Автор Тема: BMW X1 20d xDrive  (Прочитано 825 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 937
BMW X1 20d xDrive
« на: 03 Мај 2024, 16:04:56 pm »
BMW X1 20d xDrive 2014 Facelift, ZF 8HP automatic, 184hp.

Еден куп коли гледав, ама никако да се најде зачувана кола со убава опрема, цена и километража. Оваа ми испадна случајно тазе увоз од Швицарска, ја видов во живо, ја однесов до АутоЕкспертиза и ја пазаривме. Колата покажа некои забелешки, ништо сериозно, се ефтино и лесно за корекција, мотор и мењач перфектни со реална километража 141к км. Внатре колата е многу зачувана, eдно хемиско ако се стигне до некој термин и баш она ФАБРИКА CH CH CH.

Ке се вози привремено додека да се најде тоа што барам без притисок. :)

Опрема:
Лед дневни со ксенон фарови
Двозонска ауто клима
Паркинг сензори со камера
Темпомат
Сензори за светло и дожд
Кожни седишта со греење и подесување во сите насоки
Навигација
Старт/Стоп
18ки бандажи

Пројдов 200км и задоволен од возење, тивка и убаво лега на патот. Моторот и мењачот убаво работат и убаво потегнува кога треба, а доста економична, 5.5 покажува на борд.

Амортизерите се спорт модел и се премногу тврди, може би ги заменил со нешто помеко. Има обично серво и воланот е многу тежок за низ град и паркирање, незнам зошто не ставиле електрично серво, ама тоа е.

Следно да се смени зглоб преден, има минимален луфт и да се направат сервиси, ако имате некоја препорака за добри сервисери пишете, со BMW не сум имал искуство, ке прашам и во M-Car колку би ме заклале. Треба и летни гуми да се стават, ако стигнам деновиве ако не после празници. Треба да однесам и кај некој да упдејтира мапи и веројатно може да се отклучат уште некои опции.









Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #1 на: 03 Мај 2024, 16:50:59 pm »
Со здравје да се вози!

М Кар би ги избегнувал надвор од гарантен рок :) Ауто Ин Џеповски кај АМСМ во Центар е убедливо најдобар избор ама не е ич ефтино. Убави муабети имам слушнато и за Биммер.

Од ZF има препорака на тој мењач да се сменат уље и филтер на 80-100к км, иако БМВ вика lifetime. Ти немаш некоја којзнае колкава сила што оди низ него ама јас да сум би го размислил и тоа во блиска иднина ако не е направено. Иначе е фантастичен менувач.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6377
  • Бенве сие бенве
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #2 на: 03 Мај 2024, 17:17:48 pm »
Честито, порано не се мењаше зглоб, цела полуосовина требаше да се смени. Мој совет ти е обавезно уље по БМВ спецификација во диференцијалите и задолжително во трансфер боксот (на секој 30000км) и ќе тера без проблем.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен BraneMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 937
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #3 на: 03 Мај 2024, 18:35:10 pm »
Со здравје да се вози!

М Кар би ги избегнувал надвор од гарантен рок :) Ауто Ин Џеповски кај АМСМ во Центар е убедливо најдобар избор ама не е ич ефтино. Убави муабети имам слушнато и за Биммер.

Ке прашам деновиве па ке пишам што и како кошта. Колку може да кошта мал сервис, овие Порше се рекордери.

Отсутен jokka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #4 на: 03 Мај 2024, 19:04:17 pm »
Супер избор со здравје да се вози. Како ги проверивте километрите дали се 100% точни? дали е добар ланецот на моторот слушам скап бил за мењавање

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #5 на: 03 Мај 2024, 19:10:24 pm »
Честитки, со здравје да се вози. За поновиот X1 F48, прашував за мене и не се менува зглоб туку цела полуосовина и кошта околу 1.000 евра. Треба да се консултираш со мајстор за ланчето дека на овој модел знае да се скине. Некој што разбира да ти каже.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #6 на: 03 Мај 2024, 19:12:18 pm »
Со здравје да се вози!

М Кар би ги избегнувал надвор од гарантен рок :) Ауто Ин Џеповски кај АМСМ во Центар е убедливо најдобар избор ама не е ич ефтино. Убави муабети имам слушнато и за Биммер.

Ке прашам деновиве па ке пишам што и како кошта. Колку може да кошта мал сервис, овие Порше се рекордери.

Ако идеш со БМВ масло и Хенгс филтри по мк цени, околу 300 евра. Подобро, филтри и масло од надвор и тука само промена

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8818
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #7 на: 03 Мај 2024, 19:21:48 pm »
Ja mislev si nashol to pred da go dadesh passatceto.

So zdravje da se vozi

Отсутен BraneMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 937
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #8 на: 03 Мај 2024, 22:26:32 pm »
Како ги проверивте километрите дали се 100% точни? дали е добар ланецот на моторот слушам скап бил за мењавање

Неможе да се знае со сигурност, генерално колата е многу зачувана и делува дека има малце км, коли со помалце км се далеку полоши од оваа. Има сервисна книшка со сервиси во Швајцарија, во АутоЕкспертиза и они проверуваа и испаднаа таа. 100% нема сигурност. По тоа што читав првите модели имале проблем, на овој фејслифт би требало да е среден до некаде проблемот со ланче, може треба да ја однесам кај некој специјализиран за BMW да ја провери подетално.

Честитки, со здравје да се вози. За поновиот X1 F48, прашував за мене и не се менува зглоб туку цела полуосовина и кошта околу 1.000 евра. Треба да се консултираш со мајстор за ланчето дека на овој модел знае да се скине. Некој што разбира да ти каже.

Во Србија имам роднина сервисер и кај него е 200е да се смени цела полуосовина. Моментално нема проблем, ама треба да се смени додека не почнало да лупа, ке средам за некој период.

Ja mislev si nashol to pred da go dadesh passatceto.

So zdravje da se vozi

Од двор ми го земаа, искинав патики цел месец барам кола и не најдов, па земав ова да се вози додека не налети нешто или не соберам пари и храброст да си отидам директ у Имачка и да дотерам. :D


Најдов за утре сервис термин да направам мал сервис, само јас да си земам материјали. Гледам ова 5w 30 LL 04 се препорачува. Кај нас што има квалитетно уље и филтри ?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8067
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #9 на: 04 Мај 2024, 15:36:52 pm »
Цицка !

Со здравје да се вози.

Отсутен BraneMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 937
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #10 на: 04 Мај 2024, 15:38:07 pm »
Направив денеска мал сервис со Castrol Edge 5w30 LL 04 и Filtron филтри за уље, нафта, воздух и кабина. Го проверив и зглобот и нема проблем со него, проблем е со стабилизаторот. Не стигнав да купам, ке сменев и тоа, 800мкд е.

Ставени и летни гуми Sava INTENSA UHP 2.

Следно хемиско да се направи после празници.

Отсутен BraneMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 937
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #11 на: 13 Мај 2024, 09:16:18 am »
Ја среди @dame како нова. CH CH CH :)