Автор Тема: Audi A5 Sportback 3.0 TDI  (Прочитано 6725 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #45 на: 09 Јуни 2024, 21:02:32 pm »
Браво, одлично изгледа.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #46 на: 09 Јуни 2024, 22:01:27 pm »
Уф браво. Баш денес гледав преден лип за кај мене, време е да нарачам. 😁

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #47 на: 09 Јуни 2024, 23:24:34 pm »
Одлично искочило, одма друг лик

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #48 на: 10 Јуни 2024, 11:50:18 am »
Интересен апгрејд, стварно убаво изгледа.
Само планирај пошироки бандаши за бракото оти ќе ти шета на 200та :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #49 на: 10 Јуни 2024, 15:03:24 pm »
Prekrasno izgleda

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #50 на: 12 Јуни 2024, 10:28:35 am »
Ставени нови патосници, овој пат ОЕМ гумени, прав ерес. Закажан и голем сервис за крај на месецот.





Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #51 на: 12 Јуни 2024, 11:56:32 am »
Папучи имаш у опрема,за тие шо се возаат 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #52 на: 12 Јуни 2024, 12:59:03 pm »
Легнале како шамар на будала.  :)
Има разлика во дебелината или структурата со заменски, гледринг или петекс?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #53 на: 12 Јуни 2024, 13:58:43 pm »
Стварно не би знаел да ти кажам. Во поглед на претходните што беа платнени, овие се и потешки, и подебели.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #54 на: 28 Јуни 2024, 16:41:56 pm »
27 Јуни 2024-та, на 119000 направен голем сервис. 
  • Масло во мотор
  • Масло во менувач
  • Масло во диференцијал
  • Сите филтри
  • Глицерин
  • Сензор за истрошеност на плочки, предна лева страна
  • Водна пумпа
  • ПК Каиш
Дополнително проверено се околу моторот и подвозјето, да не има некое цурење, кабли да висат, луфт. Навидум, се во ред, нема никаков проблем. На враќање накај дома, пак ми се вклучи сензорот за истрошеност за плочките. Не знам дали сега и другиот е за менување, или нешто друго ја мачи колата. Рекоа од сервисот дека ке го решат проблемот. Една работа што ја забележав веднаш по излегување од сервисот е дека менувачот оди уште поглатко. Не ни забележав дека сум стигнал во 4-та.

Би сакал некој посаглам мајстор да ми го види подвозјето, левата предна страна има некој тап звук при помала брзина на нерамен пат, и можеби мене ми се причинуваат работи, ама за секој случај, би сакал некој што се разбира да го види. Така да, ако имате препорака за таков мајстор, давајте препорака.

Од ситни работи, ми остана да досипам АдБлу, и да ги ставам новите црни знакчиња напред и позади, зашто оригиналното АУДИ амблемче, не се фаќа на новата маска. Наредниот месец, полирање кај Даме здравје, па потоа да барам некој да ја реши кожата на воланот. 

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #55 на: 28 Јуни 2024, 18:43:15 pm »
Кај го правеше сервисот и како си задоволен?

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #56 на: 28 Јуни 2024, 20:49:43 pm »
Штом бара посалам мајстор, сигурно не е многу многу задоволен...инаку што е со кожата на воланот, можно е да е истрошена на 110К ?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #57 на: 28 Јуни 2024, 22:06:03 pm »
Лошо се изразив. Ми треба мајстор кој работи строго со подвозје на коли. Визуелната проверка на подвозјето и јас ја гледав, не видов ништо невообичаено или некој чуден звук кога колата е крената. Го има тоа тропнување само на помали брзини, па затоа и ми треба некој кој е експерт за тоа, да ми каже дали јас "слушам" звуци, или стварно има нешто што треба да се санира. 

Првичниот план да го правам големиот сервис ми беше во Србија, ама не успеав никако да се договорам со тој сервис, луѓево едноставно не враќаат на пораки, претпоставувам заради преголем интерес, а и веројатно не сервисираат дизели. Па сервисот го направив кај Саше, Др. Ауто. Се беше професионално од нивна страна, немам никакви забелешки, се си беше по договор.

Кожата на воланот настрада при едно хемиско чистење пред околу година дена, момакот веројатно запнал повеќе од потребното, па симнал додатен слој.

 

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI
« Одговори #58 на: 03 Јули 2024, 10:43:40 am »
Лошо се изразив. Ми треба мајстор кој работи строго со подвозје на коли. Визуелната проверка на подвозјето и јас ја гледав, не видов ништо невообичаено или некој чуден звук кога колата е крената. Го има тоа тропнување само на помали брзини, па затоа и ми треба некој кој е експерт за тоа, да ми каже дали јас "слушам" звуци, или стварно има нешто што треба да се санира. 

Го имав истиот проблем на мојата А5, некој лим околу мотор беше олабавен.
Never drive faster than your Angels can fly.