Автор Тема: Mazda CX-7  (Прочитано 4250 пати)

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Mazda CX-7
« на: 12 Декември 2011, 20:04:10 pm »
Некој да има или да знае некој што има Мазда CX-7? Ми треба некој да ми каже како вози, искуства и сл. Бев прееска во Мазда салонот (ако може да се нарече салон), и ми рекоа може само да се нарача, цена и пријатно.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #1 на: 13 Декември 2011, 00:31:48 am »
Добро е што и тоа ти кажале во Мазда :). Иначе го имам возено, добра вожња има стварно, доста помалце се осеќа висината од рецимо Аутлендер и доста добар ми се виде моторот, но повеќе нека каже некој што го има повеќе извозено. Јас едвај 15км да направив.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #2 на: 13 Декември 2011, 00:44:14 am »
Баш прееска ме прашуваа за CX-7. Моите импресии се: Одлично возило, никогаш не би го земал ради дилерот. Ја многу малку го имам возено, али импресиите што ми ги остави се многу добри.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #3 на: 13 Декември 2011, 01:08:25 am »
Почна да се премислува татко ми за следно возило место кола да купи SUV, за да влегува и излегува полесно од него. :) Ни фати Маздава око ама работата е како да го купиш ако го нема да го пробаш?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #4 на: 13 Декември 2011, 02:54:18 am »
Почна да се премислува татко ми за следно возило место кола да купи SUV, за да влегува и излегува полесно од него. :) Ни фати Маздава око ама работата е како да го купиш ако го нема да го пробаш?
Има една во Бт,дојди ке те однесам кај чоекот и ке му речиме да ни ја даде да ја провозиме  ;D ;D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #5 на: 13 Декември 2011, 07:52:48 am »
Абе има неколку и по Скопјево, ама не можам да ги застанам и да ги распрашам луѓето што како. Многу се брзи :D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #6 на: 13 Декември 2011, 09:19:22 am »
Се продаваше една Скопска, јави му се и направи тест вожња

http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/663183?searchID=4186619&Idx=1

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=77220

Ако не се продадени може ќе ти се потрефи да пробаш една...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #7 на: 13 Декември 2011, 09:28:59 am »
Таа што се продава е одлична понуда, практично за помалку од пола цена од што е купена. И потрошувачката и е многу пристојна за таа моќност благодарение на тоа што е турбаш со директно вбризгување.

Сопругот на колешката која седи до мене во канцеларија има СХ-7, но не сум сигурен кој мотор и слично. Ако сакаш ќе прашуваме за повеќе детали.

На крај, возилото е феноменално, но дилерот е катастрофа. И јас не би купил ни штраф од Мазда во Македонија единствено поради дилерот. Ако ти се случи некоја незгода со возилото ќе треба да одиш до Бугарија или Грција за дел бидејќи шупциве ќе ти го носат со месеци, да не речам години.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #8 на: 13 Декември 2011, 09:58:10 am »
и спремисе и колата да ти ја донесат после 1 година, другар за 6-ка се уби чекање денес утре денес утре, тиња се невидена

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #9 на: 13 Декември 2011, 10:00:36 am »
Mazda CX-7 е малце проблематична, пошто те лаже за големината нејзина, т.е. не се осеќа колку е голема. Додека ја возиш, имаш осет дека возиш Мазда 3, а не толкав кросовер или СУВ или што и да е. Може да биде проблематично во „потесни“ ситуации, коа ќе ја потцениш големината на колата :)

Башка, детаљ шо ме откина од нервоза... Најскапата варијанта ја возев, со убаво дизелче, и све убаво направено, одлично се понаша колиштето, ама да му се плукнам, на таква изведба, туриле рачки за врата од груба, никаква пластика... Па добро бе да му се плукнам... Ако до толку е проблем да бидат хромирани или нешо слично, тури барем имитација некоја, или поинаква пластика некоја, а не нешто извадено од виљушкар... Комплетно руши филм.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Mazda CX-7
« Одговори #10 на: 13 Декември 2011, 13:17:34 pm »
Како што гледам сите се жалат од застапникот. И други ми збореле за тоа дека е катастрофа. Кога прашав вчера ми рекоа дека ако се нарача би дошла некаде јануари или почеток на фебруари. Само нема шанса на слепо да се решам за купување. Многу се нервирам што немаат тест возила нашиве застапници. А Мазда не се единствените. Па не е ново чоколадо ова па работава ај ќе го пробам дали е добро.

Во секој случај им благодарам на сите за помошта, тоа што ме интересираше ми го одговоривте, дека вози одлично.