Земаш фактура за колата.
Најбитно,бриф(голема сообраќајна),сообраќајна,колата мора да има ТУВ за да извадиш Цол табли(ако ја слегуваш надолу со возење),за на камион не ти треба ТУВ и не ти требаат ЦОЛ табли(имање важечки ТУВ значи дека горе долу е исправна).
Еур 1 од Германија нема шанси да добиеш(скоро невозможно).
Зависи како ќе се договориш со фирмата,ако ја платиш со се данок,ќе треба да извадиш извозна декларација(Т1),кое ќе го завериш на излез од ЕУ(Унгарија или Хрватска) па одкако ќе ја цариниш во Мк ќе им пратиш доказ во фирмата дека колата ја напуштила ЕУ и дека е царинета и регистрирана во Мк ќе ти го вратат ддв-то.
Граници ќе поминиш со возење.Дел од услугите ги бркаат и плацевите,тоа ќе се договориш со нив.