Сега се слушнав пак со контактот од салон, уште не им е колата донесена во салон ама вика дека очекува дека ќе може да се подигне сабота, најкасно понеделник... Не му верувам ама ете.
Офтопик, ама не можам да ја разберам оваа немарност и килавост, непособност и незаинтересираност кога некој ти дава 40.000€ а ти го јебеш недела дена не му средуваш документи.
Имам впечаток дека помали трговци, со два-тројца вработени се секогаш поекспедитивни околу документација, додека поголеми салони преферираат продажба на лице од ЕУ, затоа што имаат помалку документација за средување, нема поврат на данок, таблици. Секогаш е подобра комуникацијата со помали трговци, за разлика од салониве. Не ме чуди што нема никаква ургентност да средат документи. Имав и такви случаи каде директно по маил ти пишуваат дека не продаваат во Македонија, и тоа го прашуваш за кола од 60.000E, не го смараш за поефитина кола.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Не си свесен колку си во право. Ако ставам Скриншоти од какви одговори добивам од големиве компании во Германија за коли ќе треба постов да е огромен. Ич не им се замара и не им се продава во Македонија. И особено на балканов. Неколку големи компании дури и директно ми кажаа дека имало многу случаи што се продавале коли на Балканов и после се реизвезувале за Русија па заради тоа демек не продавале....
Други па се покултурни, кога ќе им кажам од кај сум ми викаат ќе ти пише Сејлс Експорт менаџерот и другиот ден ми викаат се продаде возилото
Трети па викаат(Kaltenbach) викаат не вршиме Експорт....
Еве само пример од една фирма за 2 различни возила
Еве ги Калтенбах
Еве се погоди еден со Македонско државјанство па ми објасни малце на широко зошто не сакаат да продаваат.
И уште мал милион примери имам вакви од последниве 3-4 месеци.
Доколку темава е Оф-Топик, слободно нека се префрли каде треба.