Луѓе шо зборите бе? Во Европа март и април има забележено пад на продажба преку 40%, тоа е ради вирусов или тоа што не давале попусти? Кој има пари ќе отиде до салон и сигурно дека ќе добие подобар попуст поради ситуацијава ама и тие што продаваат треба да добијат некој динар нели?
Друга работа што забораваме во Европа 2/3 од продажба на нови возила е флотна, а мал дел приватни лица. Да, тоа може во МК не е така, ама пазарот е толку мал и небитен и никој не би се замарал да ви дава некакви си огромни попусти. Тоа нормално не значи дека нема да ви дадат попуст. Но да барате да ви продадат нова кола по каталошка цена 25.000, која на попуст ви ја даваат за 21.000 а сега да ја барате за 18.000 едноставно нема смисла.
Трета работа, најчесто нови автомобили се зимаат на лизинг, но поради короништево сигурно приоритетите сега се други наместо купување на нови автомобили. Сите се претпазливи.
И продавачот ич не го боли тасето дали вие плаќате кеш или на лизинг, па користејќи го кешот како некаков си џокер за попуст. Во секој случај, они ги добиваат парите целосно или од вас или од банката кај што сте земале кредит.