Како и секое сузуки.

Малце килаво со вентили инаку без проблем. Премногу би сакал да ја видам колава и да ја повозам, и многу ми е жал што веројатно нема да има тест возила воопшто. Пишував уште кога искочи технологијава дека е многу фина. Бензинците некако со тешки маки се трпат на отворено, ама се ламји за во град. Ова за ефтини пари ти помага таму кај што може да ти помогне. Во град генерално. Ама пази ја цената! Не со занос од 28.000еур за приус, не со заносни цени за лексус, туку за многу пристојни пари на дизел. А и тука некаде со потрошња. Едноставно и ефективно за употреба во реалноста. Да заборавиш дека постои хибридниот систем и да цепаш. А ако се упропастат батерии да ги смениш за симболичен надомест а не 5000 еур.
Е сега стигнавме и до бенефиции. Ете субвенциичка. Микронска јебига, ама некаква. На 28000 ако симнат 1000-2000 еур е буквално ја било ја небило. На 14.500 опремена хибридна кола 1000 еур менува. Веќе се доближува до онаа за сите прифатлива сума за која сите може да речат дека е пристојна за едно возило.
Ете паркингче. Не е многу, ама врши работа. Дома, работа, гости... Ако го покрие тоа, пак си океј. 200 еур годишно ти е паркинг на работа 1000 денари месечно бенефициран и тоа на едно место. Плус ако вртиш по град... ќе испаднат 300 еур заштеда годишно грубо. Пак не е малку, а и време си заштедил.
Колава е БАШ она што им треба на луѓето за низ град, за втора кола и слично. Е сега одлуката за дизајнов ја прави колата малку непожелна, како и внатрешноста. Но, мислам дека голем број луѓе ако седнат и направат математика, ќе заклучат дека од нови возила ова е насоката во која треба да се размислува. Микро хибрид е најдобриот чекор кон електрични автомобили. Зошто е пристојна цена. Јас незнам зошто сите коли не се микро хибрид. Би требало да се. И онака инвестицијата по кола е помалку од 500 еур.