Автор Тема: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje  (Прочитано 4758 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #30 на: 07 Мај 2024, 17:58:23 pm »
Сале што се мачиш да објаснуваш не те разбирам. Уште @changetheoilsavethecar savethecar   да се појави и да каже дека треба да стави 10w-50 и може клуч на темава.

Отсутен antoniokaramarkov

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #31 на: 07 Мај 2024, 19:23:21 pm »
Blagodarnost do onie koj dadoa svoe normalno mislenje okolu problemot. Do onie koj pametisuvaat vaka ili onaka, povelete vo Mirkat imaat swift-ovi sto strakaat kako ferguson kupete si ili ke se podzamislite dokolku treba da potrosite 1M denari za izbor na vozilo ? Sto stapa po tugj grb ne bolat. Pozdrav ubav den.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #32 на: 07 Мај 2024, 20:50:15 pm »
Еее, кај беше пред неколку месеци кога продавав златен Свифт, ни да тропне ни да дрмне. Шала на страна, и мене ваков звук да ми дадеше Свифтот, ќе им го тупнев одма назад. Апсолутно не смее вака да прави, таа кола е толку тивка што кога ја возев ги слушав камчињата како се тркалаат на асфалтот.

Сепак, нивниот став е дека е све супер, си им го зел тоа на писмено и тоа е одлично. Сега останува на тебе да ја газиш на високи вртежи дур ланецот не побаци и клипот не ти пољуби некој вентил, па да ги видам дали после истата песна ќе ја пеат Миркат.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #33 на: 07 Мај 2024, 21:20:39 pm »
Еее, кај беше пред неколку месеци кога продавав златен Свифт, ни да тропне ни да дрмне. Шала на страна, и мене ваков звук да ми дадеше Свифтот, ќе им го тупнев одма назад. Апсолутно не смее вака да прави, таа кола е толку тивка што кога ја возев ги слушав камчињата како се тркалаат на асфалтот.

Сепак, нивниот став е дека е све супер, си им го зел тоа на писмено и тоа е одлично. Сега останува на тебе да ја газиш на високи вртежи дур ланецот не побаци и клипот не ти пољуби некој вентил, па да ги видам дали после истата песна ќе ја пеат Миркат.
Ние тука бевме, ама отиде Свифтот у Голденќар со 60% попуст на форумската цена.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #34 на: 07 Мај 2024, 23:09:25 pm »
Еее, кај беше пред неколку месеци кога продавав златен Свифт, ни да тропне ни да дрмне. Шала на страна, и мене ваков звук да ми дадеше Свифтот, ќе им го тупнев одма назад. Апсолутно не смее вака да прави, таа кола е толку тивка што кога ја возев ги слушав камчињата како се тркалаат на асфалтот.

Сепак, нивниот став е дека е све супер, си им го зел тоа на писмено и тоа е одлично. Сега останува на тебе да ја газиш на високи вртежи дур ланецот не побаци и клипот не ти пољуби некој вентил, па да ги видам дали после истата песна ќе ја пеат Миркат.
Ние тука бевме, ама отиде Свифтот у Голденќар со 60% попуст на форумската цена.

Други времиња беа тоа, кога половни возила вредеа поскапо него ново од салон.Се сменил пазарот па си легнале на брашното

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #35 на: 07 Мај 2024, 23:41:37 pm »
Blagodarnost do onie koj dadoa svoe normalno mislenje okolu problemot. Do onie koj pametisuvaat vaka ili onaka, povelete vo Mirkat imaat swift-ovi sto strakaat kako ferguson kupete si ili ke se podzamislite dokolku treba da potrosite 1M denari za izbor na vozilo ? Sto stapa po tugj grb ne bolat. Pozdrav ubav den.

Другар, јас само се потрудив да ти дадам другарски совет.
Од твоето видео и звукот кој се слуша имам чувство дека моторот ти работи одлично, а звукот личи како да е од тропање на вентили. Затоа првично сите ти рекле да не е лошо горивото, низок октански број итн итн. Но тоа не би требало да е случај, него е нормална работа на моторот, барем по мене.

Доколку искуцаш проблеми на свифт како твојот, никаде не се спомнуваат такви чудни проблеми како твојот.

Ако прогугламе некаде подлабоко, веројатно ке наидеме на твое прашање на сузуки форум каде што ти поставуваат прашање, а ти не им даваш одговор. Можеби и не си ти, а е коинциденција.

https://www.suzuki-forums.com/threads/strange-knocking-sound.282070/

Советите што ти ги дадов се најдобро намерни и ти посакувам да си поминеш милион километри со возилото.

Сале што се мачиш да објаснуваш не те разбирам. Уште @changetheoilsavethecar savethecar   да се појави и да каже дека треба да стави 10w-50 и може клуч на темава.

Ја би пробал 20w-50,  едно време такво ставав во 100кецот . Моторот предеше како сијамско маче. После извозени 50 км на отворено, ауспухот беше бел од позади...Тоа беше знак дека моторот е во беспрекорна состојба.  ;D


Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен antoniokaramarkov

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #36 на: 08 Мај 2024, 21:53:46 pm »
SaleSk ili ljube pisue od tvojov profil ili covek od mirkat nekoj 😂 te pobija povekje lugje deka ova NE E VO RED 😂 ne se nerviraj bratanac
« Последно менување: 09 Мај 2024, 17:14:25 pm antoniokaramarkov »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #37 на: 09 Мај 2024, 19:29:22 pm »
Го сети дека е лажен профил :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #38 на: 09 Мај 2024, 20:37:11 pm »
Шала на страна, и мене ваков звук да ми дадеше Свифтот, ќе им го тупнев одма назад.

Абеее ти за еден наслон не можеше да се разбереш, не пак за ова :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #39 на: 09 Мај 2024, 20:54:42 pm »
SaleSk ili ljube pisue od tvojov profil ili covek od mirkat nekoj 😂 te pobija povekje lugje deka ova NE E VO RED 😂 ne se nerviraj bratanac

Еееее со нивна помош ме разобличи.
Ke дојдам со службено возило да го пробаш и да кажеш дали вози исто. После ке те терам да ми вариш кафе доле на рентген пред жените :D ако си прва смена :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #40 на: 09 Мај 2024, 21:00:37 pm »
Срански служби роварат нис форумоф


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #41 на: 14 Мај 2024, 19:35:06 pm »
Шала на страна, и мене ваков звук да ми дадеше Свифтот, ќе им го тупнев одма назад.

Абеее ти за еден наслон не можеше да се разбереш, не пак за ова :D


Ееее, се разбравме убаво, на крај за беспари ми го монтираа наслонот

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #42 на: 14 Мај 2024, 21:48:36 pm »
Замисли да купиш нова кола и да не смееш да ја сецнеш гаста за да не тропа моторот. Замисли после тоа некој да ти каже дека пристапот ти е лош и ти уствари треба да ѝ се радуваш на колата.

Вака ми тропаше L13A1 моторот на Џезот од 2006та година со 300к километри на неа. Ваква појава не можам да толерирам на стара кола, а не па да ѝ се радувам у нова кола.

Бош муабет ептен.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #43 на: 15 Мај 2024, 12:01:08 pm »
Бош муабет ептен.

БОШ е добра фирма, ако станува збор за неа. Но тука се работи за друга проблематика.
Прво одиш во салон, гледаш, пробуваш, значи пробуваш и се одлучуваш да си купиш, или нема да си купиш.
Не е ова капут од Зара што си го порачал преку интернет, го пробуваш дома не ти се свиѓа и го враќаш назад.
Има и такви кои што нарачуваат гардероба, ги вадат етикетите, ја носат за некоја прилика ден, два, три, ги враќаат етикетите и ја враќаат во продавница.

Станува збор за возило. Станува збор за возило кое што е возено, амортизирано, итн итн, и е во гарантен рок.
И покрај констатацијата дека возилото е исправно, тука се сака да се истера некаква нанесена неправда.
Нејсе, ете ке се ангажира адвокат и ке се тера судска постапка.

Мене ме интересира крајниот исход, кој секако сум 99% убеден дека ќе му припадне на продавачот, односно Миркат.

Ако се навратиме низ постовите, неколку членови имаат некакви негативни искуства со нови возила,  да кажуваат, закануваат и еден куп други работи,  за да после некое време бидат седнати на маса и предупредени се разбира за еден куп кажани или пишани работи со кои можат да нанесат штета на голема компанија, која секако има обврска да им го реши проблемот, а и да застане во нејзина одбрана ако е во право, и секако после тоа да бара обештетување доколку се нанесени на нејзина штета и донесени во прашање репутацијата на компанијата и брендот што го застапуваат.

И никој не го слушнал моторот во живо за да дава коментари, затоа што тие се субјективни, а и ние како форумџии воопшто не сме компетентни да даваме стручни совети, однсоно сме да дадеме свое сугестивно м ислење за звукот од видеото.
Веројатно Сузуки има 100% попаметни луѓе кои се потпишале и дале свое стручно мислење за работата на моторот.


Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Suzuki Swift 2022 so 0km - cudno tropanje
« Одговори #44 на: 15 Мај 2024, 12:23:46 pm »
Човекот има -МАКА- пред да го купи автомобилот верувам горе наведно го знаел и да е доведен во заблуда со потенцијално купување на автомобил од овластен дистрибутер треба да докаже писмено бидејки усмено многу потешки се патишта кон докажување на вистината.

Да постои проблем сигурно постои во врска така наречено тропкање и слично бидејки купувачот образложил како дошло по само изнесување на автомобилот од вратите на салонот до накај автобуска/нова железничка неколку км се јавил проблемот ,не треба да се суди од ниту една страна и да се напаѓа револт постои и нормално е човек дал пари а не добил што барал и тотално има право да се одповика на своето па и да фрла со камења во овој случај кон овластениот бидејки тој ги земал пари ,тој ја продал колата а не испорачал тоа што е загарантирано во гарнацијата од не знам 3 год 5 год толку км волку км.

Ризик од купување на нов автомобил секогаш постотел но е мн мал % да ти се потрефи такво нешто значи постојал и ке постои од век -векова никој на никого не му гарантира бидејки ни овластениот не знае што ке испорачат од фабрика па затоа и постојат тие овластени затоа и се наплака цената бидејки пред да го пушти во употреба или да се предаде на купувач одговорен е овластениот да му го даде без проблеми автомобилот во исправна возна состојба па и сервис коа ке направиш потпишуваш дека е во исправна состојба а не ново возило . Во овој случај не е така човек има  МАКА проблем со колата тука потфрлил може да се рече овластенот јас немам бог знае какво искуство но тврдам дека бензинските мотори на сузуки не само на свифт се многу многу потивко верувајте луѓе дури не се ни слуша дека работи тврдам 100%.

Купувачот со проблемот на свифт треба да седне и да разговара разни луѓе тука дадоа мислење бидејки тој ги побара тој има проблем и секој прболем како настанал може да се реши. Постојат и не задоволни и задоволни купувачи неможе се да е добро па ни се лошо јас знам и блиски роднини кои се жалат од други овластени а некои кои се верни со 10тини години на некои овластени и не ги менуваат така да и твоето Сале е премногу defense . и ти да си извртел 15до19 илјади евра и ти ке се понашаш така.

Moето генерално искуство со Сузуки Мкд е прекрасно немам забелешка до сега тоа што го барам сум го добил коректно фер од две страни. Затоа велам се добро треба да се преиспита пред да се плати , бидејки после е доцна.

На купувачот му посакувам што побрзо да го реши проблемот единствено може со Миркат Скопје да реши друг начин не постои во негов случај и во Седиште во Јапан да отиде нема да го реши проблемот мислам дека свифт во Унгарија се склапа прави или представништо им е таму За Европа,и да проба со Скопје и Унгарија да реши проблем(ова со доза на резерва нека се земе за Унгарија)