Автор Тема: CARclub Тест: Geely Atlas Pro  (Прочитано 2952 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« на: 26 Април 2024, 09:35:12 am »
Додека го крчкам тестот, еве неколку фотки + коментари.











Значи, Geely Atlas Pro. Пред да прашате, не знам дали ќе има и Pro Max. ;D

Како пакет, прилично компетентно возило. Доволно простор, многу опрема, солиден фит и финиш. Изгледа коректно, ненаметливо. Не е грда кола, туку баш онака, најрегуларен SUV. Ако позамижи човек, од напред личи на Volvo XC60 од AlIExpress.

Моторот е развиен заедно со Volvo (и колку што знам е истиот мотор што се вградува во XC40, со некои варијации). 1.5 литри, три цилиндри, MHEV, 177 коњи, 300 Nm. DCT и AWD. Малку е летаргичен во нормален режим на работа, ама па не може да му се замери на ефикасност. Низ град покажуваше потрошувачка од околу 8.5 литри бензин на 100 километри. Дури би рекол - браво.

Колата вози коректно. Како повеќето кинески возила, малку фали (до)штелување на суспензијата, особено за онакви мали остри нерамнини. Иначе, комотно. Кабината е генерално прегледна (иако кон задниот дел е малку ограничено ради високиот заден раб). Ергономијата е океј, иако (повторно, како кај повеќето кинески возила) фали дополнително нагодување на воланот по длабочина.

ЕДИТ: Еве го тестот:

https://www.carclub.mk/2024/05/03/test-geely-atlas-pro-1-5t-4wd-mhev-samouveren-nastap-na-kineskiot-gigant/
« Последно менување: 03 Мај 2024, 17:14:16 pm zeroSignal »

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #1 на: 26 Април 2024, 11:07:38 am »
Mozam da potvrdam za Fit & Finish, za ostanatoto naskoro :D
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #2 на: 29 Април 2024, 08:33:22 am »
А сервис и тие работи има???

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #3 на: 03 Мај 2024, 17:17:08 pm »
@stefanel984 - Секако. Во моментов се работи на објектот кој ќе биде дел од мрежата на Sixt.

Инаку, текстот е објавен!

https://www.carclub.mk/2024/05/03/test-geely-atlas-pro-1-5t-4wd-mhev-samouveren-nastap-na-kineskiot-gigant/

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #4 на: 03 Мај 2024, 17:25:08 pm »
Многу општо напишано, дај тука за нас пиши конкретно споредба со европскиве конкуренти. Мене многу ми се допадна изработката кога го гледав во живо, колку реално троши дали мењачот е подобар од на киа и слично. :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #5 на: 03 Мај 2024, 17:35:39 pm »
Зависи со што ќе го споредуваш. Еве, ако споредуваме со Kia - мене Sportage и подобро ми изгледа, и нијанса подобро ми е склопен внатре. За да ти кажам дали менувачот е подобар или не, треба да ги споредам back to back. Не знам зошто толку мислиш дека менувачот на Киа не го бива? Не е толку мазен како ZF8, тука нема муабет, ама генерално е коректен.

Тука се гледа дека многу внимание посветиле на ефикаснота и економичноста, па затоа е моторот и малку удавен. Внатре ми е комотно, иако ми фали дополнително подесување на воланот по длабочина. Кабината на изглед како да е една генерација позади онаа на Kia, иако технологиите ги има. И генерално, скоро сите кинески возила што сум ги возел до сега, имаат една мала „здрвеност“ на суспензијата. Генерално се комотни, ама има цврстина што доаѓа до израз на мали нерамнини. Искрено, очекувам дека со посалам гуми, би било значително подобро.

Потрошувачката која ми ја покажа на борд беше таа - меѓу 8.5 и 9 литри на 100 километри. И тоа воопшто не ме изненадува, моторот го дели со Volvo XC40.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #6 на: 03 Мај 2024, 17:39:07 pm »
За 5год кога ќе дојде кијата за смена таман ќе се усовршат кинезите. Јас мислев помалиот модел го тестираш, јас очекував 7 седишта да има на толкава каросерија но ме изненади кога видов дека е со 5. Давај друг кинез.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #7 на: 03 Мај 2024, 17:56:44 pm »
Зависи со што ќе го споредуваш. Еве, ако споредуваме со Kia - мене Sportage и подобро ми изгледа, и нијанса подобро ми е склопен внатре. За да ти кажам дали менувачот е подобар или не, треба да ги споредам back to back. Не знам зошто толку мислиш дека менувачот на Киа не го бива? Не е толку мазен како ZF8, тука нема муабет, ама генерално е коректен.

Тука се гледа дека многу внимание посветиле на ефикаснота и економичноста, па затоа е моторот и малку удавен. Внатре ми е комотно, иако ми фали дополнително подесување на воланот по длабочина. Кабината на изглед како да е една генерација позади онаа на Kia, иако технологиите ги има. И генерално, скоро сите кинески возила што сум ги возел до сега, имаат една мала „здрвеност“ на суспензијата. Генерално се комотни, ама има цврстина што доаѓа до израз на мали нерамнини. Искрено, очекувам дека со посалам гуми, би било значително подобро.

Потрошувачката која ми ја покажа на борд беше таа - меѓу 8.5 и 9 литри на 100 километри. И тоа воопшто не ме изненадува, моторот го дели со Volvo XC40.
ZF8 ne e klasicen avtomatik? Drugive mislam se CVT. Ili greska sum?

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #8 на: 03 Мај 2024, 18:21:03 pm »
ZF8 е класичен torque converter. Овие за кои зборуваме се DCT (Dual Clutch Transmission) или по номенклатурата на Volkswagen, DSG.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7073
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #9 на: 03 Мај 2024, 18:37:05 pm »
За 5год кога ќе дојде кијата за смена таман ќе се усовршат кинезите. Јас мислев помалиот модел го тестираш, јас очекував 7 седишта да има на толкава каросерија но ме изненади кога видов дека е со 5. Давај друг кинез.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Pro MAX е тој со 7 седишта, овој е со 3 камери само.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #10 на: 03 Мај 2024, 18:55:44 pm »
@stefanel984 - Секако. Во моментов се работи на објектот кој ќе биде дел од мрежата на Sixt.

Тоа е добро, пошто мислам ќе има купувачи. Искрено бев во „салонот“ во Џевахир малл, ок е возилото. Изработката е одлична, може да се бори со европската конкуренција(мене лично од сите кинески брендови кај нас, овој ми остави баш впечаток,го гледав cherry, MG, ама незнам, личен став). Ипак влече нешто од позвучни по име браќа и сестри. Видиш не се сеќавам, само на брендот на гумите кои го имаа ставено.  Мене пример така на прв поглед по одредени елементи помалиот модел, Coolray,  ме потсеќа на Volvo XC 40, не 100% ама во одредени делови.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #11 на: 03 Мај 2024, 18:57:42 pm »
Дефинитивно е скалило погоре од Chery, MG и DFSK. Без муабет. Би го споредил директно со новиот Haval H6.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #12 на: 03 Мај 2024, 19:37:40 pm »
Рецензијава мех исто како и моделов што е очигледно. Навистина не ги следам, ама ова се нови модели и брендови на пазарот, нели треба да доближиме зашто да сме возбудени за нив? Овој пример глеам има доста опрема, греачи на задни седишта што ги нема ни како опција кај конкурентиве...

Од друга страна тоа инфотејментот очигледно е дупка, кога гледам на екран копче ONE-CLICK CLEANING - повеќе го третираат како оние Android таблетине што ги вградуваат во Dog Security.



Не знам зашто ми треба рецензија да читам дека колава вози коректно. Зар во 2024 има некој нов модел што не вози БАР коректно? Дај нешто интересно, уникатно извлечи - интрото ти е супер каде ги претставуваш Geely и после се губиш во сивило.
Само сликиве мора да ги пофалам топ се.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #13 на: 03 Мај 2024, 20:04:32 pm »
Колава изгледа супер генерично и како да е десетина години стара
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #14 на: 07 Мај 2024, 11:46:59 am »
Па реално, генерично и е. Не е нешто што треба или може да „возбуди“. Мое мислење е дека е возило што се купува со разум - поради добра цена, многу опрема, добар мотор и океј дизајн. Кај нас прилично брзо се прифатија кинеските возила, а мислам дека Geely ќе пројде најлесно пошто луѓе веќе го знаат (колку-толку) брендот иако не се продавал кај нас до сега.