Денес монтиран целиот издув, ставени нови свеќици NGK 97506 со зазор 0.55мм, и монтиран Вагнер интеркулерот. Остана уште од сабајле да се замени глицерин на колата како редовна ставка за сервис на 2 години, па ќе пуштам слики и видеа надвор од гаража.


И едно видео од како изгледа целиот издув -
@zeroSignal да видиш за embed на YouTube shorts дали може да се надгради плагинот, пошто Youtube кратки видеа те форсира како Shorts да ги прикачуваш:
https://www.youtube.com/shorts/kJAdnsi-MGAУште ја немам добро слушнато, само на кратко ја запаливме и малце гас до кај 2000 обртаи, да провериме дали е сѐ како што треба и дали работат клапни и слично. Вака прв впечаток, во Comfort е погласна но сепак многу културна, во Sport/Sport+ со отворени клапни стварно се отвара убаво звукот, без да е вулгарно.