Во потрага сум по Голф 6 2.0 ДСГ, но се повеќе се мислам и за Поло бидејќи за 10к ЕУР можам да купам 2016 Поло (пример
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5072117 ) наспроти 2011 Голф 6 (пример
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5070323 ) - и двеве коли се иста цена. Линковиве се само за пример, не знам специфично баш тие коли дали се добри, тоа секако ќе бидат проверени од мајстори.
Кои се предностите на Голф 6 наспроти Поло, освен големината внатре и build quality внатре? Знам дека со Голфот би добил многу посилен и подобар мотор, но не знам дали вреди ~5 години постар Голф да се земе за иста цена со 5 години поново Поло. Не би ја возел колата повеќе од 120км/х и претежно двајца се возат во кола. Возењето 6и било 50/50 автопат/градска
Ако би купувал Поло ќе биде само 1.4 ТДИ. Бучен бил моторот, но дали се слуша и внатре во кабина? Дали е поудобна вожњата со Голф наспроти Поло, во поглед на суспенсија, бучавост, и слично?
Кои се вашите мислења, за тие што имате возено и Голф и Поло?
Не знам дали цениве на Голф се високи заради квалитет или заради балканското „само гољф“ мислење