Автор Тема: Хомологација - Единечно одобрување без COC за возила без ЕУ типско одобрување?  (Прочитано 18501 пати)

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Таман ќе се појави некоја позитивна промена, Македонија мора одма да усере некако.

Веќе скоро цела недела чекам одговор дали може да се издаде технички лист за конкретно возило преку новиот застапник на ТÜВ Реинланд во Македонија - Велмар. Толку ли е тешко да се одговори на еден емаил?

Во меѓувреме, од ПСС, кои се новите застапници на ДЕКРА, добив одговор дека не издаваат сертификати за корејски возила. Малку чудно. Не дека преку ДЕКРА се издаваат сертификати и потврди за корејски увозни возила во Бугарија и сите други европски земји.

Додека чекав одговор од Велмар, директно се обратив до официјалниот ТÜВ Реинланд за истото возило, со истите податоци што претходно ги испратив и до ПСС/ДЕКРА.

Добив позитивен одговор дека за конкретното возило може да се издаде технички лист / сертификат, по цена од 260 евра, кој може директно да се испрати на домашна адреса.

Следниот чекор е да се обратам директно до DEKRA Бугарија и да го побарам истото што го побарав и од ПСС DEKRA. Баш ме интересира каков одговор ќе добијам од нив.

Не се откажуваме...


Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Update на темава. Ако некој воопшто има компас во Македонија


Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Update на темава. Ако некој воопшто има компас во Македонија



Чив одговор е ова? Ова е стариот закон кој веќе не важи од Септ 2025та.

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Update на темава. Ако некој воопшто има компас во Македонија



Чив одговор е ова? Ова е стариот закон кој веќе не важи од Септ 2025та.

Да, ова е од стариот закон.

Од февруари 2026 може да се одобруваат и возила без ЕУ типско одобрување, со техничка потврда или теxнички лист од производител, застапник или независна институција. Во јули се овластени ВЕЛМАР/ТÜВ и ПСС/ДЕКРА за издавање или доставување на вакви потврди.

ПСС /Декра не издавале потврди за корејски возила... не верувам дека разбраа за што точно ги прашувам..

Велмар /ТÜВ дури после неколку недели ми одговорија дека немаат систем за проверка, па затоа мора да платите 6.000 и ако го има во базата на податоци ќе се изработи......


« Последно менување: денес во 12:25:16 portimao »