Провери да не влече фалш воздух од некаде , сензор на брегаста , ѓубре во резервоар...
Кога веќе спомна сензор на брегаста ме замисли, проблемот го јавува и на загреана кола, еднаш застанав после возење, убаво загреана кола и после од неколку обиди запали.
Од каде ставаш бензин и дали 95ка или 98/100 ?
Татко ми става од Лукоил 95, јас последно ставив од Макпетрол 95, немав успат Лукоил а се брзав. Ќе го прашам дали и него му правеше вака пред да ми ја даде колата.
Пунтото нема филтер за гориво,а често се расипува и неповратниот вентил на пумпата па на палење му треба подолго време да го напуни системот.
На претходното Пунто ја менувавме пумпата поради јак мирис на бензин позади, сега нема да се осеќа бензин, ама не е лошо да се испита да не е до тоа.