Автор Тема: CARclub Тест: Geely Atlas Pro  (Прочитано 2589 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29512
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #30 на: 15 Мај 2024, 09:54:19 am »
Кајен секогаш возел многу добро. Панамера секогаш возела одлично.

Новиот Кајен не вози како SUV. Повеќе вози како огромен хот хеч.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 394
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #31 на: 16 Мај 2024, 02:19:08 am »
Па реално, генерично и е. Не е нешто што треба или може да „возбуди“. Мое мислење е дека е возило што се купува со разум - поради добра цена, многу опрема, добар мотор и океј дизајн. Кај нас прилично брзо се прифатија кинеските возила, а мислам дека Geely ќе пројде најлесно пошто луѓе веќе го знаат (колку-толку) брендот иако не се продавал кај нас до сега.

Јас пак сум на мислење дека најдобро е прифатен MG, распространети се низ цела Европа, имаат широка мрежа на сервиси во скоро сите земји, локално кај нас таксистите купија еден куп MG-a (а и приватни ZS гледам многу) така да се добар лакмус како ке се покажат со секојдневно малтретирање градска вожња а и бргу се ствара критична бројка за сервис и делови, понатака и за делови од половњаци. Исто така доаѓаат со 7 години гаранција наместо со 4-5 год колку што имаат Geely а реално поради страв од непознато мислам дека гарантните рокови се многу битни за непознат бренд кој труди да се пробие.

Зборувам од своја гледна точка зошто ми фати око Coolray-от уште кога бев на Европската премиера, но после малку по обемно истражување сватив дека за Geely е премногу рано. За почеток фалат било какви подетални информации за моделиве, нема ниту на англиски така да неможеш саглам да се информираш што купуваш, сепак не е мала пара во прашање. Моторите веќе не се од Волво (новиот 1.5 е со 4 цилиндри, не е повеќе оној од 3 кој е во овој модел и кој го делат со Волво). Инфотејментот иако фенси не се контектира со Андроид Ауто/Apple Car Play, многу чудно за кола од 2024. Каросеријата не е целосно поцинкувана, повторно чудна одлука за кола од 2024. Колите во нашиот регион доаѓаат на no-name (Batmen???) кинески гуми наместо Continental како во некои други пазари (пр. Белорусија/Русија). Гаранциите се 4 годишни, сервисите поскапи од поедини европски брендови. Уште една, можеби најбитна ставка бидејќи често патувам во странство, не постои воопшто претставништва на Geely по западна Европа. Може да замислам каков шитшоу би бил ако имам некој дефект пример во Швајцарија или Германија. Кога сервисната мрежа би се проширила бар на ниво на MG, кога би постоеле потранспарентни информации за возилата и некое локално исксутво со моделите/преставништвото дури тогаш верувам дека би можело кај нас да имаат добра продажба, зошто секако неспорно нудат многу за цената.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29512
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #32 на: 16 Мај 2024, 07:44:36 am »
Реков најлесно, не најбрзо ни најдобро. Најлесно, затоа што кај нас народот веќе прифати кинески брендови - како што и самиот си приметил, по улици гледаме доста MG, особено таксисти дека ги возат. Плус, по улици гледам и доста DFSK T5 Evo, па и редовно гледам Chery Tiggo 8 Pro. Во услови во кои веќе се продаваат неколку кинески брендови, многу полесно ќе пројде уште еден. А за Geely патот е веќе и делумно изоден, затоа што луѓе го знаат, го читале по медиуми.

Е сега, во однос на другиве работи.. Ни Atlas Pro ни Coolray не се „нови“ модели. Atlas Pro е теееехнички од (мислам) 2019, Coolray е од (мислам) 2022. Тоа не ми е замерка, напротив - подолго време постојат, испеглани проблеми, итн. Во однос на Android Auto / Apple CarPlay, има, ама со кабел. За поцинкувана каросерија - тоа не знам.

Кај нас (конкретно во Македонија) не стигаат со Atlas Batman (да, така се викаат гумите), туку со GiTi Giticomfort. Сo Batman гуми стигнаа некои модели на Chery, ама мислам дека и кај нив треба со други гуми веќе да стигаат.

Како и да е, имаат огромен потенцијал. И веќе добро им тргна.

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #33 на: 16 Мај 2024, 15:49:15 pm »
Ги гледав неколку пати изложени во Џевахир. Изгледаат баш добро, но она што приметив е дека ги носи некоја рента кар компанија?

Прашањето ми е

Дали и каде имаат сервис во Македонија?
Има ли можност за тест воопшто?
За изложениот модел ценава стои 28000 еу.
Колку би биле флексибилни одприлика со попуст?

Бидејќи во Џевахир се само изложени и никој човек нема да ти објасни и покаже подетално



Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29512
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #34 на: 16 Мај 2024, 17:55:07 pm »
Да, ги увезува Делфино Аутомотив, односно Sixt.

- Да, во моментов работат на објект каде ќе биде поставен сервисот. Салонот сега за сега ќе си остане во Џеваир.
- Секако дека има можност за тест. Баш возилото кое јас го возев е моментално тест-возило. Се погодило да нема никој во Џеваир во тој момент, иначе си има човек - и тоа ептен професионален. Порано работеше во Мак Аутостар, конкретно за Mitsubishi.
- Не знам дали и колку би имало можност за попуст. :/

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: CARclub Тест: Geely Atlas Pro
« Одговори #35 на: 16 Мај 2024, 18:57:12 pm »
Се сложувам јас веке знам 3ица шо се потенцијални купувачи подобро џили атлас про за таа пара него жабараката линеа или недај боже нацист поло.Живео азијат растур ке направат го видов во живо ми се допаѓа

Колку е цена на основниот модел? За 30.000+ сигурно никој не се мисли линеа или поло да зима.