Автор Тема: Помош околу Android Auto за Audi A4  (Прочитано 752 пати)

Отсутен alumen:)

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Помош околу Android Auto за Audi A4
« на: 20 Мај 2024, 23:57:45 pm »
Здраво,
Сакам да активирам Audi Smartphone Interface (Android Auto и Apple Carplay). Се работи за Audi A4, 2020 година. Системот на колата е MIB3 (MHI3). До сега не најдов решение на интернет, има само за постариот MIB2 (Со More incredible Bash не може. Дали може да ме упатите кај сервисер што знае да активира?
Деталите за системот се:
Software version:  3248
Hardware H8W2035043
Software version MHI3_ER AUG45S_P3248

Благодарам





Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош околу Android Auto за Audi A4
« Одговори #1 на: 21 Мај 2024, 01:21:50 am »
Обрати се во Re.Drive, ќе добиеш информиран одговор што може и што не може да се добие од твоето возило.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 921
Одг: Помош околу Android Auto за Audi A4
« Одговори #2 на: 21 Мај 2024, 09:52:53 am »
https://www.instagram.com/p/C2o-PlTsEvC/?igsh=cmVqdWxzczRoN3hl

Еве пример кај што правеле активација на Карплеј/Андроид Ауто на MIB3.

Отсутен Zaffy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Помош околу Android Auto за Audi A4
« Одговори #3 на: 21 Мај 2024, 13:46:14 pm »
Re.Drive сигурно нема да можат затоа што MIB3 користи SWaP (Software as Product) кодови што се генерираат само на VAG серверите соодветно на VIN бројот и серискиот од радиото и се проверуваат секогаш кога колата е поврзана со интернет (предпоставувам дека имаш и eSIM што значи цело време е).

Еден начин ти е да купиш SWaP директ од Audi преку сумјиви извори (читај Руси), ама мора да имаш VAS6154 затоа што VAS5054 не работи на новите коли, и преку ODIS ќе ти го активираат. Цената за европејци се движи од 650 до 900 евра, ако знаеш. некој Русин што може да им се јави и да им напрај муабет на Руски цената е од 200 до 300 евра.
Втора опција е од Ali да си смениш цел unit со MIB2 пачиран.

Или трет и сосема непрепорачлив чекор е да набавиш VAS6154, ODIS-E и ODIS-S, да најдеш начин да симнеш factory frimware што се користи за тестирање и што приафаќа SWaP кодови offline, да го најдеш соодветниот SWaP да го флешуваш и после над него да го вратиш оригиналниот frimware што истотака треба да го имаш. При се ова шансите да ја рикнеш бар пола електроника во колата се екстремно високи и неисплатиливи за да имаш CarPlay ама everything is possible :)

Отсутен alumen:)

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Помош околу Android Auto за Audi A4
« Одговори #4 на: 21 Мај 2024, 16:15:10 pm »
Наводно има системот сим картица (во касетата) али служи за поврзување со Audi Connect. Не можам да се конектирам на интернет. За update на мапи само преку usb можам да направам.

Отсутен Zaffy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Помош околу Android Auto за Audi A4
« Одговори #5 на: 21 Мај 2024, 16:25:58 pm »
eSIM-от работи константно и праќа телеметрии до серверите, интернет како хотспот да го користиш е достапен во европа ама мора да имаш активен subscription, eSIM-от се користи за автоматски надградби на софтвер, и онлајн функции врзани со телефон. И заради таа причина не може како на MIB2 да се пачира, MIB2 не е врзано на ваков начин со сервери константно.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5674
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Помош околу Android Auto за Audi A4
« Одговори #6 на: 21 Мај 2024, 16:37:24 pm »
Обрати се кај https://www.facebook.com/enkotuning?mibextid=ZbWKwL
Имам и ОДИС ако затреба (оригинален купен во комплет со Toughbook). Може и со obdeleven.

Отсутен Zaffy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Помош околу Android Auto за Audi A4
« Одговори #7 на: 21 Мај 2024, 17:15:26 pm »
@nestor04 не ме сфаќај погрешно ама не можеш да му завршиш работа нит ти нит некој Енко. Потребно е Audi Geko пристап со SFD/DSS/SVM што не знам ни Porsche кај нас дали го имаат во сервис со сите можни ствари отклучени.

Плус оригиналот (VAS6154) едвај се наоѓа и кошта над 1500 евра и притоа не иде со Toughbook, ама нема врска тој момент. И да имате некој Geko купен на 1 саат кинески/руски од старт ти кажувам со VAS5054 не работи и ги немате потребните SWaP-ови.

Не е ова заебанција нит локален чип тјунинг, збориме за уред што ги содржи јавните клучеви на цела VAG групација и комуницира и испраќа што се не до сервери во Естонија.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1301
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Помош околу Android Auto за Audi A4
« Одговори #8 на: 22 Мај 2024, 14:51:24 pm »
e-sim има најмалку 2 а можеби и 3. Обично едниот е за стандардна употреба- навигација апдејт / апдејт на систем / конекција со андроид епл апликации околу откучи/заклучи. Вториот е за интентет употреба низ Европа+Албанија а третиот е за емерџенси повик.
Некои од отклучувањата работат бидејќи не се третираат за сервиси, а некои се ресетираат после прв нареден мастер апдејт иако претходно се направени и функционални. Тоа кај мене се случи со отклучување на VIM (видео ин моушн)
Мислам дека Редрајв вреди да се проба.

Отсутен alumen:)

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Помош околу Android Auto за Audi A4
« Одговори #9 на: 22 Мај 2024, 20:13:43 pm »
Океј, ке се обидам во редрајв. Иначе за апдејт на мапи или firmware неможам преку интернет. Немам конекција нит можам хот спот од телефон. Едина опција ми е тој од Audi Connect. Не ни знам како се конектира воопшто. Апдејт на мапи (официјални) напраив преку usb. За firmware на mib-helper видов дека има нова верзија, ама колата ама нр ми го апдејтира, нит дава нотификација дека уопште има. На youtube гледав дека некако се ставаат licence кодови што овозможуваат сателитски мапи и доживотно бесплатни (ова за официјалните).
Фала како и да е