Mazda CX-7 е малце проблематична, пошто те лаже за големината нејзина, т.е. не се осеќа колку е голема. Додека ја возиш, имаш осет дека возиш Мазда 3, а не толкав кросовер или СУВ или што и да е. Може да биде проблематично во „потесни“ ситуации, коа ќе ја потцениш големината на колата
Башка, детаљ шо ме откина од нервоза... Најскапата варијанта ја возев, со убаво дизелче, и све убаво направено, одлично се понаша колиштето, ама да му се плукнам, на таква изведба, туриле рачки за врата од груба, никаква пластика... Па добро бе да му се плукнам... Ако до толку е проблем да бидат хромирани или нешо слично, тури барем имитација некоја, или поинаква пластика некоја, а не нешто извадено од виљушкар... Комплетно руши филм.