Автор Тема: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...  (Прочитано 659700 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2940 на: 26 Ноември 2019, 06:52:00 am »
Не бе, ич не се.....

За споредба само: http://www.zeperfs.com/en/duel3694-6967.htm

https://www.in2013dollars.com/1982-dollars-in-2017?amount=8200

Во Англија уште бетер би било.

https://www.in2013dollars.com/1982-GBP-in-2017?amount=8200

Во евра е скоро исто. 14,984.74еур

Поевтини се него што биле колите и правен е муабетов и порано. Сите сакаат ксенон/лед да имаат па ако не следно да се фатиме за тоа што ќе им е нешто повеќе од свеќи во фаровите. Технологијата е супер и нема што да се хејта технологијата. Следно да почнеме да хејтаме различни големини на мотор и зошто постои опција за повеќе од најслабиот мотор.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2941 на: 26 Ноември 2019, 07:08:05 am »
Ај добро, можеда ти повеќе знаеш како било порано. Што да ти кажам....

Да дообјаснам, пошто имам 5 минути слободно време.
Просечните плати, корегирани за инфлационата стапка во периодот што сакаш да го прикажеш, не го пратат истиот тек како вредноста на валутите, во поголем дел од европските земји, поготово во земјата во која што живеам јас. Така да мојата дневница не купува исто што купувала пред 20 години (а мојот работен стаж е тука некаде, 20-тина +- некоја година). Пред 20 години со мојата плата полесно се купуваше нов хеч, отколку сега.
Ти може да редиш графици на инфлација, ама здравје, ќе натепаш барем пола од моето искуство, па ќе видиш дека инфлационата стапка на валутите е само еден микронски показател за вредностите во различни времиња.
« Последно менување: 26 Ноември 2019, 08:18:56 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2942 на: 26 Ноември 2019, 09:28:57 am »
Пред да почнеме да се радуваме на стандардната опрема во модерно време, знае ли некој дали воопшто се мења сијаличка на преден  фабрички ЛЕД фар?

Или кога ќе откаже нешто се мења цел фар комплет?
:)


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2943 на: 26 Ноември 2019, 09:34:02 am »
Се мења цел фар. Али во глобала ледот е лајфтајм, не прегорува. Особено ако е ОЕМ.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2944 на: 26 Ноември 2019, 09:35:20 am »
Ај добро, можеда ти повеќе знаеш како било порано. Што да ти кажам....

Да дообјаснам, пошто имам 5 минути слободно време.
Просечните плати, корегирани за инфлационата стапка во периодот што сакаш да го прикажеш, не го пратат истиот тек како вредноста на валутите, во поголем дел од европските земји, поготово во земјата во која што живеам јас. Така да мојата дневница не купува исто што купувала пред 20 години (а мојот работен стаж е тука некаде, 20-тина +- некоја година). Пред 20 години со мојата плата полесно се купуваше нов хеч, отколку сега.
Ти може да редиш графици на инфлација, ама здравје, ќе натепаш барем пола од моето искуство, па ќе видиш дека инфлационата стапка на валутите е само еден микронски показател за вредностите во различни времиња.
Статистиката за среќа не познава субјективни искуства туку се темели на факти. Тоа што ти лично пред 20 години си можел полесно да купиш хеч е еден пример додека фактите го кажуваат спротивното, односно дека за помалце пари денеска се добива повеќе технологија. Некој што е во ИТ си зима и 2.000 евра во Скопје па супер му е нели? Да не заборавиме на фактот дека бројот на автомобили сега и пред 20 години е драматично различен дури и во држава како Македонија така да повторно твоето искуство со ништо неможе да се поткрепи, односно останува само еден мал пример. Куповната моќ е далеку поголема сега од порано.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2945 на: 26 Ноември 2019, 09:38:36 am »
Ај добро, можеда ти повеќе знаеш како било порано. Што да ти кажам....

Да дообјаснам, пошто имам 5 минути слободно време.
Просечните плати, корегирани за инфлационата стапка во периодот што сакаш да го прикажеш, не го пратат истиот тек како вредноста на валутите, во поголем дел од европските земји, поготово во земјата во која што живеам јас. Така да мојата дневница не купува исто што купувала пред 20 години (а мојот работен стаж е тука некаде, 20-тина +- некоја година). Пред 20 години со мојата плата полесно се купуваше нов хеч, отколку сега.
Ти може да редиш графици на инфлација, ама здравје, ќе натепаш барем пола од моето искуство, па ќе видиш дека инфлационата стапка на валутите е само еден микронски показател за вредностите во различни времиња.

У нашиов случај паритетот на куповна моќ ја е*е работата :). Инфлацијата не секогаш точно ги мери работите.

Знам дека не ве интересира али fun fact во некои земји инфлацијата се мери преку пораст на цена на некој основен прехрамбен оброк, преведено на наша терминологија тоа би било ѓеврек/бурек/симит :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2946 на: 26 Ноември 2019, 09:56:04 am »
Се мења цел фар. Али во глобала ледот е лајфтајм, не прегорува. Особено ако е ОЕМ.

A колку кошта ОЕМ ЛЕД фар во случај да не е лајфтајм?
Еве кај тебе, на пример?

:)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2947 на: 26 Ноември 2019, 10:03:28 am »
Немам ЛЕД јас, Ксенон е. Една ламба ОСРАМ со 4 год гаранција е 4600 денари. Лед диода немам прегорено. Не прегоруваат како што кажав.
Ама не глеам поента да купиш кола и да и се плашиш дека фарот ќе се расипел па наместо тоа да возиш кола со халогени жолти фарови. Не се купујв во тој случај таа кола и тоа е.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2948 на: 26 Ноември 2019, 10:09:36 am »
Јас можеби и не би ја купил, но ете сега многу работи без да сакам ми ги бутаат во основно ниво на опрема, не?
Не мора да е намерно, туку е последица на "развојот на технологијата" во рамките на која било кој евентуален квар ме мава мене по џеб десетоструко.

Затоа...

Јас гледам поента во можност да променам сијаличка на фар и за 100 евра, наместо цел фар за 1000 евра исто како што гледам поента да возам турбина со хидраулична регулација која во случај на квар може да се поправи локално и во најлош случај да се репарира за 300 евра, отколку турбина со електронска регулација која и при најмал квар се вади како целосна единица и се заменува со нова ...за 2000 евра..или предница на одреден тип на возила (кхм..не ги именувам) каде целата предница се мења дури и да е во прашање само чаура, држач или полуосовина...повтороно секако за 4 цифрички ...во евра.

Милина ова технолошкиов напредок..

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2949 на: 26 Ноември 2019, 10:17:40 am »
Tи премногу му се секираш на ново возило

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2950 на: 26 Ноември 2019, 10:21:12 am »
И кај мене у штоповите ЛЕД-от беа лајфтајм, па цркаа после 50.000 км, пардон после 480.000км, според некои експерти на форумов.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2951 на: 26 Ноември 2019, 10:38:35 am »
баш вчера го гледав фарот на колава и вика на елантрава ако рикне ледот ДРЛ цел фар ли ќе треба да го мењам само за ДРЛ.

ке си возам со средни светла после :D поефтино е

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2952 на: 26 Ноември 2019, 11:00:39 am »
И кај мене у штоповите ЛЕД-от беа лајфтајм, па цркаа после 50.000 км, пардон после 480.000км, според некои експерти на форумов.

Тие ептен се погодија тапа, и на Passat имаа фрки. На понова кола одамна не ми се десило да видам цркнат LED. Генерално е како што вика Саше - LED би требало да трае вечно. На некоја од презентацииве годинава ни кажуваа дека life expectancy на LED сијалица би требало да е околу 40.000 саати.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2953 на: 26 Ноември 2019, 11:02:20 am »
Tи премногу му се секираш на ново возило

Се секирам за сопствени пари независно дали е ново или старо возило, одмор, бас гитара, кондури или ЦД.
Не ми растат на дрво.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2954 на: 26 Ноември 2019, 11:02:57 am »
И кај брат ми на пасат цц имаше знам проблеми со задни лед не светеше целиот круг некогаш и грешка се јавуваше на шалтабла ама еве веќе неколку години самите се опоравија си светат како што треба. Секако ова не е причина да не земам нова кола со лед светла кои што се и подолготрајни од ксенон па колку сака нека коштаат.