Малку доцнам со реакција, но ради обврски едино можам викенд да гледам аута.
Успеав во овие две недели да ги погледнам сите, седнам, провозам, прочитам ...
Да бидам искрен и јас во старт влечев накај Фокусот, лепша половина повеќе накај Пежо.
Мојот избор е претежно поради изгледот на ентериерот и фактот дека има едно од да речам „поживите“ возења.
Сопружата си влече од практична гледна точка (задна клупа, фиока на сувозач дали удира во нозе, „леле што е убава“ ефект и сл.
Искрено се понадевав дека ќе добијам од форумов повеќе инфо, со оглед на тоа дека се релативно добро застапени аутава кај нас.
Морам да признаам дека Опелот К воопшто не е лоша опција само што не ми се реални цениве, доста поскап во однос на другиве.
Хјундаи начекав мноооогу добро сочуван примерок, со сервисна книшка и сите салтанати али најмалку знам за овие коли а плус и нема нешто посебно опрема (нема ни голем дисплеј)
...