Автор Тема: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)  (Прочитано 1786 пати)

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« на: 09 Март 2024, 18:34:55 pm »
Здраво, веќе имам пишувано на форумов за колава и у план ми беше да ја направам темава одамна, па после саботно перење ја сликав и ете

Skoda Octavia 1.9tdi со 77kw и 105hp, купена во 2012 од Порше Македонија(тогашна Бохемија Автомобили) со 72.000 километри, користена како деловно возило на фирмата. Моментално има поминато 175.900км. Претежно е возена во град и низ Македонија, просечна потрошувачка 7.5л во лето, 7.7-7.8/л во зима

Го има Elegance пакетот на опрема:

ABS
Електрика на ретровизори
Греачи на ретровизори
Cruise control
Предни/задни магленки
Електрика на сите прозори
Централно заклучување
Резервно тркало
Двозонска клима Климатроник
Борд компјутер
Клима во glovebox
Централен armrest со клима
Stream CD/MP3 радио
Метални прагови
Sun shaders на задни прозори
Lip spoiler(мислам дека е единствена октавија што ја имам видено кај нас со ваков спојлер, или било каков :))


Редовно сервисирана, од поголеми поправки ми текнуваат само неколку, поголемиот број од нив се случија лани:

- Сменета брегаста осовина
- Нов фабрички браник и фарови
- Сменета АБС пумпа
- Сменет тапацир на кров

Ентериерно почна да ги покажува годините, во план ми е направам делумна реставрација, тоа е и една од причините за темава, ваши препораки/совети каде можам да најдам материјали/делови.
Во првичен план ми е:
- Нов тапацир на вратите(на задната десна се откачи пред месец дена)
- Нова топка на мењач
- Стругање и полирање на воланот(или по можност MFSW волан да купам од суперб или октавија)
- Нова пластика за контролите на прозори
- Ново радио или инсталирање на bluetooth во постоечкото радио
- Нови лајсни/фарбање на старите

Доколку некој знае каде можам да најдам стари делови, текстил за вратите, пишете ми тука или во ПП





















П.С. Во тефтеров е бележено секое точење гориво, мал/голем сервис, промена на гуми итн, мала носталгија за цените на гориво


« Последно менување: 09 Март 2024, 18:44:54 pm ivanduk »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #1 на: 09 Март 2024, 21:24:08 pm »
Imash aplikacija fuelio nemorash vaka dojdi vo 2024ta godina

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #2 на: 09 Март 2024, 21:57:32 pm »
Одлична кола, со најпосакуваниот мотор, 1.9 тди.

За "реставрацијата" :

1. Копчињата, можеш да ги пратиш модулите/деловите, кај неколку души, кои се занимаваат со поправка на "избледени/изгребани" симболи на копчиња. (Ги имаш на фб, 3/4 души во Скопје)
2. Рачката од мењачот и воланот, замени ги од некој што растура коли. Можеш дури и фејслифт волан да ставиш. Верувам ќе добие друг лик колата.
3. Тапацирите, или ти сам да ги лепиш, или тапацер ќе ги среди. А и тапацерот ќе ти изработи и кожинки за менувачот и рачната кочница.
4. Лајсните, фарбање.
5. Радио : Ако имаш финансии, стави некое "по ново", рцд 510 пример.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #3 на: 12 Март 2024, 21:50:03 pm »
Одлична кола, со најпосакуваниот мотор, 1.9 тди.

За "реставрацијата" :

1. Копчињата, можеш да ги пратиш модулите/деловите, кај неколку души, кои се занимаваат со поправка на "избледени/изгребани" симболи на копчиња. (Ги имаш на фб, 3/4 души во Скопје)
2. Рачката од мењачот и воланот, замени ги од некој што растура коли. Можеш дури и фејслифт волан да ставиш. Верувам ќе добие друг лик колата.
3. Тапацирите, или ти сам да ги лепиш, или тапацер ќе ги среди. А и тапацерот ќе ти изработи и кожинки за менувачот и рачната кочница.
4. Лајсните, фарбање.
5. Радио : Ако имаш финансии, стави некое "по ново", рцд 510 пример.

За копчињата нарачав нов модул од delmak, во петок треба да стигне.
За волан досега најдов само MFSW од стара октавија, првичниот план ми беше да ставам MFSW од октавија/суперб 2 FL, ама да имам MFSW треба изгледа и нов control module да се купува, што све заедно би коштало околу 400-500 евра, а толку пари не ми се инвестираат особено поради тоа што не ни е у план уште долго да ја  имаме  колава. Радиото иста приказна, најдов bluetooth to aux адаптер кој се приклучува за aux пинот на фабричкото радио, тоа би ми било доволно.

https://www.facebook.com/p/X-treme-Pro-Detailing-100057614312289/

Некој искуство со местово? Зборев со дечкото ми рече за еден ден ќе ги заврши, 900ден/врата. 

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #4 на: 12 Март 2024, 23:54:47 pm »
Imash aplikacija fuelio nemorash vaka dojdi vo 2024ta godina

Така праев и јас пред 10тина години, на крај ми отидоа јабана податоците. Тетратчињата стојат. Олд скул си е олдскул.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #5 на: 13 Март 2024, 02:18:06 am »
А комбинација?
Јас редовно си правам бекап на гугл драјв.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #6 на: 13 Март 2024, 07:33:22 am »
Сеа тоа ќе мислам. Дали имало бекап, немало, имало, за нешто што треба исто толку време да го запишам во тетратка.

Од 2011/12 некаде сите коли што ги имам и сум ги имал си водам вака евиденција. Гориво, сервиси сè ми е запишано.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #7 на: 13 Март 2024, 07:34:57 am »
Разбирам да се води евиденција за сервиси што кога е сменето, ама ова со горивово не гледам употребна вредност.
За месец дена возење се дознава колку е жедна било која кола и потоа секогаш танкирање до врв и  возење без секирации :)

Или бекап на карклуб.
Пример, во возила на членови апдејтување на секое точење 500че, 5/10 пати у месецот или посебна тема за кој, колку, кога наточил ;D

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #8 на: 13 Март 2024, 09:20:14 am »
Разбирам да се води евиденција за сервиси што кога е сменето, ама ова со горивово не гледам употребна вредност.
За месец дена возење се дознава колку е жедна било која кола и потоа секогаш танкирање до врв и  возење без секирации :)

Или бекап на карклуб.
Пример, во возила на членови апдејтување на секое точење 500че, 5/10 пати у месецот или посебна тема за кој, колку, кога наточил ;D
Валда за да си има евиденција колку пари му троши колата. Само можеше да го користи фуелио, многу по брзо и по едноставно, со куп статистики.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #9 на: 13 Март 2024, 21:03:10 pm »
Jas na fuelio si gledam istorija kolku pari sum potroshil na gorivo ovaa godina, lani i slicno. Interesno e kako podatok ne deka neso ke mi smeni

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #10 на: 13 Март 2024, 21:05:35 pm »
Или како мене колку пари на сервис си потрошил?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #11 на: 13 Март 2024, 21:13:01 pm »
Pa taka nekako

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #12 на: 13 Март 2024, 21:26:34 pm »
За мои статистички потреби си водам евиденција за буџетските приходи и расходи каде е вклучено и горивото, ама не водам евиденција на која километража е наточено горивото и колку километри сум изминал со истото.
За мене е тоа непотребна егзибиција.

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #13 на: 29 Март 2024, 17:37:55 pm »
Сменет тапацир на врати кај Extreme Pro - Кисела Вода





Следно е чистење на "гумената" облога на дршките за раце.

За тетратката со гориво/километража, татко ми ја пишуваше пред да ми ја даде колата, ја продолжив, го гледам само како гаранција плус да го покажам кога ќе се продава колата

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Skoda Octavia 1.9tdi (2006)
« Одговори #14 на: 12 Април 2024, 23:18:37 pm »
Колку тетратки има испишано до сега?  :D