Автор Тема: Audi A5 Sportback 3.0 TDI  (Прочитано 6534 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #30 на: 13 Април 2024, 12:25:59 pm »
Вратени денес стандардните бандажи, и намонтирани нови патичиња, Michelin Pilot Sport 5. Разликата во поглед на зимските 17-ки преголема, во секој поглед, од управливост, мекост при возење, вртење. Иако новите гуми се потполно иста димензија како старите 19-ки, мишелинкиве ми изгледаат потесни. Можеби ме лаже диоптерот  ;D

Да не иде постот сув, неколку слики во прилог.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #31 на: 13 Април 2024, 15:06:06 pm »
Со здравје да се вози.
Дали овој мотор има проблем со притисок на масло или друг код е овој мотор?
Sent from my iPhone using Tapatalk

Колата е 2 години кај мене, поминав 20.000км, досега, само редовни сервиси имам правено, да чукнам во дрво. Од проблеми, ако така можеш да ги кажеш е што ако удриш поголема дупка, знае да го вклучи сензорот за промена на плочки на кочници, и зимава на ниски температури, по возење на кратка релација, да кажеме 2 километри, и повторно стартување на колата, да има нерамна работа на обртометарот, за краток период, да речеме 10-15 секунди. Штом тргнеш, се се враќа во нормала. 

Немаат мака со тоа како што знам и читав, а доста читав. Имаат мака со брегастите осовини и разводните запчаници на истите, но доста поретко е во 2018. А и секако на 100ккм е прерано. Обично кај сите коли големите проблеми се над 200/250ккм, а тогаш веројатно некој друг ќе му ја мисли наместо тебе.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3004
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #32 на: 13 Април 2024, 18:38:44 pm »

Се е релативно може да се случи и на 50.000км а може и никогаш. Еве неколку видеа каде што се јавува тој проблем.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #33 на: 13 Април 2024, 20:36:37 pm »
Тие што имаат проблем пишале, тие што немаат не пишуваат, така да ако се водиш и пишеш на гугл проблем за нешто ќе испадне секако резултат.
Конкретно ете секаде како проблематични ги водат моторите со код на мотор CRTC, кај Томи е DCPC, затоа и реков во 2018 е доста по редок овој проблем. Проблемот е мн почест кај Q7, мн поретко кај А5, не дека е и неможе да се случи. Али како што кажав, сосема Ок си е моторот. Не е совршен секако, како и секој мотор.
« Последно менување: 13 Април 2024, 20:42:02 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #34 на: 13 Април 2024, 21:29:34 pm »
Моториве што си ги постирал @Dule_ се сите со MHEV технологија(освен SQ5 кој е една генерација постар од мојот), нешто што иако е поново како технологија, не сакав да го имам во предвид пред купувањето, заради тој ужасен лаг кога во возење нагло ке стигнеш гас. Дури и луѓе кои генерално секогаш даваат добри ривјуа за Audi возила го посочија ова како нешто што многу пречи кога возиш, и тогаш само претпоставував колку навистина е лош тој лаг кога тие не ти ја кажуваат целосната приказна. А тој лаг го има во скоро секое Audi со Mild Hybrid технологија. Читав по форуми дека до некаде го решаат тој лаг со понов софтвер на менувачот. Втор голем проблем со истите возила е што меѓу 100-150.000 редовно цркнува алтернаторот, и е 2000Е замена.

Како и да е, како и со секое возило, 10% од вредноста на возилото имам на страна, за баш вакви, неочекувани поголеми проблеми. На А4-ката ми отиде замаецот на 47.000 км, и замената заедно со работната рака чинеше 108.000 денари во Порше Македонија. Така да, на нас останува редовно да менуваме масло, филтри, и да не ја мачиме колата дур не постигне температура, и на мотор, и на масло. Во план сум на 120.000 км да направам голем сервис, и целосно да се прегледа колата, баш заради потенцијални проблеми во иднина, да се решат на време.

Од тука натака, се е среќа.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1623
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #35 на: 18 Април 2024, 14:14:47 pm »
Со здравје да се вози.
Дали овој мотор има проблем со притисок на масло или друг код е овој мотор?
Sent from my iPhone using Tapatalk

Колата е 2 години кај мене, поминав 20.000км, досега, само редовни сервиси имам правено, да чукнам во дрво. Од проблеми, ако така можеш да ги кажеш е што ако удриш поголема дупка, знае да го вклучи сензорот за промена на плочки на кочници, и зимава на ниски температури, по возење на кратка релација, да кажеме 2 километри, и повторно стартување на колата, да има нерамна работа на обртометарот, за краток период, да речеме 10-15 секунди. Штом тргнеш, се се враќа во нормала.
За тресењето, на старото БМВ се јави проблем, поради стар акумулатор (првиот беше после 12 години :) ) и слаба ударна моќ откажа релето за грејачи и изгоре еден од грејачите. Исто такво тресење на палење и нерамномерна работа имаше моторот во првите секунди, на потопло време немаше никаков проблем. Измери си го акумулаторот и провери грејачи :)

Ние лесно поминавме, околу 100еур грејачи и реле и 250еур акумулатор со програмирање.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #36 на: 31 Мај 2024, 23:47:54 pm »
Стигна комплетниот сет од Макстон, конечно. Ке бараме слободна гаража во наредниве неколку дена, да го намонтираме заедно со новата предна маска.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #37 на: 03 Јуни 2024, 08:55:41 am »
Многу голем гепек имаш, бравос.

Ајде давај слики после монтажа. Како издржа 4 дена.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #38 на: 03 Јуни 2024, 14:13:09 pm »
Многу голем гепек имаш, бравос.

Ајде давај слики после монтажа. Како издржа 4 дена.
Нажалост, во моментов, ниту имам своја работилница, ниту алат за ваков потфат. Се надевам дека викендов што иде, ке украдам еден ден да го средам ова.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 942
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #39 на: 03 Јуни 2024, 14:26:31 pm »
Многу голем гепек имаш, бравос.

Ајде давај слики после монтажа. Како издржа 4 дена.
Нажалост, во моментов, ниту имам своја работилница, ниту алат за ваков потфат. Се надевам дека викендов што иде, ке украдам еден ден да го средам ова.

Не е само 3М дуплофан и шрафови на постоечки дупки, бар во предниот браник?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #40 на: 03 Јуни 2024, 14:50:24 pm »
Многу голем гепек имаш, бравос.

Ајде давај слики после монтажа. Како издржа 4 дена.
Нажалост, во моментов, ниту имам своја работилница, ниту алат за ваков потфат. Се надевам дека викендов што иде, ке украдам еден ден да го средам ова.

Не е само 3М дуплофан и шрафови на постоечки дупки, бар во предниот браник?

Ке го вадам предниот браник целосно, и ке ја сменам и маската напред. Има работа, затоа што ке мора да се извади камерата и предните сензори, а маската е прицврстена со повеќе од 15-тина штрафчиња за браникот, и ке мора се да се извади. Полесно ке ми биде да го наместам липот на веќе извадена маска. Инаку, за страничните прагчиња и позади, ке биде баш како што си пишал.

Не е комплициран процес, ама ке си одземе време, плус ако има потреба и од рекалибрација на адаптивниот темпомат, затоа што радарите се долу во браникот. Ке мора и шината некако да ја покријам/префарбам во црно, затоа што новата маска е поотворена, и ако не ја решиш шината позади, ке го добиеш ова белово, што ке го сјебе целиот изглед.

Идејата е финалниот изглед да биде одприлика ваков, минус Quattro знакот, и веројатно, беџот ке остане да биде стандарден.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #41 на: 03 Јуни 2024, 14:53:25 pm »
Доколку не ги мрдаш радарите, не треба калибрација. Можеш да го смениш браникот и без да е потребно да ги калибрираш после. Исто така и камерата доколку ја промениш на изгасена кола не ти треба калибрација и за таа. Доколку е потребна калибрација прашај првен во Порше дали знаат да прават и дали имаат опрема за истото, зошто.... Македонија :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1814
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #42 на: 03 Јуни 2024, 15:01:27 pm »
Друг лик ке добие чекаме нови слики, Саше кога ке изненадиш ти со нова тема :D

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #43 на: 03 Јуни 2024, 15:54:36 pm »
Odvaj cekam da vidam kako ke bide  i ako ti treba i ako znaes kako da ja rabotis imam dijagnoatika vcds

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #44 на: 09 Јуни 2024, 20:17:57 pm »
Фали едно перење убаво, и сликање со поубаво светло.

Вакво беше...

Од сега па натака, вакво ке е.