Интересни се куприве нема што.
Него, општо, како си задоволен од Октавијата, што е за истакнување и позитивно и негативно до сега, ако го имало? Сега да треба да ја купуваш, би ја избрал пак? Како моторот се покажува до сега? Задоволен од перформанси и потрошувачка?
На денешен ден, 11 Ноември 2019та година сум се одлучил за Октавиата, после гледањето во живо нејзиното преставување...
Инаку, да, кога би бирал повторно, повторно би го направил истиот избор. Задоволен од изборот на боја, опрема, мотор... Единствено што би сакал да има е и ДСГ менувач - ама за жал нема со 1.5 тси чист бензин, само со благата варијанта на хибрид спарен со 1.5 тси го имаат - а кога јас ја земав, незнае да ми кажат кога кај нас би била достапна, цена... и не ми се чекаше за неа....
Позитивно би ги издвоил се:
- добриот мотор тоа беше една од работите со кои го стеснав изборот, ~ 8с до 100, повеќе од доволно во сите ситуации, посебно што дојдов од 1.6 атмосферец... ама нареден избор дефинитивно би било нешто за околу 4с до 100, секако бензин
- удобна вожња и со 18ки тркала, тивка (мојата е и со предни акустични стакла)...
- матрикс светлата се нешто што ми го промени животот - од избегнување да возам во темница, сега уживам во тоа, посебно на регионални патишта каде што доааѓаат до целосен израз тие...
- багажник, 600л, кој исто ми го стесна изборот, исто така една од многу потребна работа за мене, бидејќи колата 90% се користи за патување надвор од градот, со 1, сега со 2 мали деца...
- и мал број на работи, кои го прават животот поедноставен со нивно користење, како - автоматски бришачи, side assistant (освен на пат што внимава на мртви агли, топ е и на паркинг), камерата со сензорите, автоматско затемнување на ретровизори (за разлика од "прекршување на ретровизорот" и намалена видливост на старите коли... со ова ем не ти сметаат свелата, ем све гледаш зад тебе), keyless, climatronic со 3 зони (многу пати се случило децата позади да сакаат повисока температура), лумбална регулација на седишта (повеќе од потребно, посебно за подолги патувања).... и многу други детали и опрема...
Негативно би издвоил:
- малку плива шасијата, ама тоа е компромис заради удобноста... се чуствувам сигурно и на поголеми брзини...
- однесување на матрикс светлата на автопат (најверојатно ќе отворам тема за тоа, ми треба мислење и од другите)...
- на почеток, пред да го испеглаат софтверот, доста често дел од системите не работеа, требаше да се пали/гаси за да проработат - се реши со апгрејди на софтверот...
- јас имав среќа со примерокот - ама гледам и слушам доста проблеми имаат некои со мењач, трошење на улје и слично...
Потрошувачката е топ, за последните 4164км сум имал комбинирана потрошувачка од 6.5л, главно возење на отворен пат...
П.С. На нова кола, посебно ако се вози 10-15.000км годишно, плус/минус неколку литри на 100км не менуваат ништо, кога најголем трошок е амортизацијата т.е. пад на вредноста на колата...