Автор Тема: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'  (Прочитано 2345 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« на: 29 Април 2024, 10:40:52 am »
Пунтото ќе го изложам и тука чисто за евиденција како оди дружбата, одржувањето, сервисирањето, од искуство знам дека доста ќе се дружиме. Мене многу ми прави кеф, посебно низ Скопје. Како што пишав во огласот при потрагата по ваков модел, сосема случајно се налета на колата, не беше на оглас. Цената и состојбата беа пресудни одма да се реагира и да се земе, иако немаше од опрема тоа што на почетокот се бараше (серво и клима). Татко ми, за кого е земена колата, реално не користи клима во кола а и без серво не е страшно.

Мора веднаш да направам споредба со претходното Пунто 2 со 1,2 и 16 вентили со 80 кс, има осетна разлика, посебно при тргнување/старт и забрзување, ама на стариот овие параметри не му играат никаква улога.

Пунтото е средено комплет, односно направен му е голем сервис, набавени се 4 целосезонски Матадор и хемиско, која инвестиција вкупно чинеше околу 450 евра.

Голем сервис е направен во овластениот сервис на Фиат Велиновски во Куманово на 156.295 км и вклучува (со цени):
1. Сет за ребраст (ремен и затегнувач) 2200 ден
2. Пумпа за вода ................................2800 ден
3. Семеринг за радилица ..................... 350 ден
4. Семеринг за брегаста ...................... 450 ден
5. Линиски ремен ПК .......................... 400 ден
6. Замена сет ребраст ........................ 3000 ден
7. Моторно масло Селениа Голд 3 л..... 2100 ден
8. Филтер за масло............................   500 ден
9. Филтер за воздух ............................ 550 ден
     Вкупно........................................ 12350 ден

Гаранција 5 години или 80.000 км.

Дополнително беше ставен обртометар од друг модел на Пунто кој што имаше опција да покажува обртаи, температура, потрошувачка на гориво, затоа што основниот модел на Пунто ги нема овие опции.

Еве и по некоја слика како изгледа сега колата:







Нови патики сет 4 гуми Матадор MP 62 All Weather EVO по цена од 2600 ден гума


Патосници по пропис Гледринг


Обртометар како што треба да има


Хемиско локал Куманово:














Останува во здравје да вози стариот и нормално чат пат да ја „крадеме“ по потреба
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #1 на: 29 Април 2024, 10:44:35 am »
Создравје да се вози пиц пец по порпис сте ја средиле освежиле

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #2 на: 29 Април 2024, 10:58:16 am »
Убаво си го погодил, со здравје да се вози,домакински чувано ми гледа. Ова од пријател некој шо беше така  ? Само еден плин ти фали ако е за низ град дефинитивно.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #3 на: 29 Април 2024, 15:16:46 pm »
Абе, прво мора клима и серво, а сега татко ти не користи клима и без серво се живи. Се тешиш а?  ;D

Со здравје да се вози. Понатака, земи му едно воланче од растурачиве на фиат, да заличи и внатре.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #4 на: 29 Април 2024, 16:34:40 pm »
Sozdravje da se vozi i dolgo da ve sluzi.
Nego koga menuvase saltabla ne ti trepka saatot dole za kilometrazata ili ti go sredija na kompjuter ?
Odlicno ste go skockale za pocetok so full servis sega stariot kje si bide miren. Nego ocekuvaj sega doticen clen da ti pishe kako mozese vaka da go zaebes sopstveniot roditel koj te izrasnal vo zrela licnost. Trebase da se istreses barem 18.000€ da mu zemes novo vozilo i da uziva vo penzionerskite denovi :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #5 на: 29 Април 2024, 16:41:37 pm »
На кредитче, за само 79€/месечно за следните 15 години.  ;D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #6 на: 29 Април 2024, 20:32:23 pm »
На кредитче, за само 79€/месечно за следните 15 години.  ;D
yess...mnogu lesno so 100 stapa na tugj grb.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #7 на: 30 Април 2024, 10:49:15 am »
Убаво си го погодил, со здравје да се вози,домакински чувано ми гледа. Ова од пријател некој шо беше така  ? Само еден плин ти фали ако е за низ град дефинитивно.
Да сосема случајно, човекот доби во наследство нова Корса и му останаа две коли „вишок“, имаше убаво Цитроенче Ц3 2007 со 100к км и го даде за 2500 е и ова Пунто кое му служело како втора кола. Инаку нема потреба од плин со оглед на километражата татко ми што би ја поминувал годишно.

Абе, прво мора клима и серво, а сега татко ти не користи клима и без серво се живи. Се тешиш а?  ;D

Со здравје да се вози. Понатака, земи му едно воланче од растурачиве на фиат, да заличи и внатре.
Јас лично за мене не би зел кола без клима и серво, за него знам дека не ја пушташе климата во претходното возило, а за серво стара школа е, ќе се навикне :). За воланот понатаму, дали се преслече во некоја кожа со конец зашивање (некој тука на форумот правеше и убаво излезе) или да се земе сочуван волан, сега за сега е ок.

Sozdravje da se vozi i dolgo da ve sluzi.
Nego koga menuvase saltabla ne ti trepka saatot dole za kilometrazata ili ti go sredija na kompjuter ?
Odlicno ste go skockale za pocetok so full servis sega stariot kje si bide miren. Nego ocekuvaj sega doticen clen da ti pishe kako mozese vaka da go zaebes sopstveniot roditel koj te izrasnal vo zrela licnost. Trebase da se istreses barem 18.000€ da mu zemes novo vozilo i da uziva vo penzionerskite denovi :)
Се беше средено, не се запали ниту една сијаличка, многу е подруго со овој обртометар, не знам како воопшто ставале онакви едноставни само што покажува км/ч и гориво во резервоар, а компјутерот по секако си дава повратни информации за сите опции. 
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #8 на: 20 Јуни 2024, 13:30:40 pm »
Треба да се смени капачката за масло, не е стандард со навој туку како тапа (така ми опиша татко ми), од каде да се земе, дали е најдобро оригинал да се бара, да се проба со Аутомобиле СК или има и заменски со добар квалитет, благодарам
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #9 на: 20 Јуни 2024, 13:35:16 pm »
Site se tie kako tapa nemaat navoj i od otvaranje so vreme se kine. Nekoja tvrda guma e materijalot. Neznam jas lani nekade prasuvav ama od pust nemukaet nestignav da zemam.
Ako nakdes i pazaris molimte pisi ovde da znam i jas kade da zemam za mene.
Prvo zaclenise na fb grupata za Fiat mislam bese Fiat club oglasnik pisi tamo deka baras nova kapacka za maslo odma kje te upatat kade sto.
Gledas sega kje si apnes od gazot mesto da si zemese nova kola na kreditce po 100€ rata mesecna i da ne te boli glava  ti sega kje pies apcinja za smiruvanje za kapacka za ulje koja kosta sto znam 300-500 denari :)


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #11 на: 20 Јуни 2024, 22:46:14 pm »
Таа првата е, Империум, од првиот линк
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #12 на: 20 Јуни 2024, 23:07:32 pm »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #13 на: 20 Јуни 2024, 23:54:40 pm »
Arno rekov 300 den kapacka ama ne mi teknuvase kade gledav lani.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Фиат Пунто мк2а 1,2 8v 00'
« Одговори #14 на: 21 Јуни 2024, 10:42:03 am »
Во Октопод во Ѓорче имаше оригинал капачиња за масло. Пред да го продадам пунтото баш менував капаче, старото ми се скина при последната промена на масло.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk