Лефкада... не знам што да кажам за Лефкада. А веќе сум бил трет пат таму.
Лефкада е можеби островото во Грција со најдобра боја на плажи. Очајно фали плажа со ситен песок, ама тоа е што е.
Зошто Лефкада и зошто баш во јули?
Лефкада затоа што мислам дека е најпристапно место/остров (во поглед на превоз) со преубави плажи. Нема стрес за да стигнеш на траект.
Иако претходните два пати бев секогаш крај на август - овојпат се одлучивме почеток на јули бидејќи мислам дека би оделе и на уште еден одмор од 7-8 ноќевања, во септември.
Мислам дека не би се вратил на Лефкада во јули, барем таков впечаток стекнав. Не заради гужвите (кои не беа и нешто страшни), туку заради времето кое беше пеколно жешко. Веројатно ни се погоди и жешкиов бран периодов. И заради времето имам некако чувство дека пропуштив да видам нешто повеќе (иако по три пати на Лефкада - веќе се е видено, што се вика) и имам чувство дека повеќе време поминав во апартманот, отколку на плажа. Само првите 2 дена бевме на плажа претпладне. Сите други денови одевме околу 16, 17, па и 18 часот. Надвор буквално не се дишеше, дури и под сенка.
За одењето на Лефкада имам и интересна „приказна“ - сегашнава девојка (со која сум 6 години) не сакаше да чуе за Лефкада бидејќи сум бил и со претходната (јас лично не сум кажувал, изгледа следела од претходно од социјални мрежи), пред едно 7-8 години. Женска работа.
И кога ја прашав - Епа со претходната сум бил и за Скопје? Се освести какви глупости треска.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
СместувањеКако и скоро секогаш што правам - сместување барам преку Букинг. Овојпат резервирав крајот на февруари, со бесплатно откажување до крајот на јуни.
Цената беше 385€ за 7 ноќевања за двајца.
Станува збор за Faidra’s House, куќа (со апартмани/студија) во предградието (на градот Lefkas) - Apolpeina
Google MapsBooking.comПрепорака за сместувањето, во апартманчето слободно може да живее еден пар.
Со газдарицата комунициравме на Viber пред да отидам, секогаш враќаше брзо и ефикасно.
Паркинг има пред самата куќа. Check-in времето им е од 15h, а check-out до 11h.
Ние стигнавме таму околу 12 часот (по нивно) и мислев дека треба да одам на плажа или да чекам, меѓутоа апартманот/студиото беше веќе спремно.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Документи, карти, гориво и други занимливостиПомош на патOryx Assistance (пакет Halk Europe).
Ова го зедов кога ја регистрирав колата, цената беше 1300 денари.
Патнички осигурувањаКупени онлајн две осигурувања од Халк Осигурување.
Пакет - Травел, со 10 осигурани дена.
Цена - 300 денари за еден.
Кредит на Cosmote (What’s Up припејд)Како и секогаш кога одам на одмор/патување во Грција, го користам припејд бројов.
Ставив 15€ кредит, но не го потрошив. Искористив токени (за кои мора да имаш кредит за да ги активираш) кои даваат бесплатен неограничен интернет за 3 дена, за 2 дена и слично.
Egnatia Odos TAGТагот за грчките патарини и овојпат ми се најде. Мислам дека заштедив минимум час и половина, време во чекање во двата правци.
Имав нешто ситно кредит од претходно, па сега дополнив 30€ (патарините до Лефкада, преку Евзони излегуваат 33.8€).
Меѓутоа, кога тргнавме (скоро 5 сабајлето) веќе имаше гужва на Богородица (проверив и на камерите и на Гугл Мапс traffic), па решив да одиме преку Меџитлија.


По тој пат (Штип - Неготино - Битола), единствени патарини (и еден подводен тунел) и од наша и од нивна страна се:
Siatista 1.90€ (x2)
Malakasi 1.90€ (x2)
Pamvotida 1.55€ (x2)
Terovo 3.35€ (x2)
Aktio - Preveza 3.00€ (x2)

Излегува 23.4€
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Гориво и поминати километриПоминати 1461km (Штип - Битола - Лефкада и назад). За гориво потрошени 127 евра.
Потрошени околу 83 литри дизел - што му доаѓа околу 5.68L/100km мешана потрошувачка (отворено и градска), со вклучена клима 95% од времето. Мислам дека Леонов е одличен во тој поглед.
На одење ставени 48L (76.5 денари беше на тој ден) од Макпетрол, а резеровоарот собира 55L.
На Лефкада ставени 40L (1.69€/литар) од Elin, Crystal Diesel. ОК е горивото. Не забележав разлика ниту од Макпетрол, ниту од V-Power на Shell.
Кога се вратив дома, има некаде останато 12L, што ќе му дојде она што го напишав дека има потрошени 83L (55L+50L, останати 12L).



------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Трошоци
За двајца - потрошено околу 1100€.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Во наредниот пост ќе напишам малку подетално за секој ден, потпомогнато со слики, видеа и панорамски (360 степени) слики