е ради вирусов или тоа што не давале попусти? Кој има пари ќе отиде до салон и сигурно дека ќе добие подобар попуст поради ситуацијава ама и тие што продаваат треба да добијат некој динар нели?

Друга работа што забораваме во Европа 2/3 од продажба на нови возила е флотна, а мал дел приватни лица. Да, тоа може во МК не е така, ама пазарот е толку мал и небитен и никој не би се замарал да ви дава некакви си огромни попусти. Тоа нормално не значи дека нема да ви дадат попуст. Но да барате да ви продадат нова кола по каталошка цена 25.000, која на попуст ви ја даваат за 21.000 а сега да ја барате за 18.000 едноставно нема смисла.

Треба работа, најчесто нови автомобили се зимаат на лизинг, но поради короништево сигурно приоритетите сега се други наместо купување на нови автомобили. Сите се претпазливи.

И продавачот ич не го боли тасето дали вие плаќате кеш или на лизинг, па користејќи го кешот како некаков си џокер за попуст. Во секој случај, они ги добиваат парите целосно или од вас или од банката кај што сте земале кредит.

Како човек од другата страна на приказната апсолутно се согласувам, не знам колкав попуст очекува некој дека сега ќе добие поради ситуацијата, ни колкави маржи се замислува дека дилерите на нови возила имаат.

Дополнително на тоа, лагерот на возила е минимален, кај Шкода за цела Македонија и Косово имаме 4-5 возила на лагер моментално. Претпоставувам дека е слична ситуацијата и кај другите брендови. Фабриките работат со 20% од капацитетот, многу од добавувачите сеуште не се отворени, а роковите на испорака за нарачани и лагерски возила се огромни.

Јас навистина не би очекувал дека некој ќе дава дополнителни попусти моментално, во најдобар случај би останале постоечките цени и попусти. Се надевам само дека нема цените да одат нагоре.

П.С. Иако не изгледа така, продавачите на половни возила речиси секогаш имаат поголема заработка по кола, споредено со нови возила :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4089
Мислам дека ситуацијата ќе се промени за наскоро, Германија, а сигурно и другите држави, ќе стимулира производство, те купување на нови возила, веројатно со пониски цени, за да не пропадне цела индустрија и да отиде се у курац :)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Германија, а и сите други држави може да си ја стимулираат локалната продажба преку намалување на даноци или субвенции. Сигурно нема некој друг да ја стимулира продажбата на нови возила во Македонија, а како што се покажало многу пати до сега, најавите за стимулација на продажба на нови возила кај нас се на ниво на дневна политика, за жал.

Дополнително на тоа, Македонија е толку мал пазар што и не нема на мапата на производителите на возила :) Дали ќе се продадат македонските 5000 нови возила годишно или не, апсолутно нема ништо да му смени на ниту еден производител.
Aus Liebe Zum Automobil...

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4089
Не се изразив најдобро, мислев на државите во кои се произведуваат возила.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Јас не сум слушнал пример некој (држава, влада шта ја знам) да субвенционира или финансира произведувач на возила и тоа да се одрази на продажната цена на возилата која ја плаќа клиентот. Најчесто тоа финансирање е за задржување на работните места на локалците по фабриките.

Од друга страна, она што е реално осетно за крајниот купувач е стимулација или субвенција од сопствената држава (во нашиот случај Македонија) преку намалување на даноци, акцизи итн. Тоа апсолутно не ги засега производителите на возила, а и те како ги засега купувачите.
Aus Liebe Zum Automobil...

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4089
Мислам дека и двете опции ги имало порано, но сега најверојатно ќе се иде со субвенции за купување ново возило, со што се стимулира и производството.
Ќе видиме како ќе биде наскоро.

Отсутен Majstoriste

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 47
Луѓе шо зборите бе? Во Европа март и април има забележено пад на продажба преку 40%, тоа е ради вирусов или тоа што не давале попусти? Кој има пари ќе отиде до салон и сигурно дека ќе добие подобар попуст поради ситуацијава ама и тие што продаваат треба да добијат некој динар нели?

Друга работа што забораваме во Европа 2/3 од продажба на нови возила е флотна, а мал дел приватни лица. Да, тоа може во МК не е така, ама пазарот е толку мал и небитен и никој не би се замарал да ви дава некакви си огромни попусти. Тоа нормално не значи дека нема да ви дадат попуст. Но да барате да ви продадат нова кола по каталошка цена 25.000, која на попуст ви ја даваат за 21.000 а сега да ја барате за 18.000 едноставно нема смисла.

Треба работа, најчесто нови автомобили се зимаат на лизинг, но поради короништево сигурно приоритетите сега се други наместо купување на нови автомобили. Сите се претпазливи.

И продавачот ич не го боли тасето дали вие плаќате кеш или на лизинг, па користејќи го кешот како некаков си џокер за попуст. Во секој случај, они ги добиваат парите целосно или од вас или од банката кај што сте земале кредит.

Како човек од другата страна на приказната апсолутно се согласувам, не знам колкав попуст очекува некој дека сега ќе добие поради ситуацијата, ни колкави маржи се замислува дека дилерите на нови возила имаат.

Дополнително на тоа, лагерот на возила е минимален, кај Шкода за цела Македонија и Косово имаме 4-5 возила на лагер моментално. Претпоставувам дека е слична ситуацијата и кај другите брендови. Фабриките работат со 20% од капацитетот, многу од добавувачите сеуште не се отворени, а роковите на испорака за нарачани и лагерски возила се огромни.

Јас навистина не би очекувал дека некој ќе дава дополнителни попусти моментално, во најдобар случај би останале постоечките цени и попусти. Се надевам само дека нема цените да одат нагоре.

П.С. Иако не изгледа така, продавачите на половни возила речиси секогаш имаат поголема заработка по кола, споредено со нови возила :)
Попуст не значи само помалку пари, туку може да биде и многу повеќе опрема за исти пари. Со паѓањето на флотната продажба низ Европа производителиве може да ги заборават постоечкиве цени за тоа ниво на опрема пошто уште долго време нема да се стабилизира продажбата. Доплата 500 евра за автоматска клима кај Шкода- тоа тешко ќе поминува веќе.
Во принцип попустот треба да е одобрен од принципалот, јасно дека локалните дилери имаат лимитиран опсег за давање попуст.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29299
    • CARclub.mk
И продавачот ич не го боли тасето дали вие плаќате кеш или на лизинг, па користејќи го кешот како некаков си џокер за попуст. Во секој случај, они ги добиваат парите целосно или од вас или од банката кај што сте земале кредит.

Морам да го цитирам ова, за да биде видливо. Муабетот „кога ќе им отидам со кеш“ одамна не е реален.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54824
  • Махер
Па сеа... Колата стално може да добие 2000еур попуст, а цената да и падне за 1500евра.

Си има зошто постои кеш.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8167
  • Малерозен дрводарец
Сега е златниот момент сите да престанат со тие глупости околу непотребна електроника и да се вратат на корените. :)

Ем поефтини автомобили ем повеќе продадени. :)
When you turn on the radio does it return the favor?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8823
Како што нема залиха на возила,кај нас може и да пораснат цените:)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54824
  • Махер
Како што нема залиха на возила,кај нас може и да пораснат цените:)
Ако сакаат и тие 4 да не ги продадат.