Бош муабет ептен.
БОШ е добра фирма, ако станува збор за неа. Но тука се работи за друга проблематика.
Прво одиш во салон, гледаш, пробуваш, значи пробуваш и се одлучуваш да си купиш, или нема да си купиш.
Не е ова капут од Зара што си го порачал преку интернет, го пробуваш дома не ти се свиѓа и го враќаш назад.
Има и такви кои што нарачуваат гардероба, ги вадат етикетите, ја носат за некоја прилика ден, два, три, ги враќаат етикетите и ја враќаат во продавница.
Станува збор за возило. Станува збор за возило кое што е возено, амортизирано, итн итн, и е во гарантен рок.
И покрај констатацијата дека возилото е исправно, тука се сака да се истера некаква нанесена неправда.
Нејсе, ете ке се ангажира адвокат и ке се тера судска постапка.
Мене ме интересира крајниот исход, кој секако сум 99% убеден дека ќе му припадне на продавачот, односно Миркат.
Ако се навратиме низ постовите, неколку членови имаат некакви негативни искуства со нови возила, да кажуваат, закануваат и еден куп други работи, за да после некое време бидат седнати на маса и предупредени се разбира за еден куп кажани или пишани работи со кои можат да нанесат штета на голема компанија, која секако има обврска да им го реши проблемот, а и да застане во нејзина одбрана ако е во право, и секако после тоа да бара обештетување доколку се нанесени на нејзина штета и донесени во прашање репутацијата на компанијата и брендот што го застапуваат.
И никој не го слушнал моторот во живо за да дава коментари, затоа што тие се субјективни, а и ние како форумџии воопшто не сме компетентни да даваме стручни совети, однсоно сме да дадеме свое сугестивно м ислење за звукот од видеото.
Веројатно Сузуки има 100% попаметни луѓе кои се потпишале и дале свое стручно мислење за работата на моторот.