Автор Тема: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.  (Прочитано 7245 пати)

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #15 на: 16 Ноември 2024, 13:58:16 pm »
Денес регистрирана.
Наредна недела полни 26 години, од кои 13.5 е кај мене.
Моментално ретко се вози, низ град од мене, нареден период би требало жена ми почесто да ја вози… засега решив да ја задржам, додека не се решиме за нешто поново, мало, автоматик…

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #16 на: 16 Ноември 2024, 19:07:57 pm »
Спрема твое пишување, немала некој сериозен дефект.
Да видиш во фб групата, мерцедес македонија, што пцуење му удираат на моделов...

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #17 на: 16 Ноември 2024, 19:35:36 pm »
Сега видов немав пишано за последните дефекти. Задни спирали/амортизер беа сменети, пукнат беше едниот.
И еден малку позаебан дефект (од безбедносен аспект), откажа абс-от на десно тркало. Забележав низ град при кочење влече на една страна, ај си викам браздите на асфалтот… излегов на автопат, на удолница кочам и почна да бега на една страна… се среди и тоа.

Најсериозен дефект било чистење на клапна :) ама секакви мајстори сакаа да менуваат компјутер, сензори….
Исто така акумулатор пред да цркне, кога откажува, слични симптоми се како за клапната….
Кога му најдов НЗС на тие два проблеми, нема гајле сега :)
Стара е, ама си ја знам, затоа не ми се дава сега…
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #18 на: 16 Ноември 2024, 19:43:36 pm »
Спрема твое пишување, немала некој сериозен дефект.
Да видиш во фб групата, мерцедес македонија, што пцуење му удираат на моделов...

Јас би ја пцуел само за ужасната седечка позиција и непрегледноста, девојка ми има W169

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #19 на: 16 Ноември 2024, 20:01:26 pm »
@andrejnaumovski за прегледност мислиш за стубот лево? Да, доста е напред, треба да си рачунаш при возење, да одиш со главата понапред, посебно при поголема кривина налево, за да видиш да не иде нешто…
Седењето да, повисоко е, сум се навикнал,  “пола мотор”, акумулатор, се е во подот :) а од друга страна има ептен мал ground clearance  124mm, 19мм помал од Октавиата.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #20 на: 16 Ноември 2024, 20:19:17 pm »
Колку км има сега? И каде ја носиш на сервис?



Издржи уште 5 месеца, и јас ќе ја венчам.  ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #21 на: 16 Ноември 2024, 20:22:20 pm »
Прениска е и малку нестабилна во кривини, а сѐ останато е топ. Инаку не знам како се покажани овие А160, ама со А140 имавме нерешлив проблем, севкаше постојано и беше сменет секој сензор, проблемот остана, колата беше бензинец без плин и премногу трошеше, за разлика од неа А170 беше доста подобра.

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #22 на: 16 Ноември 2024, 23:23:34 pm »
@nikola98 моментално е за сервис, најверојатно ќе ја носам во ПСС. Иначе сервис сум правел таму, а и кај еден локален мајстор во Лисиче, Никола. Повеќе од топ мајстор, речиси сите проблеми ми ги решил тој. Преден и заден трап ми ја средувале во Авто мобил. Километри има 19х.ххх незнам колку беше точно. Последнове 4 години е екстремно малку возена.

А да, лани е сменет и нов акумулатор.

@nestor04 не сум ја носел до граница во кривина и не сум осетил нестабилност. Единствено нестабилност сум осетил кога предницата дошла време да се среди… Висока е, не е ни наменета за агресивно возење по кривини…
Сецкање ми се јави и мене 2016та беше :) прво сецнуваше ретко некогаш, па потоа го гасеше плинот и не дозволуваше вклучување. Прво се сменаа свекиците (стари беа), па продолжи сецкањето, па се смена бомбината и се врати во нормала.

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #23 на: 16 Ноември 2024, 23:28:23 pm »
@andrejnaumovski за прегледност мислиш за стубот лево? Да, доста е напред, треба да си рачунаш при возење, да одиш со главата понапред, посебно при поголема кривина налево, за да видиш да не иде нешто…
Седењето да, повисоко е, сум се навикнал,  “пола мотор”, акумулатор, се е во подот :) а од друга страна има ептен мал ground clearance  124mm, 19мм помал од Октавиата.

Стубот лево, и лично не можам да се наместам во комфорна позиција и да имам убава прегледност на ретровизорите.

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #24 на: 17 Ноември 2024, 00:33:54 am »
@andrejnaumovski стубот на почеток ми сметаше многу, потоа едноставно се помирив со тоа и се навикнав дека таму имам мртов агол на кој треба да внимавам.
За комфорна позиција не ми било проблем, во комбинација со висинското подесување на седиштето и електричното подесување на ретровизорите, лесно сум доаѓал до добра позиција. Ми фалело да има подобра висина на стаклата за поголем видлив простор… и со октавиата дознав дека на мерцедесот ми фалело и лумбарна подршка за грбот :)

Мерцедесот не ми бил никогаш избор, ни визуелен, а го сметав како мало возило ко спарк и матиз… а кога го рагледав видов дека не се споредува со нив, ни по големина внатре, ни по мотор, ни по квалитет во изработка, а со мал ограничен буџет тогаш и не се пропушташе приликата за возило од познаник, неувезувано за разлика од кршевите што се продаваа кај нас од увоз…
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html