Автор Тема: Помош околу пресметка за увоз  (Прочитано 828 пати)

Отсутен karan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Помош околу пресметка за увоз
« на: 23 Јули 2024, 13:21:54 pm »


Здраво дечки,

Ми треба помош околу пресметкава за увоз на возило од Германија (Без ЕУР1). Дали испуштам нешто?
Песимистички ставив дека по каталог би била 70% повеќе од цената што ја купувам во Германија. Зборуваме за Форд 2014 1,0 со средна опрема.



Благодарам.  8)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #1 на: 23 Јули 2024, 13:32:06 pm »
Davackizavozila.mk ќе си платеш онлајн и за мислам 500 денара ќе ти даде извештај

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3829
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #2 на: 23 Јули 2024, 14:47:00 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Здраво дечки,

Ми треба помош околу пресметкава за увоз на возило од Германија (Без ЕУР1). Дали испуштам нешто?
Песимистички ставив дека по каталог би била 70% повеќе од цената што ја купувам во Германија. Зборуваме за Форд 2014 1,0 со средна опрема.



Благодарам.  8)

Данокот 18% стави го на крај. На сите собрани суми (царина, еко такса, цо2....) се смета 18%.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #3 на: 23 Јули 2024, 14:50:55 pm »
Возило - 4,369
Царина 5% - 218
CO2 - 139
Еко такса - 24
Вкупно - 4,750+18% ддв (855)=5,605.

Или
Возило - 7,427
Царина 5% - 371
CO2 - 139
Еко такса - 24
Вкупно - 7,961 +18% ддв (1,433)=9,394.

Едит: Мала измена, грешка во бројките во втората пресметка.
« Последно менување: 23 Јули 2024, 15:08:58 pm nestor04 »

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #4 на: 24 Септември 2024, 14:27:50 pm »
Колку би коштало царина за Audi A3 2006 2.0 TDI 140? Груба пресметка ми треба, возилото е од Италија.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3738
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #5 на: 24 Септември 2024, 14:34:35 pm »
40% од набавната цена.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #6 на: 24 Септември 2024, 14:45:47 pm »
Во глобала е така, но така иди многу евтино. Да не одат по каталошка цена па +40% од неа?

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 961
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #7 на: 24 Септември 2024, 14:57:09 pm »
Во глобала е така, но така иди многу евтино. Да не одат по каталошка цена па +40% од неа?

Се царини или по фактурна или по каталошка цена, која е повисока. Каталошка цена за возило постаро од 10 години е фиксно 10% од новопродажната цена. Ако возилото е под 10к евра тогаш има 0% ДМВ на него така да сумата сигурно не е 40%. 5% царина (ако нема ЕУР1) + ЦО2 данок и на тоа уште 18% ДДВ. Околу 26-27%, до кај 30 макс.

ЕДИТ: 711 евра е данокот за ЦО2 за тој мотор. Спрема тоа лесно ќе си ја добиеш крајната сума.
« Последно менување: 24 Септември 2024, 15:04:20 pm andrejnaumovski »

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #8 на: 24 Септември 2024, 15:10:42 pm »
Возилото не знам колку коштало ново, но според некое инфо на нет за оваа опрема и овој мотор било околу 27000€.
Според тоа каталошка цена е околу 2700€?
Според калкулаторот за царина доколку внесам 2700€ цена, потекло еу, 156g CO2 по NEDC (така најдов на нет) добивам пресметка од 951€. Нив ги множам по 1.18 и добивам крајна пресметка околу 1122€. Дали некаде грешам?

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 961
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #9 на: 24 Септември 2024, 15:21:03 pm »
Возилото не знам колку коштало ново, но според некое инфо на нет за оваа опрема и овој мотор било околу 27000€.
Според тоа каталошка цена е околу 2700€?
Според калкулаторот за царина доколку внесам 2700€ цена, потекло еу, 156g CO2 по NEDC (така најдов на нет) добивам пресметка од 951€. Нив ги множам по 1.18 и добивам крајна пресметка околу 1122€. Дали некаде грешам?

Тука си. Значи па испаѓа околу 40ина % ради ЦО2 што дига основа за пресметка на ДДВ :). Издаваат во Италија ЕУР1? Ако не, треба да избереш не-ЕУ потекло.

Која е цената продажна на возилото?

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #10 на: 24 Септември 2024, 15:28:09 pm »
1800€ но не е фиксна. Треба да се распрашам повеќе околу увозот.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 961
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #11 на: 24 Септември 2024, 15:39:53 pm »
1800€ но не е фиксна. Треба да се распрашам повеќе околу увозот.

davackizavozila.mk за да провериш каталошка цена. Ќе добиеш точно до денар трошоци.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Помош околу пресметка за увоз
« Одговори #12 на: 24 Септември 2024, 15:57:56 pm »
40.000 ден за ЦО2.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk