Зборот „колебање“ ми одговара за опишување на спор, laggy систем. Исто како што hesitation одговара и на англиски. Во секој случај, ти благодарам за конструктивниот фидбек, ќе се обидам да биде подобро во иднина.
А за загревање - еве, баш во мојот Голф, особено во комбинација со Андроид Ауто. Го прегрева телефонот (Galaxy S22), до степен да добијам нотификација и да престанат да работат апликации. За други коли, off the top of my head, не ми текнува. Сега ја возев Коната, работеше полначот одлично. Исто и во Geely Coolray.
Не ми текнува кај кои други коли сум приметил прекумерно загревање. Треба да пробуричикам низ тестовите, ама сигурен сум дека барем 2-3 пати го имам спомнато баш тоа. Финтата со таквиот проблем е дека е страшно неконзистентен - се случува мојот телефон да го прегрее, со друг телефон да нема никаков проблем. Или еднаш мојот телефон да прегрее, друг пат не. А убава работа си е гајтанлес полнењето.