Автор Тема: Совет за купување на Peugeot 308 T9 со панорамски покрив  (Прочитано 784 пати)

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Друштво, ве молам споделете какви искуства имате со Peugeot возила со панорамски покрив или општо со панорамски покриви? Сакам да земам такво возило, но ме мачи панорамскиот покрив, бидејќи при возење приметив дека ме заморува светлината што ја забележав која доаѓа од самиот покрив иако беше затворен (има тенка завеса која го покрива и доста пропушта светлина). Дали ваквите кровови можат да се затемнат и колку тоа може да помогне во случајов.
Еве некакви слики од интернет, да се види на што мислам.
Благодарам.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5927
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совет за купување на Peugeot 308 T9 со панорамски покрив
« Одговори #1 на: 29 Април 2024, 17:21:43 pm »
Светлината е најмал проблем тука. Поголем проблем е прокиснувањето.

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Совет за купување на Peugeot 308 T9 со панорамски покрив
« Одговори #2 на: 29 Април 2024, 17:25:05 pm »
Светлината е најмал проблем тука. Поголем проблем е прокиснувањето.
Заборавив да напоменам дека не се отвара покривот, затворен е и залепен фабрички како и ветробранското стакло. Мислиш дека може да протекува иако е фабрички залепен?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5927
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совет за купување на Peugeot 308 T9 со панорамски покрив
« Одговори #3 на: 29 Април 2024, 18:56:22 pm »
Доколку е така не би требало да е проблем. Инаку за светлината ако многу ти смета има завеса која се трга, а може и фолија да ставиш ама многу ќе те кошта. Кај мене имам мал сончев кров и е 100% затемнет (фабрички) и не ми смета, ако ми смета ја тргам завесаа и возам. Сум се возел во кола со целосен сончев кров и не ми претставувало проблем како патник.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4998
Одг: Совет за купување на Peugeot 308 T9 со панорамски покрив
« Одговори #4 на: 29 Април 2024, 20:09:39 pm »
Sum imal vozila so ist takov pokriv 98% od vremeto vo Makedonija ke ti bide zatvoren

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Совет за купување на Peugeot 308 T9 со панорамски покрив
« Одговори #5 на: 29 Април 2024, 20:47:04 pm »
Мене ми беше погодена доста панорамата, но да, знае да пече летоска па што и да ставиш. Сепак доколку може да бирам, би ја одбрал зошто сметам дека позитивните работи натежнуваат повеќе од негативните. За жал изгледа следната кола ќе ја нема и ми е баш криво, но тоа е :(
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Совет за купување на Peugeot 308 T9 со панорамски покрив
« Одговори #6 на: 29 Април 2024, 21:10:23 pm »
Ќе скроиш стиропор, и цепај мишко.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Совет за купување на Peugeot 308 T9 со панорамски покрив
« Одговори #7 на: 29 Април 2024, 22:29:16 pm »
Мене ми беше погодена доста панорамата, но да, знае да пече летоска па што и да ставиш. Сепак доколку може да бирам, би ја одбрал зошто сметам дека позитивните работи натежнуваат повеќе од негативните. За жал изгледа следната кола ќе ја нема и ми е баш криво, но тоа е :(
Имаш избрано веќе следна? Дај малце да исплакнеме очи

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Совет за купување на Peugeot 308 T9 со панорамски покрив
« Одговори #8 на: 30 Април 2024, 00:46:07 am »
Ќе биде представена кога ќе биде се сигурно и регистрирано. Сега за сега нема такво ништо. Мал хинт, нема да биде Опел.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA